19 Декември, 2025
0.0853

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Голем пожар изби во Тетово, има неколку повредени

Објавено во: Македонија 30 Мај, 2022 21:20

Добивај вести на Viber

ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ТЕТОВО

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) вели дека пожарот во магацинот на Македонија Табак во Тетово е локализиран и нема опасност од негово ширење. 

Ангелов информира дека во моментот има многу чад, но дека пожарот е незначителен. На местото  каде изби пожарот,  остануваат само тетовските пожарникари. Пожарот избувна утрово во објектот кој се наоѓа во близина на центарот на градот.

Причината за избувнување на пожарот засега не е позната. Учениците утре продолжуваат со настава во Тетово. 

Во пожарот има неколку повредени лица. 

НОБЕЛОВЕЦОТ КРУГМАН НИ ПОРАЧА ДА ЈА ПОДОБРИМЕ ИНФРАСТРУКТУРАТА

Подобрување на патната инфратруктура заедно со инвестиции во транспортот сметам дека се едни од клучните сегменти на кои треба да посвети вниманиe вашата земја. Иако не сум запознаен детално со економијата, сепак, како копнена земја сметам дека транспортното прашање, заедно со работната сила и образованието се меѓу клучните сегменти на кои треба земјата да посвети поголемо вниманиe, заедно со инфраструктурата како еден од поважните сегементи. Ова го посочи нобеловецот Пол Кругман на денешното излагање во рамки на меѓународната конференција „Скопски економски и финансиски форум – СЕФФ“.

Професорот и истакнат американски економист на своето излагање појасни оти иако светската економија  е во еден турбулентен период, сепак, не очекува годината светот да ја зарврши со рецесија, и дополни дека тешко може да се каже какви се изгледите, но очекува раст.

УСТАВНИОТ СУД ФУНКЦИОНИРА НА ГРАНИЦА ОД КВОРУМ

Уставниот суд е со четири судии помалку од предвиденото и оваа состојба трае повеќе од шест месеци. Со ваква ситуација Судот се соочува за првпат и со секој поминат ден граѓаните трпат штети, бидејќи нивни иницијатвии и предмети се одложуваат, а Судот не може да одлучува, изјави денеска претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, по денешниот работен состанок со претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието Талат Џафери.

Доколку до декември не се изберат судии, Кацарска рече, дека тогаш дефинитивно Уставниот суд е блокиран зошто со четворица судии нема да може да работи и одлучува.

ВМРО-ДПМНЕ ПОДНЕСЕ ИНТЕРПЕЛАЦИЈА ЗА ТАЛАТ ЏАФЕРИ

ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесува интерпелација за претседателот на Собранитео, Талат Џафери за кршење на кодексот за етичко однесување на пратениците, како и, како што смета најголемата опозициска партија, за прекршување на Уставот и Деловникот за работа.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Градот кој викендов паѓаше во повеќе региони на Македонија направи големи штети на житарците, лозјата, тутунот, овошните дрвца, и градинарските култури.

Во најуспешните седум програмерски компании дури четири се сопственост на „наши деца“ (како што со гордост би рекле постарите). Умни, проактивни, претприемачи кои сфатиле дека можат во најмала рака да парираат на колеги ширум светот. 

Г-дин Огуз Ерујгун е новиот Генерален менаџер на Скопје Мериот хотел од март оваа година. Пред оваа функција, Ерујгун, кој работи во сферата на хотелиерството речиси 30 години, беше Генерален директор на хотелот Renaissance во Измир, Турција, што, исто така е дел од хотелското портфолио на Marriott International. 

фото ЦУК

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот