ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гоце Делчев повторно топ тема, а Ковид -19 однесе уште 7 животи
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 16 Септември, 2020
ВО МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА СЕ ПОЛЕМИЗИРА ЧИЈ Е ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Бугарија пишува дека Македонците се проект на Тито, а македонскиот јазик не постоел до втори август 1944 година.
Два услова и тези за македонскиот идентитет и јазик содржи таканаречениот објаснувачки меморандум кој официјална Софија го пратила до земјите членки на ЕУ, а во кој Радио слободна Европа има увид. Во него Бугарија бара поддршка од земјите членки за својата позиција кон напредокот на Македонија во Унијата.
Медиумот објавува дека во „Објаснувачкиот меморандум за односите меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија стои дека билатералниот договор меѓу Скопје и Софија и добрите меѓусоседски односи треба да бидат дел од Преговарачка рамка за зачленување на Република Северна Македонија во ЕУ и да бидат дел од поглавјето 35.
Софија го доставила до земјите-членки на Европската Унија и бара поддршка од нив.Предлогот на Драги Ѓоргиев за паралелни гледишта за Делчев е апсурден, вели бугарскиот професор Кирил Топалов.
Тој вели дека со ова Бугарија се става пред свршен чин.
Додава дека Македонија сака да добие зелено светло за преговори со Европската Унија, но позицијата на Македонија е иста.За Гоце Делчев има 300 аргументи дека нема врска со Бугарија, вели Ефтим Клетников од „Македонски Манифест“ во интервју за Алфа.
OД КОРОНАВИРУСОТ ПОЧИНАА 7 ЛУЃЕ
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1721 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-33, Куманово-17, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-7, Тетово-13, Струга-3, Велес-6, Битола-4, Охрид-2, Кавадарци-5, Гостивар-8, Гевгелија-3, Струмица-18, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-11, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Валандово-2, Виница-2, Делчево-7, Свети Николе-1, Кичево-3, Ресен-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 132 оздравени пациенти од: Скопје-46, Куманово-13, Штип-7, Прилеп-12, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Битола-3, Охрид-4, Кавадарци-4, Гостивар-12, Крива Паланка-2, Кочани-3, Пробиштип-2, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-1, Делчево-4, Кратово-1, Кичево-3, Неготино-2.
Починати се 7 лица, двајца пациенти од Струга (78г и 80г), пациент од Кочани (77г), од Струмица (44г), од Скопје (72г), од Битола (79г) и еден пациент од Гостивар (79г).Уште еден политичар во Македонија е инфициран со Ковид -19.
Станува збор за екс министерот за вантрешни работи, и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.ДИМИТАР АПАСИЕВ НА РАСПИТ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО
Димитар Апасиев, оретседателот на новата парламентарна партија Левица, час и половина одговараше на распит кај надлежниот обвинител за фамозната закана „Џабе ни се лижете, сите ќе ве стреламе“ која новиот пратеник ја напиша на Фејсбук по парламентарните избори.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА СО ДРЖАВНИ ПАРИ СЕ РЕКЛАМИРАЛА КАЈ АНОНИМНИ ПОРТАЛИ
Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција издаде Наредба за проверка на фирми што во предизборниот период наменски отвориле портали без импресум, адреса на седиште и без објавување на ценовник за рекламирање.
Ова на својата веб страница го соопшти Јавното обвинителство.
Имено, како што информираат, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доставило Известување, според кое постои сомневање дека политичките партии за време на предизборниот период платиле политичко рекламирање на интернет портали што биле непосредно отворени и со мала посетеност.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.