ФАКТОР НА ДЕНОТ: Антикорупциска ќе бара одговорност за Демири, велат незаконски ги разрешил Шокаровски и Петровски
Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2024
АНТИКОРУПЦИСКА ЌЕ БАРА ОДГОВОРНОСТ ОД ДЕМИРИ
Државната комисија за спречување корупција ќе покрене иницијатива за утврдување одговорност во постапките на министерот за здравство, Илир Демири по неговата одлука да ги разреши директорите на Токсикологија и на Кардиохирургија.
ВЛАДАТА ПРЕПОРАЧА ПОРАДИ ТОПЛОТНИОТ БРАН ДА БИДАТ ОСЛОБОДЕНИ ОД РАБОТА БРЕМЕНИТЕ ЖЕНИ И ПОСТАРИТЕ ОД 60 ГОДИНИ
По 25. седница, Владата излезе со препораки до граѓаните и работодавачите поради најави за топлотен бран од утре.
Владата на Република Северна Македонија, на барање на Министерството за здравство, одржа вонредна седница, поради најавите за топлотен бран во државава и донесе соодветни препораки.
Од Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи се добиени информации дека на 11.06.2024 (вторник) и 12.06.2024 година (среда), територијата на градовите Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран ќе биде зафатена од високи температури од портокалова фаза.
Владата ги усвои препораките од Министерството за здравство за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението за територијата на градовите Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран, за деновите 11.06.2024 (вторник) и 12.06.2024 година (среда), согласно коишто е предвидено:
ПАДНА ПОТПОРЕН ЅИД ВО КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР
Центарот за управување со кризи информира дека е накосен потпорниот ѕид на Детската клиника во Клинички центар, а утрото стигнала пријава дека дел е срушен.
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, вели дека з аова предупредувал една година, но дека не наишол на слух од институциите.ДЕСНИЦАТА ЗАЈАКНА НА ЕУ ИЗБОРИТЕ
По бурната и брза одлука на францускиот претседател Емануел Макрон, да го распушти Собранието и да распише предвремени избори се огласи и лидерката на опозицијата.
Лидерката на француската екстремна десница, Марин Ле Пен ја поздрави одлуката на Емануел Макрон да распише предвремени избори.
Да потсетиме, францускиот претседател Емануел Макрон го распушти Националното собрание и најави предвремени избори по поразот кој го доживеа на вчерашните избори за европски пратеници.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
На РЖ услуги, скопска компанија, по се изгледа дека не им оди добро во последниов период.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.