ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарија стави вето на преговорите, „Не“ за Македонија и „Да“ за Албанија
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 17 Ноември, 2020
БУГАРИЈА ГО БЛОКИРА ПРЕГОВОРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА СО ЕУ
Бугарската шефица на дипломатијата, Екатерина Захариева потврди дека ќе дадат зелено светло за Албанија, но не е и за Македонија.
„Република Бугарија може да ја одобри преговарачката рамка со Албанија, со оглед на тоа дека сметаме оти се исполнети многу од условите што беа одредени во март. Сепак, не можеме да го поддржиме тоа со Северна Македонија“, изјави попладнево Захариева.
Таа се обрати пред новинарите откако заврши денешната видео конференција на Советот за општи работи на ЕУ.
Таа тврди дека нема напредок во исполнувањето на Договорот за добрососедство кој беше потпишан летото 2017 година.
„Добрососедството треба да се базира на пракса, а не само на текст“, вели таа. Република Северна Македонија ќе има место во Европската унија кога ќе биде подготвена. Во моментов, Бугарија не смета дека е подготвена. Ова го изјави во утринската емисија „Денот започнува“ министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева.
РОТ ВЕЛИ СЕГА НЕ Е ВРЕМЕ ЗА МЕЃУВЛАДИНА КОНФЕРЕНЦИЈАОва не е време за почеток на првата меѓувладина конференција, изјави германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот
На Албанија и Македонија им порача дека тоа е долг пат со многу преговори.
Тој рече дека треба да се решат билатералните спорови.
Земјите-членки попладнево дебатира за Северна Македонија и за Албанија.ДЕНЕС 977 НОВИ ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2930 тестирања, а регистрирани се 977 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-503, Куманово-55, Дебар-1, Штип-14, Прилеп-45, Тетово-40, Струга-32, Велес-29, Битола-67, Охрид-40, Кавадарци-15, Гостивар-22, Гевгелија-10, Струмица-11, Крива Паланка-12, Радовиш-6, Крушево-4, Кочани-3, Пробиштип-3, Демир Хисар-4, Берово-1, Валандово-1, Виница-5, Делчево-3, Свети Николе-13, Кичево-14, Ресен-2, Неготино-22.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 843 оздравени пациенти од: Скопје-279, Куманово-43, Дебар-6, Штип-42, Прилеп-32, Тетово-79, Велес-35, Битола-65, Охрид-1, Кавадарци-15, Гостивар-49, Гевгелија-14, Струмица-39, Крива Паланка-6, Радовиш-12, Кочани-25, Пробиштип-13, Демир Хисар-6, Македонски Брод-1, Берово-6, Валандово-5, Кратово-10, Свети Николе-3, Кичево-36, Ресен-10, Неготино-11.
Починати се 31 лице, седум пациенти од Скопје (74, 78, 82, 51, 38, 60 и 64г), двајца од Куманово (76 и 67г), еден од Дебар (71г), двајца од Штип (62 и 67г), двајца од Прилеп (78 и 78г), двајца од Тетово (72 и 76г), двајца од Велес (78 и 78г), четири пациенти од Битола (71, 87, 44 и 67г), три од Охрид (65, 78 и 78г), еден пациент од Кавадарци (72г), еден од Гевгелија (56г), тројца од Кичево (47, 68 и 53г) и еден пациент од Неготино (74г).ЗА ФУЕРЕ БУГАРСКАТА ТАКТИКА Е НЕРАЗУМНА
Тактиката што во моментов ја користи Владата на Бугарија кон Северна Македонија е прилично неразумна и контрапродуктивна и може да има сериозни последици, не само за односите меѓу двете земји, туку и за целиот регион, и за политиката на проширување на Европската унија, смета поранешниот амбасадор на ЕУ во Скопје Ерван Фуере.
Пристапот на бугарската влада праќа лоша порака до земјите од Западен Балкан дека и тие можат да се соочат со целосна блокада на патот кон ЕУ, вели Фуере во интервју за Бугарското национално радио.
„Бугарија го користи своето членство во Европската унија за да наметне сопствено толкување на историјата, како и да инсистира на тоа дека нејзината верзија мора да биде прифатена од други земји пред да започнат пристапните преговори. И тоа е контрапродуктивно бидејќи ја поткопува политиката на проширување на ЕУ и оди целосно спротивно на принципите врз кои се базира европската интеграција и со кои Бугарија се согласи кога стана членка на ЕУ во 2007 година“, објаснува Фуере.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Поради иселувањето, сѐ потешко се наоѓаат добри професори по странски јазици.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.