ФАКТОР НА ДЕНОТ: ЕВН ќе влезе во Слупчане, Бектеши вели секој да плати колку што потрошил
Објавено во: Македонија 27 Јули, 2023
ЕВН ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО СЕЛОТО СЛУПЧАНЕ
ЕВН влегува во Слупчане, откако добиле гаранции за безбедноста од политички партии и општината.
Екипите на Електродистрибуција ќе започнат со реализација на проектот за реконструкција на мрежата во Слупчане. Постигнат е договор со мештаните на Слупчане.
Наредната недела во организација на министерот за економија, Крешник Бектеши и градоначалникот на Липково, Еркан Арифи ќе се одржи состанок во општина Липково на кој ќе се договорат сите детали за организацијата и реализација на проектот и со работа на терен ќе се започне од 9-ти август.
Министерот за економија Кршеник Бектеши ги повикува сите граѓани во државата редовно да си ги подмируваат обврските кои ги имаат кон енергетските компании, несогласувајќи се со барањето на ѓителите од Слупчане најмногу до 3.000 денари да изнесуваат сметките за потрошена електрична енергија.БЕКТЕШИ ВЕЛИ СЕКОЈ ДА ПЛАТИ КОЛКУ ШТО ПОТРОШИЛ
Министерот за економија Кршеник Бектеши ги повикува сите граѓани во државата редовно да си ги подмируваат обврските кои ги имаат кон енергетските компании, не согласувајќи се со барањето на ѓителите од Слупчане најмногу до 3.000 денари да изнесуваат сметките за потрошена електрична енергија.
„Секој граѓанин кој се снабдува со електрична енергија во државата има обврска да плати за електрична енергија толку колку што потрошил.
Министерството за економија согласно надлежностите кои произлегуваат од Законот за енергетика, креира клима со цел да се намалат загубите во пренос и дистрибуција на електрична енергија како и неовластено користење на електрична енергија.
Затоа повикуваме дека секој граѓанин треба да плати за тоа што го потрошил бидејќи така функционира пазарната економија“, порача денеска Бектеши.ПОЖАРИ БЕСНЕАТ ВО ПОВЕЌЕ ЗЕМЈИ, ВО ГРЦИЈА Е ДРАМАТИЧНО
Во Неа Агијалос во Грција огнот се приближуваат до градот, а жителите се евакуираат.
Владата алармира, а цело време бијат црковните ѕвона за да сфатат и последните жители дека мора да си заминат.Во регионот на Волос од вчера стравуваат за своите животи, бидејќи пожарите беснеат во оваа област на Грција. Ситуацијата денеска стана уште полоша, затоа што и магацинот за воена муниција, лоциран во областа Карамба, експлодираше нешто пред 18:00 часот.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
На крајот на јуни граѓаните чувале 5,44 милијарди евра како депозити во домашните банки.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.