26 Ноември, 2024
0.0341

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Економијата влезе во рецесија, а короната однесе уште 25 животи

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 07 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА Е ВО РЕЦЕСИЈА

Домашната економија годинава ќе падне за 4,9 отсто. Ова е најновата ревидирана проекција на Народна банка на Македонија, откако таа во април очекуваше домашната економска активност да има негативна стапка на економски раст од 3,5 отсто, бидејќи тогаш се очекуваше пократкорочен карактер на здравствената криза предизвикана од ковид 19. 

Главна причина за ова, како што соопшти гувернерката Анита Бежоска Ангеловска, е што закрепнувањето кое се очекуваше во втората половина на годинава не се случи, поради вториот бран на пандемијата со корона вирусот.

„За разлика од априлските проекции, најновиот циклус на макроекономски проекции претпоставува подолготрајни и продолжени ефекти од пандемијата на ковид 19 и врз глобалната и врз домашната економија. Согласно со тековните оцени, последиците од кризата ќе се чувствуваат и во 2021 година, додека целосно закрепнување и надоместување на економските загуби се очекува во текот на 2022 година. Макроекономското сценарио и ризиците околу него во најголема мерка се условени од развојот на здравствената криза во глобални рамки, односно од справувањето со пандемијата и нејзините последици врз однесувањето и очекувањата на економските субјекти. Засега, имајќи предвид дека ковид-шокот е од неекономска природа, не се очекува тој да има позначителни ефекти врз долгорочниот потенцијал за економски раст“, објасни Бежоска.

Според неа, најновите проекции упатуваат на пад на економската активност од 4,9 отсто годинава, и постепено закрепнување со интензитет од 3,9 отсто и 3,6 проценти во следните две години. 

KOРОНАВИРУСОТ ОДНЕСЕ 25 ЖИВОТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 947 тестирања, а регистрирани се 365 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-126, Куманово-27, Штип-19, Прилеп-9, Тетово-33, Велес-26, Битола-7, Охрид-2, Кавадарци-25, Гостивар-22, Гевгелија-12, Струмица-7, Крива Паланка-4, Радовиш-5, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-1, Кратово-1, Свети Николе-5, Кичево-3, Ресен-3, Неготино-23. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1059 оздравени пациенти од: Скопје-152, Куманово-154, Дебар-5, Штип-28, Прилеп-52,  Тетово-130, Струга-37, Велес-20, Битола-30, Охрид-64, Кавадарци-40, Гостивар-205, Гевгелија-22, Струмица-3, Крива Паланка-9, Кочани-13, Пробиштип-5, Демир Хисар-10, Македонски Брод-2, Пехчево-4, Берово-8, Валандово-14, Виница-2, Делчево-4, Свети Николе-15, Ресен-10 и Неготино-21.

Починати се 25 лица, дванаесет пациенти од Скопје (74, 79, 75, 66, 75, 80, 82, 67, 75, 70, 71 и 61г), еден од Куманово (67г), тројца од Прилеп (73, 85 и 81г), еден од Струга (81г), двајца од Битола (47 и 74г), двајца од Гостивар (45 и 84г), еден пациент од Гевгелија (75г), еден од Берово (85г), еден од Делчево (87г) и еден пациент од Неготино (65г). Од нив, двајца се починати вон, останатисе се починати во болнички услови. 

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ БЛОКИРАНО

Заклучоците на министрите на ЕУ за проширувањето на земјите од Западен Балкан се блокирани и речиси е сосема извесно дека нема да бидат усвоени, пред се поради неможноста да се постигне договор за Македонија и Албанија, обелоденува Танјуг од извори од Брисел.

Истовремено, најавено е дека прашањето за проширување нема да се најде ниту на агендата на состанокот на лидерите на ЕУ 27 кој на самитот во Брисел се најавени за 10 и 11 декември.

„Не е невозможно прашањето за проширување да не биде поставено, но агендата е веќе полна“, посочуваат во Брисел.

Инаку, од Советот на ЕУ за Танјуг информираат дека останале само неколку часа за евентуален договор, а министрите за општи работи на агендата на утрешниот состанок, прашањето за проширувањето го ставиле под точка „разно“.

KOВАЧЕВ СО ПОРАКА ДО ЗАЕВ

Македонската страна се обидува да најде разни изговори. Бугарските избори немаат никаква врска со нашата заедничка историја. Сите бугарски политички партии се согласуваат - не постои начин да се направи компромис со историјата и јасните историски факти.

Ова го рекол утрово европратеникот Андреј Ковачев за РС Македонија, а пренесува БГНЕС. Според него, „потребна е поголема храброст од страна на премиерот  Зоран Заев“. Договорот за добрососедство и пријателство мора да се спроведе. Ако во Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Бугарија и Северна Македонија колегите од Скопје се плашат да ги прифатат фактите, тогаш ќе треба да се најдат други механизми за спроведување на Договорот, рече Ковачев, нагласувајќи: Европската унија постои да не се мразиме едни со други, туку да живееме заедно во целосна толеранција.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Од јуни до септември продаваш струја за 43,5 евра (просечно). И тоа во услови кога термо производството ти е помало за 30 отсто од планирано, а хидро производството го „газиш“ на 30 отсто над планот и тоа во летен (по дифолт сушен) период.

Ќе се стремиме кон една поинаква реорганизација, пред сè на постигнување на поголема ефикасност на работењето во Клиниката за детски болести, со крајна цел, да постигнеме повисоки стандарди во лекувањето и третманот на најмалите пациенти, вели во денешното интервју за Фактор, директорката на Клиниката за детски болести, проф.д-р. Аспазија Софијанова. 

Коста Костовски, син на бизнисменот Трифун Костовски и еден од косопствениците на пропаднатата Еуростандард банка, ќе биде директор на нова фирма, односно на друштво за управување со инвестициски фондови.

Домашната економија доживеа пад од 3,3 отсто во третиот квартал од годинава, соопшти денеска Државниот завод за статистика. 

Министерствата за финансии, за труд и социјална политика, како и тоа за економија изминатат недела објавија огласи за десетици нови вработување.

Раст на кредитирање за 40 отсто во период од пет години, раст на добивката секоја година, а во 2025 до 10 милиони евра. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик