ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ахмети славеше роденден - надлежните ќе истражуваат дали се почитувале протоколите
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 05 Јануари, 2021
АХМЕТИ СЛАВЕШЕ РОДЕНДЕН, НА ФОТОГРАФИЈАТА СИТЕ СЕ БЕЗ МАСКИ
Свеченото отворање на новата зграда во која се всели Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците го искористи првиот вицепремиер Артан Груби со сите владини функционери на ДУИ да му организира роденденска прослава на партискиот лидер Али Ахмети.
Владата ја купи оваа зграда во вредност од 14 милиони евра која ја изгради Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, а вчера таму со својата работа започна министерството под водство на Груби.Највисоките функционери на ДУИ денеска во јавноста излегоа со опширни образложенија зошто се сликаа без маски во затворен простор по повод роденденот на нивниот лидер Али Ахмети, организиран токму во просториите на Министерството за политички систем, кое во истиот ден претходно беше отворено со почести и во присуство на премиерот Зоран Заев.
ДЕНЕС ИМА 9 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНА
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2431 тестирања, а регистрирани се 580 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-254, Куманово-32, Дебар-10, Штип-12, Прилеп-30, Тетово-21, Струга-7, Велес-28, Битола-23, Охрид-23, Кавадарци-30, Гостивар-18, Гевгелија-15, Струмица-17, Крива Паланка-7, Радовиш-1, Кочани-6, Пробиштип-3, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-9, Валандово-3, Виница-1, Свети Николе-1, Кичево-12, Ресен-5 и Неготино-9.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 572 оздравени пациенти од: Скопје-162, Куманово-30, Дебар-1, Штип-20, Прилеп-59, Тетово-14, Струга-36, Велес-30, Битола-26, Охрид-27, Кавадарци-17, Гостивар-15, Гевгелија-20, Струмица-18, Крива Паланка-15, Радовиш-14, Кочани-11, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-6, Валандово-6, Виница-2, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-5, Ресен-6 и Неготино-23.
Починати се 9 лица, тројца пациенти од Скопје (88,71 и 77г), еден од Битола (73г), тројца од Струмица (71, 76 и 66г), еден од Кичево (86г) и еден пациент од Ресен (72г). Пациентите се починати во болнички услови.МВР ДАДЕ НЕГАТИВНО МИСЛЕЊЕ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ИЗДАВАЊЕ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНСТВА
Министерството за внатрешни работи дало негативно мислење на предлогот-Закон за државјанство поднесен од албанските опозициски партии во Собранието, кој изминатиот период крена многу прашина во јавноста со мошне лесните критериуми потребни за да се стане граѓанин на Македонија со права и обврски.
Министерството за внатрешни работи, според своето мислење, обезбедено од Алсат, ги оспори спорните одредби во постојниот закон, за кои опозицијата бараше долгорочни решенија, во врска со олеснување на постапките за добивање државјанство.
Предлогот дозволува преку изјавите на тројца сведоци, граѓани кои живеат од 8 септември 1991 година во Северна Македонија и кои претходно живееле во една од државите на поранешна југословенска република по усвојувањето на законот, да можат да поднесат барање за државјанство, или како резултат на процесот на натурализам.УАПСЕН ВЕВЧАНЕЦОТ КОЈ СЕ ЗАКАНУВАШЕ НА ЗАЕВ И ПЕНДАРОВСКИ
Уапсен е вевчанецот кој на социјалните мрежи објави видео на кое јавно испраќа смртни закани до премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски. Според објавеното, извесен г-дин Поповски од Вевчани јавно повикуваше на убиство на водечките функционери во државата.
„Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, на 04.01.2020 полициски службеници од ОВР Струга од слобода го лишија Г.П.(45) од Вевчани. Тој, на својот „Фејсбук“ профил, како и на повеќе електронски портали, објавил видео клип со заканувачка содржина, промовирал и поттикнувал омраза, дискриминација и насилство кон други лица“, објави МВР.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.