19 Декември, 2025
0.0793

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Четврти ден протести против францускиот предлог, демонстранти со камења и шишиња маваа кон полицијата, има повредени

Објавено во: Македонија 05 Јули, 2022 21:20

Добивај вести на Viber

ПРОТЕСТОТ ЕСКАЛИРАШЕ

Ескалира состојбата пред Собранието, на протестот против францускиот предлог. Има повредени полицајци. 

Демонстрантите ја урнаа оградата од пред Собранието. Маваат со факели, петарди, камења, шишиња и други предмети кон полицијата. Некои насилно влегоа на тревата пред Законодавниот дом.

ДЕМОНСТРАНИТЕ БАРААТ ОТФРЛАЊЕ НА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ, И ОСТАВКА НА ОСМАНИ

Пејачката Ребека пред Собранието пееше и се обрати пред насобраните граѓани. 

Таа изјави дека оние кои носат црни костумчиња, ако ставиле француски парфем, не се влезени во ЕУ. 

„Која мајка ве доела ве прашувам? Вие во Владата Македонци сте? Македонскиот народ е мирољубив, и никогаш никого не напаѓал, ние не ги уценуваме Бугарите“, рече Ребека. 

За власта рече дека одамна требаше да каже „Не“, а не да не доведе  во позиција на потчинетост. Таа го праша министерот за надворешни Бујар Османи, каде е роден, каде се школувал, каде завршил Медицински факултет. Порача дека прават башибозук овде.

„Срам да ви е! Оставка“, рече Ребека. 

ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ ОДИ ВО СОБРАНИЕ

Францускиот предлог оди во Собрание. 

Премиерот Димитар Ковачевски порача дека Собранието ќе донесе одлука дали земјата ќе ги отпочне преговорите со ЕУ. Опозицијата најавува работни групи кои ќе треба да работат на спорните делови од текстот.

РУТЕ ВЕЛИ ДЕКА АКО СКОПЈЕ НЕ ГО ПРИФАТИ ПРЕДЛОГОТ, АЛБАНИЈА САМА ЌЕ ОДИ ВО ЕУ

Премиерот на Холандија Марк Руте изјави дека Западен Балкан, вклучително и Албанија, напорно работи на влез во Европската унија, пренесува АТА и БТА.

На заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама за време на неговата вчерашна посета на Холандија, Руте рече дека Албанија ја има целосната поддршка од Холандија во процесот на европска интеграција.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Начинот на кој доходот и богатството се распределуваат низ општеството го одредува степенот до кој поединците имаат еднаков пристап до стоките и услугите произведени во рамките на националната економија. 

Бобан Гоговски за нов директор го предлагаат 13 акционери кои заедно поседуваат 24 отсто од сите акции на „Тетекс“. Гоговски јуниор е електроинженер кој својата 25 годишна работна кариера ја минал на различни позиции во ТТК Банка (и нејзината правна претходничка Тетекс банка)

Причината за загинувањето на двајцата млади работници од Скопје е откачувањето на кранот кој го монтирале за да се изведуваат градежните работи на станбена зграда со деловен простор на влезот на Кавадарци, потврди за Фактор, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Од туристичките агенции во земјава се плашат дека во наредните денови ќе има откажување на одмори во Египет, затоа што таму починаа туристки откако ги нападнала ајкула. Сметаат дека за неколку дека ќе имаат попрецизна слика за состојбата.

Втора година по ред учениците во Македонија не ги добиваат сведетелствата веднаш по завршување на училишната година. До редакцијата на Фактор стигнаа голем број коментари од родители и наставници кои посочуваат дека најрадосниот момент за учениците, посебно за оние најмладите, доделувањето на сведетелствата, е оневозможен заради проблемот со печатење.

foto printskrin

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот