19 Декември, 2025
0.0639

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Фон дер Лајен и Зеленски порачаа дека Украина мора да добие безбедносни гаранции

Објавено во: Македонија 17 Август, 2025 21:29

Добивај вести на Viber

ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ СЕ ЗА БЕЗБЕДНОСНИ ГАРАНЦИИ ЗА УКРАИНА

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека украинскиот Устав не дозволува тргувањето со територии.

Тој нагласи дека убиствата мора да престанат. 

 „Путин има многу барања, но не ги знаеме сите. Ако навистина има толку многу колку што слушнавме, ќе биде потребно време да се разгледаат сите. Тоа не може да се направи под закана со оружје“, вели тој. 

Тој повика на прекин на огнот и што е можно поскоро да се работи на конечен договор.

„Ќе разговараме за ова во Вашингтон. Путин не сака да го запре убивањето. Но, тој мора да го стори тоа“, додаде украинскиот претседател.

МЛАДА ЖЕНА СЕ ОБИДЕЛА ДА ЈА УБИЕ БАБАТА НА СОПРУГОТ

Млада жена се обидела да ја убие бабата на сопругот, за што е поведена истрага.

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

„На 15 август, во домот на улицата “Борис Бојаџиски”, при вршење семејно насилство, се обидела да ја лиши од живот бабата на својот сопруг со која живееле во семејна заедница. Додека оштетената родена 1938 година одмарала во една од собите, осомничената влегла во собата и ја заклучила вратата, а потоа седнала врз жртвата и и ставила перница врз главата со намера да ја задуши. Ја притискала со перницата и ја удирала со тупаници по главата. Престанала кога мислела дека ја убила и за тоа му кажала на сопругот. Тој веднаш повикал полиција, а оштетената била пренесена во болница каде и биле констатирани нагмечување на главата и на вилицата, како и хематоми“, велат од ОЈО. 

ВИТКОФ ТВРДИ ДЕКА БИ МОЖЕЛЕ ДА ПОДДРЖАТ ЗАШТИТА СПОРЕД ЧЛЕН 5

Прашањето за територијата во украинскиот конфликт ќе биде дискутирано со Володимир Зеленски во понеделник, изјави специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф.

„Земјата, фундаменталното прашање, е еден вид размена на територија што очигледно е под украинска контрола и што не може да се дискутира на таа средба (со Русија во петок). Имаме намера да разговараме за тоа во понеделник. Се надеваме дека ќе го разјасниме тоа прашање и се надеваме дека тоа многу брзо ќе доведе до мировен договор“, изјави Виткоф за Си-Ен-Ен.

Виткоф истакна дека Соединетите Американски Држави не ѝ диктираат услови на Украина во врска со можните територијални отстапки во рамките на преговорите со Русија. 

фото Фејсбук/Володимир Зеленски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот