ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции за интервјуто на Заев, а короната однесе уште 39 животи
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 25 Ноември, 2020
ИНТЕРВЈУТО НА ЗАЕВ ЗА БГНЕС ПОТТИКНА РЕАКЦИИ
„Гоце Делчев е револуционер, и за Бугарите, и за Македонците, кој што се борел и за слободата на Македонија“, и за одринско, и за се.. И тоа е апсолутна реалност, вели премиерот Зоран Заев во интервју за бугарски Бгнес.
На забелешката од новинарот дека тогаш не треба да има никаков проблем да се каже како се чувствувал Гоце Делчев, Заев вели.
„Така е. Ние ги имаме книгите, и тие книги треба да се објават и историчарите тоа да го потврдат, и целото тоа треба да го направиме на најубав начин - како да станеме уште подобри пријатели, уште повеќе да соработуваме, кај младите луѓе да створиме плус атмосфера за да го користат тоа минато како скалило за подобра иднина“, објаснува накедонскиот премиер.
Додава дека ние во земјава веќе, имаме сменето преку дваесетина табли во државата каде што стои бугарски фашистички окупатор.39 ПОЧИНАТИ И НАД 1.200 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3349 тестирања, а регистрирани се 1288 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-570, Куманово-57, Дебар-8, Штип-44, Прилеп-78, Тетово-56, Струга-28, Велес-32, Битола-53, Охрид-30, Кавадарци-30, Гостивар-85, Гевгелија-21, Струмица-34, Крива Паланка-5, Радовиш-13, Крушево-1, Кочани-28, Пробиштип-10, Демир Хисар-7, Македонски Брод -3, Берово-3, Валандово-2, Виница-11, Делчево-9, Кратово-3, Свети Николе-12, Кичево-22, Ресен-11, Неготино-22.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1078 оздравени пациенти од: Скопје-407, Куманово-33, Штип-32, Прилеп-36, Тетово-36, Струга-63, Велес-30, Битола-144, Охрид-52, Кавадарци-27, Гостивар-19, Гевгелија-10, Струмица-19, Крива Паланка-7, Радовиш-5, Крушево-4, Кочани-11, Пробиштип-5, Демир Хисар-3, Македонски Брод-2, Берово-3, Валандово-2, Виница-6, Делчево-7, Кратово-3, Свети Николе-12,Кичево-72, Ресен-14, Неготино-14.
Починати се 39 лица, шеснаесет пациенти од Скопје (79г., 80г., 54г., 70г., 68г., 54г., 68г., 82г., 84г.,68г., 76г., 75г., 71г., 60г., 73г., 56г.), двајца од Куманово (70г. и 62г.), еден пациент од Дебар (87г.), еден од Штип (71г.), тројца од Прилеп (86г., 76г., 68г.), четири пациенти од Тетово (53г., 72г.,67г., 66г.), двајца од Струга (68г., 69г), двајца од Велес (67г., 78г.), двајца од Охрид (68г., 73г.), еден пациент од Струмица (72г.), еден од Демир Хисар (65г.), еден од Берово (79г.), двајца од Кичево (60г., 41г.) и еден пациент од Неготино (40г.).ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАРА КАРАНТИН ЗА ПРИЛЕП
Прилепскиот градоначалник и лекар, Илија Јованоски, ќе бара карнтин за Прилеп, за да се ублажи лошата состојба во градот со коронавирусот.„Последните 9 дена има 26 починати, само вчера имаше само шест починати пациенти во Прилеп. По две недели од моето поаѓање на Инфективното одделение, упатив апел до сите здравствени работници кои немаат активности, во дел од слободното време да им помогнеме на здравствените работници. Знаевме дека ќе е вака, се спремаме за таканаречениот трет бран. Има место во болницата во Прилеп, има над 100 болнички кревети на располагање, а 50-тина болни користат дневна болница. Најголем број од пациентите се заразуваат од еден процент на граѓани кои не носат маски. Апелираме, ама одреден број на граѓаните не веруваат во нештото, не се придржуваат до протоколите. Ќе побарам до Централниот кризен штаб за Прилеп, мораме да имаме карантин, Прилеп по Скопје има најголем број заразени и починати“, изјави прилепскиот градоначалник Јованоски за Студио 10 на ТВ24.
ПАНОВСКИ СО АПЕЛ ДО НАДЛЕЖНОСТАМикробиологот, д-р. Никола Пановски денеска повторно преку својот профил на Фејсбук апелира до надлежните, пред се до Министерството за здравство дека во третманот на болните од ковид се даваат премногу антибиотици. Порачува да се преведат протоколите за Ковид-19, а како одлични ги споменува хрватските.
Во неговата објава пишува дека сепак е избегнато труење на пациентот, бидејќи како што вели, толку многу медикаменти, ниту здрав атлета не би ги издржал.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.