19 Декември, 2025
0.0514

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Данела доби 24 часовно полициско обезбедување, а напаѓачот оди во куќен притвор

Објавено во: Македонија 12 Јули, 2025 21:28

Добивај вести на Viber

ДАНЕЛА АРСОВСКА ДОБИ 24 ЧАСОВНО ПОЛИЦИСКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

Министерството за внатрешни работи(МВР) ја информира јавноста дека по вчерашниот инцидент во Општина Чаир, врз основа на оперативни сознанија и безбедносна проценка изготвена од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), донесена е одлука за определување 24-часовни мерки за обезбедување на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Градоначалничката во текот на денешниот ден ќе биде контактирана од надлежните служби со цел да се координираат нејзините активности во согласност со мерките за лична заштита.

МВР останува посветено на својата основна мисија да обезбеди сигурност и заштита за сите граѓани на Македонија, без оглед на нивниот општествен или институционален статус. Министерството постапува согласно своите законски надлежности, темелно и професионално, во секој поединечен случај.

НАПАЃАЧОТ НА ДАНЕЛА АРСОВСКА ДОБИ КУЌЕН ПРИТВОР

За првиот осомничен за нападот на градоначалничката Данела Арсовска, судот определи мерка куќен притвор. 

„Обвинителството не е задоволно од ваквата одлука и ќе вложи жалба, барајќи ефективен притвор поради наведените ризици во првичното барање. Во однос на вториот осомничен, предложените мерки на претпазливост се прифатени и определени“, велат од ОЈО. 

Двајца се осомничени за насилство врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска кое се случи вчера во Чаир. 

НА ДРЖАВЕН ТРОШОК ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ НАПРАВАТ 6 ИН ВИТРА

На државен трошок отсега ќе може да се направат шест ин витро оплодувања, наместо три како што беше досега. Ова денеска го најави директорот за Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), Сашо Клековски. Се работи за повеќе измени на Закон за здравствена заштита на населението кои на 10 јули  беа донесени во Собранието.

„Првата измена е дека Биопотмогнатото оплодување (БПО), или популарно наречено ин витро, станува составен дел од основниот пакет за здравствена заштита. Се зголемува бројот на обиди на шест од постоечките три. Третата измена е дека се ослободуваат од партиципација за ин витро третмани, повторувам, овие третмани се бесплатни. Направени се и неколку измени во Фондот, го скративме периодот на чекање за одобрување на документи од три месеци на две недели. 

МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА БУГАРИЈА ВРШИ ПРИТИСОК НА МАКЕДОНИЈА КАКО РУСИЈА НА УКРАИНА

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Бугарија врши притисок врз Македонија како Русија врз Украина. 

Според него, светот и Европа виделе која е целта на Бугарија.

„Целта не се разликува во ништо од целта на руското раководство во Украина, а тоа е обид за асимилација на македонскиот народ и идентитетски инженеринг, нешто што најмалку треба да се случува во 21 век во Европа и тоа од земја членка во ЕУ. Наместо да подадат рака, да нѐ поддржуваат во патот, што е дел од Договорот за добрососедство, еве гледате.. Целта не е стотици граѓани да бидат дел од Уставот, туку е подлабока и поопасна“, рече Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти