ФАКТОР НА ДЕНОТ: Граѓани протестираа против францускиот предлог, во Бугарија падна Владата на Петков
Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2022 21:24
ГРАЃАНИ ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ
Граѓани вечерва се собраа пред Владата, на протест против францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија и почнување преговори на земјава за членство во ЕУ. Тие велат дека власта не смее да го прифати предлогот на Франција за кревање на бугарското вето.
Не прифаќаме ништо без чиста формулација за македонскиот јазик и заштита на идентитетот, вели премиерот Димитар Ковачевски.
Тој повтори дека Владата формално нема добиено предлог кој е усогласен на ниво на сите 27 земји членки.ВО БУГАРИЈА ПАДНА ВЛАДАТА НА КИРИЛ ПЕТКОВ
Падна Владата на бугарскиот премиер Кирил Петков.
На Владата на Петков вечерва ѝ е изгласана недоверба во собранието.
За предлогот на ГЕРБ на Бојко Борисов за изгласување на недоверба на второто гласање се изјаснија 123 пратеници, а против беа 166. Според деловникот на бугарското собрание може да има две гласања – прво и повторено. Во првото гласање, за соборување на владата гласаа 124 пратеници.
Против гласаа ГЕРБ, ДПС, Преродба и Има таков народ, додека ја поддржаа Продолжуваме со промената, БСП, Демократска Бугарија и шестемина пратеници кои ја напуштија партијата на Слави Трифонов.КОВАЧЕВСКИ ГО КАЖА СТАВОТ ЗА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ
Не прифаќаме ништо без чиста формулација за македонскиот јазик и заштита на идентитетот, вели премиерот Димитар Ковачевски.
Тој повтори дека Владата формално нема добиено предлог кој е усогласен на ниво на сите 27 земји членки.
„Чиста формулација на македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет, како и вклучувањето на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот откако ќе почнат преговорите меѓу Македонија и ЕУ, се дел од клучните елементи, за „францускиот предлог“ да биде прифатлив за македонската страна“, напиша Ковачевски на Фејсбук.ССМ ГО ПОЧНА ШТРАЈКОТ
Сојузот на синдикатите на Македонија објави слика со столчиња наредени пред Собранието на Македонија со што го најавија денешниот штрајк.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
foto Sitel
Можеби ќе ве интересира
Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ
Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6
Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...
„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите
Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол
АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата
Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка




