ФАКТОР ДОЗНАВА НЕОФИЦИЈАЛНО: Софијанова повторно на чело на Детската клиника, разрешени и Жан Зимбаков од Кардиологија и Андоновски од Козле
Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2020 08:29
Големи промени во
директорските фотељи во неколку клучни клиники во Скопје и Институтот за
белодробни заболувања кај децата „Козле“. Фактор неофицијално дознава веќе им е
соопшттено дека се разрешени од функциите директори, д-р. Наташа Алуловска од
Клиниката за детски болести во Скопје, Жан Зимбаков од Клиниката за
кардиологија, како и диркторот на Институтот за белодробни заболувања „Козле“,
д-р. Ангелчо Андоновски.
Според изворите на Фактор, Алуловска и Андоновски решенијата за нивна смена треба да ги потпишат денеска.
Неофицијално, на местото на Алуловска повторно ќе дојде, д-р. Аспазија Софијанова.
Истовремено, се уште актуелниот директор на Институтот за белодробни заболувања, д-р. Андоновски вели дека се уште нема решенија за смени, односно дека имаат менаџерски договори, заради што мора да си дадат оставка, а како што вели, тоа од нив никој не го побарал.
Некои од упатените за Фактор велат дека и покрај нивното разрешување од функциите, сепак во изминатиот период, во кој Македонија се соочуваше и се уште се бори со епидемијата на корона кризата, тие како менаџери на овие клучни здравствени установи покажаа успешни резултати.
Засега на директорските места остануваат д-р. Христијан Костов во ГОБ „8 Септември“, како и д-р. Милена Стевановиќ на Клиниката за инфективни болести.
А.Б.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




