ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денес 102 позитивни, а Русковска отвори истрага за софтверот на ДИК
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 28 Јули, 2020
НОВИ 102 ПОЗИТИВНИ И 5 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство ја објави статистиката за денеска во однос на корона вирусот во Македонија. Информираат дека во последните 24 часа се направени 1356 тестирања, а регистрирани се 102 нови случаи на ковид-19 во:Скопје 39, Куманово 11, Штип 13, Прилеп 3, Тетово 2, Струга 2, Битола 6, Охрид 3, Кавадарци 3, Гостивар 8, Радовиш 1, Кочани 1, Демир Хисар 1, Македонски Брод 1, Виница 1, Свети Николе 3, Кичево 4.
Починати се 5 лица, пациент од Скопје, пациент од Кичево, пациент од Куманово, пациент од Прилеп и пациент од Штип.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 99 оздравени пациенти од:
-Скопје 49
-Штип 2
-Тетово 10
-Струга 17
-Охрид 15
-Гостивар 2
-Струмица 1
-Кочани 1
-Кичево 1
-Ресен 1
ОТВОРЕНА Е ИСТРАГА ЗА СОФТВЕРОТ НА ДИК
Обвинителството за организиран криминал и корупција oтвори истрага за набавка на софтверот на Државната изборна комисија (ДИК). Информацијата ја потврди и обвинителката Вилма Русковска, која изјави за Сител дека поднеле барање до судија на претходна постапка да извршат претрес.
Од ДИК и од Дуна, фирмата која ја работеше апликацијата се одземени потребните документи за склучениот договор и за изработка на софтверот на кој требаше да се следат резултатите од изборите.
Постапката за софтверот е отворена по допрен глас, откако по падот на сајтот се откри дека тендерот за софтверот еднаш бил поништен за потоа преку постапка со преговарање без објавување на оглас, надградбата на софтверот да ја добие компанијата „Дуна“.
Досега софтверот за изборните резултати го одржуваше компанијата Ајвоут која два пати се жалела на изборот на Дуна.ГАЗДИ ЗЕМАЛЕ СУБВЕНЦИИ, НО НЕ ИМ ГИ ИСПЛАЌАЛЕ ПЛАТИТЕ НА РАБОТНИЦИТЕ
Ги зеле парите од државата за субвенционирање на платите, но не им ја исплатиле платата на работниците - Управата за јавни приходи има сознанија дека некои работодавачи од повеќе градови во земјава практично ја злоупотребиле мерката која Владата ја носеше за помош на фирмите во криза. Станува збор за работодавачи од Скопје, Тетово, Гостивар, Струга. Согласно правилата тие добиваа помош за платите за да не ги отпуштаат вработените.
Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска апелираше газдите да ги исплатат платите.
„Сите работодавачи што не ја испочитувале оваа законска одредба да го направат тоа кон своите вработени, бидејќи целта беше да се зачуваат работните места, а не парите да ги земат работодавачите. Да го направат тоа пред да бидат јавно објавени, вели Лукаревска.
Појасни дека доколку не се постапи и по овој апел, веќе се во координација со Државниот инспекторат за труд за да се преземат мерки согласно закон, кој предвидува присилна наплата, глоби и враќање на средствата назад.ШИЛЕГОВ ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД ИДЕЈАТА ЗА ПАРК КАЈ УНИВЕРЗАЛНА
Да, на градот му треба поголема и посовремена концертна сала, но не и уништување на симболот на градот. За сала со поголем капацитет потребна е друга поголема и попристапна локација, велат во својата реакција од здружението City Scope. Реакцијата следува по објавата на Град Скопје за Конкурс за идејно решение за летна парк сцена на местото на Универзална сала која треба да се руши.
„Во знак на 57 годишнината од земјотресот, градоначалникот на Скопје ќе ја руши Униврзална сала! Еден ден по одбележувањето на 57 години од земјотресот во 63-та, градоначаникот на Скопје, Петре Шилегов излегува со конкурс за „парк со летна сцена на местото на Универзална сала“. Вчера сите се навративме на страотните спомени, но и надежта за едно поубаво и похумано Скопје, па затоа апелираме до Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов да го повлече објавениот конкурс за „парк со летна сцена на местото на Универзална сала, стои во реакцијата.
Велат дека Универзална сала е дел од симболите на градот, коишто потсетуваат дека Скопје е град на солидарноста.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.