25 Ноември, 2024
0.0289

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денес 477 нови заразени, битката со коронавирусот ја изгуби уште една медицинска сестра

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 13 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

ДЕНЕС НОВИ 477 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2543 тестирања, а регистрирани се 477 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-221, Куманово-27, Дебар-1, Штип-13, Прилеп-24, Тетово-12, Струга-3, Велес-7, Битола-15, Охрид-17, Кавадарци-20, Гостивар-18, Гевгелија-5, Струмица-20, Крива Паланка-6, Радовиш-6, Крушево-5, Кочани-4, Пробиштип-3, Македонски Брод-2, Пехчево-3, Берово-7, Валандово-2, Виница-4, Делчево-8, Кратово-2, Свети Николе-3, Кичево-7, Ресен-10, Неготино-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 331 оздравени пациенти од: Скопје-126, Куманово-23, Дебар-8, Штип-1, Прилеп-21, Тетово-14,  Струга-18, Велес-9, Битола-15,  Охрид-21, Кавадарци-16, Гостивар-3, Гевгелија-4, Струмица-7, Крива Паланка-14, Радовиш-3, Крушево-2, Кочани-5, Пробиштип-1, Валандово-2, Виница-2, Кратово-2, Свети Николе-1, Кичево-1, Ресен-3, Неготино-9.

Починати се 10 лица, тројца пациенти од Скопје (63, 47 и 83г), еден од Прилеп (77г), еден од Тетово (50г), еден од Струмица (88г), еден од Битола (61г), еден од Гостивар (80г), еден од Гевгелија (60г) и еден пациент од Пробиштип (66г). Пациентите се починати во болнички услови.

МЕДИЦИНСКА СЕСТРА ПОЧИНА ОД КОРОНАВИРУСОТ

Уште еден медицнски работник ја изгуби битката со коронавирусот. Сестра од еден од најважните и најполни ковид центри, ГОБ 8 сепетмври починала како последици од болеста. Станува збор за медицинската сестра Нашиде Емини која имала 60 години. Таа долги години била дел од одделението за дерматовенерологија во оваа јавна здравствена установа. Веста за смртта ја соопшти Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри.

„Ведриот дух, топлината и хуманоста со која зрачеше, трудољубивоста и посветеноста на работата се карактеристиките по кои ќе ја паметат нејзините колешки и сите оние кои ја познаваа.

ПОЛИЦИЈАТА ГО РАСТУРИ КАРНЕВАЛОТ ВО ВЕВЧАНИ

Стотина полицајци упаднаа на Вевчанскиот карневал. 

Стотина полицајци дојдоа на традиционалниот Вевчански карневал, за да го растурат настанот организиран од Општината. Меѓу полицијата имаше и припадници на ЕБР.

Вевчанскиот карневал традиционално се одржува на Василица, но оваа година беше прекинат. Поради пандемијата, забранети се собирања. 

ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ СОБИРА  ПОТПИСИ ПРОТИВ ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ПОПИС

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека најголемата опозициска партија одлучила на вчерашниот извршен комитет да собира потписи против предлог-законот за попис доколку владеачкото мнозинство не го повлече од Собранието.

- Доколку тоа не се случи, по очигледната злоупотреба на европското знаменце, ВМРО-ДПМНЕ ќе се мобилизира и ќе поднесе иницијатива за собирање на потписи за предлог-закон за поништување на овој предлог-закон што треба да се донесе по насилен пат, рече Мицкоски.

Тој повика на масовна мобилизација во собирањето на потписите за петицијата, а доколку и овој предлог-закон биде игнориран во Собранието, тогаш ВМРО-ДПМНЕ, како што вели Мицкоски, јасно кажува дека резултатите од овој попис нема да ги признае.

НОВА ПОРАКА ОД СОФИЈА

Екатерина Захариева, министерката за надворешни работи на Бугарија, во своето денешно интервју за „Труд“ вели дека напредокот во односите помеѓу двете земји ќе продолжи кога ќе стивнат емоциите во Софија и Скопје.

- Оваа тема отсекогаш била дел од бугарската политика, не само надворешна. Да, навистина, во последниве години тоа беше видливо, почнувајќи од почетокот со потпишувањето на долгоочекуваниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка, по скоро 12 години преговори. Тогаш, се осмелувам да кажам, Бугарија ја направи темата за проширување во Европската унија крајно видлива. Сега, кон крајот на мандатот, се покажа дека е невозможно Бугарија во оваа фаза да каже „да“ на рамката за преговори. Мислам дека кога емоциите ќе се смират во Бугарија, а особено во Северна Македонија - ќе почне да се размислува и постапува порационално и ќе се види дека Бугарија никогаш не била непријател, туку напротив - продолжува да биде искрен пријател. И кога сте искрен пријател, мора да ги посочите проблемите и да барате начин да ги решите, одговара Захариева на првото прашање.

Таа вели дека македонската влада била година и пол предупредувана со сигнали пред блокадата на Бугарија за добивање на датум за почеток на преговори со ЕУ. Како што вели таа, некој внел заблуда во македонската страна дека бугарската ќе биде принудена да се повлекува.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во време на пандемија дел од фриленсерите беа погодени од корона кризата, но некои профитираа од  оваа состојба.

Конечно ќе се стави ред со возилата кои се неисправни, небезбедни или предизвикуваат голема бучава во сообраќајот. По една година чекање во законодавниот дом, народните избраници во последниот месец од мината година ги изгласаа измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, што од 26 декември веќе влегоа во сила.

Јавното претпријатие „Државни патишта“ е економскиот субјект кој добил најголема државна помош во рамки на економските пакети за справување со ковид-кризата во текот на изминатата година.

Може ли повторно да се отвори дупка и акцизите на екстралесното гориво и на дизелот да се вратат по старо, што би било на штета на сите. Имено во Собранието се уште не се донесени измените на Законот за акцизи со кои и официјално изедначувањето, а акцизите на екстралесното масло и на дизелот законски се изедначуваат. 

Во аптеките се создаваат огромни гужви од граѓани кои го бараат лекот Ивермектин, за кој од вчера има најава од Министерство за здравство дека го имаме во земјава. Лекот не е на позитивната листа на лекови на ФЗОМ, но по медицинска индикација и со розев рецепт матичните лекари веќе го препишуваат на своите пациенти. Малопродажната цена на Ивермектинот чини 299 денари.

По бурните реакции во јавноста дека сопругата на директорот на Општата болница во Дебар е меѓу вработените на листата кои се наградени, за Фактор, министерот Венко Филипче посочува дека Министерството за здравство не учествува во креирање на листите на здравствени работници и помошно технички персонал кои треба да добијат еднократна награда.

Меѓу наградените во Општата болница во Дебар е и сопругата на директорот д-р. Баки Алили, заради што не стивнуваат реакциите во јавноста. Списоците на наградени вработени во оваа здравствена установа беа објавени вчера, по што следеа лавина реакции и во однос на ова прашање се бара преземање мерки, пред се од Министерството за здравство.

Христијан Мицкоски е претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Вели дека според многумина 2020 година беше една од најтешките во последните триесетина години низ кои чекориме како независна држава. 

Секојдневна тема овој период е вакцинацијата против Ковид-19, за која граѓаните дебатираат дали да се вакцинираат, дали имунизацијата ќе биде безбедна, кој смее, а кој не би смеел да се вакцинира. Сведоци сме на разни постови по социјалните мрежи од луѓе кои се поддржувачи на вакцините, до оние антиваксери кои повеќе веруваат во теории на заговор дека пандемијата на Ковид-19 е светска измама.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик