26 Ноември, 2024
0.0281

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарија на попушта, Македонија пак бележи 515 нови заразени

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 09 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

БУГАРИЈА ПРИФАТИЛА НОН - ПЕЈПЕР, НО СЕ ПРЕМИСЛИЛА

Новинар објави каков нон пејпер прифатила Бугарија неодамна на средбата во Берлин, но потоа се повлекла. 

Македонија и Бугарија постигнале договор за надминување на најавената блокада во Европската Унија на минатонеделниот состанок во Берлин,  тврди австрискиот новинар Кристијан Фердинанд. 

Тој денеска на својот Фејсбук профил го објави неформалниот документ кој го договориле македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи и неговата бугарска колешка, Екатерина Захариева.

Но, официјална Софија се премислила во последен момент. Во документот составен од девет точки главниот компромис е направен во однос на македонскиот јазик.

Екатерина Захариева,  министерката за надворешни работи на Бугарија, на заедничката онлајн-конференција со шефовите на дипломатиите на Македонија и Германија - Бујар Османи и Хајко Мас во рамките на Берлински Процес рече дека физичките врски помеѓу Скопје и Софија се на незадоволително ниво.

Бугарите се големи провокатори, изјави денеска екс министерот за здравство, Никола Тодоров во Студио 10 на ТВ 24.

„Замислете, ние да влезевме пред 25 години во ЕУ, да го решевме спорот со Грција. И тогаш ние ќе и поставувавме блокади на Бугарија, како што тие сега прават. Овој спор нема да биде едноставен и премиерот Заев треба да биде многу внимателен“, рече Тодоров.

Вели дека премиерот Зоран Заев ќе погреши доколку ги залади односите со Бугарија.

ЗА 24 ЧАСА ИМАМЕ 515 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1293 тестирања, а регистрирани се 515 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-207, Куманово-33,  Штип-33, Прилеп-25, Тетово-17, Велес-21, Битола-22, Охрид-3, Кавадарци-16, Гостивар-16, Струмица-17, Крива Паланка-8, Радовиш-7, Крушево-1, Кочани-21, Пробиштип-7, Демир Хисар-3, Пехчево-2, Берово-10,  Виница-2, Делчево-11, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-18, Неготино-12. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1194 оздравени пациенти од: Скопје-508, Куманово-41, Дебар-9, Штип-50, Прилеп-80, Тетово-69, Струга-17, Велес-60, Битола-28, Охрид-37, Кавадарци-43, Гостивар-31, Гевгелија-19, Струмица-41, Крива Паланка-42, Радовиш-7, Кочани-30, Пробиштип-13, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Пехчево-3, Берово-5, Валандово-4, Виница-1, Делчево-1, Кратово-4, Свети Николе-13, Кичево-24, Ресен-4, Неготино-7.

Починати се 20 лица, тројца пациенти од Скопје (63, 67 и 75г), двајца од Куманово (85 и 62г), еден пациент од Штип (53г), двајца од Прилеп (38 и 46г), двајца од Тетово (36 и 55г), еден од Битола (79г) и еден од Охрид (74г), двајца пациенти од Гостивар (69 и 58г), четири пациенти од Струмица (70, 63, 48 и 65г), еден од Крива Паланка (67г) и еден пациент од Крушево (54г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

НЕМА ПОВЕЌЕ ГРУПИРАЊА НА ПОВЕЌЕ ОД 4 ЛИЦА ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ

Владата на денешната 18-та седница донесе одлука за забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор. 

Ова се однесува за паркови, јавни површини или било каде на отворен простор и наместо по 21 часот забраната ќе трае во текот на целиот ден, цела седмица и со точно дефинирани исклучоци од оваа забрана.

„Беше заклучено поранешни армиски службеници, над 45-годишна возраст, да се вклучат како поддршка на Министерството за здравство во делот на одржувањето на редот на здравствените институции“, информираат од Владата.

ВО СРБИЈА ЌЕ СЕ ПАТУВА БЕЗ ПЦР ТЕСТ

Македонските граѓани ќе може да патуваат во соседна Србија без ПЦР-тестови, што е дел од Договорот кој денеска со Меморандум го потпишаа Зоран Заев и неговиот албански колега, Еди Рама, како и српскиот претседател Александар Вучиќ. Поради сличната епидемиолошка состојба во Македонија, Албанија и Србија, одлуката за проток на патници само со важечка лична карта е од огромен бенефит за регионалната економија, посочија балканските лидери на денешната онлајн средба.

-Инфекциите не познаваат националности и државни граници, затоа е многу важно да не ги затвораме границите меѓусебно. Туку заеднички да ја пребродиме кризата, исто така да продолжиме со нашата трговска размена, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.

АНТИКОРУПЦИСКА ВЕЛИ ДЕКА НЕ МОЖЕ УСТАВНИТЕ СУДИИ САМИ ДА СИ ГИ ЗГОЛЕМУВААТ ПЛАТИТЕ

Ќе го разгледува случајот и ќе утврдува дали може уставните судии со измена на деловник на рабта да си доделат надоместоци на плата. Државната комисија за спречување на корупцијата се вклучува во случајот - на 22 октомври годинава Уставниот суд одлучил на судиите да им се исплатува за 35 отсто повисоки додатоци на плата. Претседателката Билјана Ивановска вели дека тоа на таков начин не е можно. 

„Факт е дека треба закон за работење на уставниот суд. Исто така и разбирам дека тие работат по деловник стар од 91. година. Неодамна уставниот суд го променил Деловникот и земал одредба од законите кои ги третираат тие права, но не може ништо да се уредува со Деловник, ако истото тоа треба да се уреди со закон“, истакна Ивановска.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Меѓу најавите за нови карантини односно локадаун на национално ниво, многу од земјите објавија дека имаат одлични економски резултати во третиот квартал годинава. Додека повеќето важни економски партнери на Македонија веќе влегуваат во ново затворање со што одлучија повторно на некаков начин да ја жртвуваат економијата на сметка на ублажување на ширењето на коронавирусот, во земјава уште се калкулира со други рестрикции.

Нето добивката на НЛБ Банка на крај на септември изнесува над 20 милиони евра што е за 13 отсто помалку од лани. 

Здравствените власти во текот на неделава најдетално ќе ја анализираат епидемилошката состојба, а во случај актуелните мерки да не ги дадат потребните резултати, не ја исклучуваат можноста за воведување на најригорозната рестриктивна мерка, полицискиот час.

Поранешниот претседател на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам, како пратеник од претходниот мандат во Законодавниот дом.добил исплата на две апанажи од Собранието четири дена откако починал. 

Короната значајно ја забави домашната економија, а тоа е очигледно и од работењето на домашните шпедиции. Гиганот меѓу нив „Фершпед“ годинава има пад на приходите од продажба за 19 отсто во споредба со истиот период лани и пад на нето добвката за 46 отсто.

Во нашата нова кампања сакаме да промовираме основачи на бизниси кои разбираат што значи да имаат познавање од дигитален маркетинг бидејќи им е потребно за развој на својот бизнис.

Бугарија веќе ги постави трите услови кои Македонија треба да ги вклучи во преговарачката рамка, а тоа се:  добрососедските односи да бидат критериум за членство на Македонија во ЕУ, да се користи официјалното уставно име на државата, а не краткото, и формулацијата за јазикот наместо „македонски јазик“ да биде „официјален јазик“ на земјата-кандидат.

Доколку Македонија наскоро не ги почне преговорите со Европската Унија поради блокада од Бугарија, младите во земјава ќе бидат разочарани и сите надежи за подобра и посигурна иднина ќе паднат во вода.

Политикологот Ивана Јордановска вели дека младите се иднината и тие ќе мора да живеат со последиците од денешните одлуки, било позитивни или негативни. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ