Добивај вести на Viber
Каде ќе летува македонскиот политички врв? Фактор анкетираше дел од министрите, градоначалниците и директорите. Едни одговорија скромно дека нема да летуваат или пак дека се уште немаат испланирано. Некои ја посочија Македонија како дестинација, но само за викенди. Во одгворите нема најава за луксузни туристички дестинации. Сепак, дел иако беа прашани воопшто не одговорија што планираат.
Од кабинетот на премиерот Никола Груевски велат дека се уште нема прецизирано дали и каде тој ќе летува оваа година.Минатата година Груевски со семејството беше во Фетије во Турција, каде престојуваше по покана од турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Лидерот на најголемата опозициска партија СДСМ - Зоран Заев годинава вели дека ќе оди една недела во Турција.
Спиро Ристовски, министер за образование
„Искрено, не знам дали ќе одам на летување. Промената на ресорот ми направи да не можам да се ослободам така лесно. Но, ако имам и најмала шанса, како и секоја година ќе одам со семејството во Хрватска“, изјави министерот Ристовски за Фактор.
Миле Јанакиески, министер за танспорт и врски
„Се уште немам одлучено даки и каде би одел, бидејќи имам многу мало дете кое има само два и пол месеци“, вели министерот Јанакиески.
Владимир Пешевски, вицепремиер за економски прашања
“Не одговрам на прашања поврзани со мојот приватен живот“, ни напиша во смс пораката, вицепремиерот Пешевски.
Ваљон Сараќини, министер за економија
„Годинава нема да одиме никаде. Имам мало дете, но и многу обврски. Од друга страна пак, доаѓаат Рамазанските празници, така што годинава остануваме дома“, изјави Сараќини за Фактор.
Диме Спасов, министер за труд и социјлна политика
„Поради работните обврски се уште не знам точно кога и каде ќе заминам на летување. Но најверојатно тоа ќе биде или некаде во Македонија или во Црна Гора, изјави Спасов за Фактор.
Зоран Заев, претседател на СДСМ
„Со семејството оваа година ќе одиме најверојатно во Турција. Со оглед на партискиот ангажман ќе останеме една недела“, изјави за Фактор Заев.
Абдулаќим Адеми, министер за животна средина
„Јас сум веќе на одмор во Турција. Оваа година порано од здравстевни причини, поради кои лекарите ми препорачаа море. Се враќам на работа на 3 јули. Инаку претходните две годни не сум бил на летување“, изјави министерот Адеми за Фактор.
Зоран Коњановски, министер за земјоделие
„На одмор ќе одам една недела. И тоа третата во август. Традиционало летниот одмор го поминувам во Турција“, изјави за Фактор министерот Коњановски.
Фатмир Бесими, министер за евроинтергарции
„Оваа година со семејството ќе летувам или во Хрватска или во Турција“, изјави Бесими.
Владимир Талески, градоначалник на Битола
„Се уште немам конкретен план, но секако размислувам за краток одмор. Најверојатно тоа ќе биде една недела одмор во Црна Гора. Доколку имам можност тоа да го искомбинирам да биде во ист период со филмскиот фестивал во Херцег Нови, тоа би било полн погодок“, изјави за Фактор градоначалникот Талески.
Илчо Захариев, градоначалник на Штип
„Четири години по ред не одам на одмор и веројатно така ќе биде и оваа петта година по ред“, кратко одговори градоначалникот Захариев.
Ивица Коневски, градоначалник на општина Аеродром
„Се уште не знам. Многу е рано“, одговори градоначалникот Коневски на прашањето на Фактор, дали и каде ќе оди на летување годинава.
Стефче Трпковски, градоначалник на Сопиште
„Оваа година, летниот одмор со семејството ќе го поминеме на охридското крајбрежје. Некоку дена ќе бидеме во Свети Наум“, изјави градоначалникот Трпковски.
Виктор Мизо, директор на ТИРЗ
„Последниве неколку години не сум бил на типичен одмор. Но како и претходните години, планирам да „ украдам“, неколку викенди во Охрид“, напиша Мизо во својот одговор.
Ванчо Каргов, Директор на Царинска Управа
„Поради работните обврски се уште не знам, ниту пак сум планирал каде , кога или колку денови ќе имам одмор. Но секако, нема да биде поразлично од претходните години“
Бујар Османи, портпарол на Дуи
„Нема да летувам оваа година бидејќи имам едномесечна ќерка и уште е рано неа да ја носиме на одмор. Ќе прескокнеме годинава“, изјави Османи за Фактор
Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ
„Тешко ќе биде ова лето, за одмор со оглед на обврските во партијата. Сепак ако некаде одам тоа ќе биде три до четири дена со семејството или во Македонија , Грција или Албанија. Сепак се зависи од ситуацијата„ изјави Манчевски .
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.