ФАКТОР НА ДЕНОТ: Груевски со пари од партијата купил плац, а денес има 12 починати од коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 19 Октомври, 2020
ГРУЕВСКИ СО ПАРИ ОД ПАРТИСКИ ДОНАЦИИ КУПИЛ ПЛАЦ
Судот му одреди 30 дена притвор на Ристо Новачевски, кум на екс премиерот Никола Груевски.
По предлог на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, Судија на претходна постапка му одреди притвор од 30 дена Ристо Новачевски заради постоење на основано сомение дека го сторил кривичното дело Перење пари и други приноси, информираа од Основниот кривичен суд.
„Судија на претходна постапка по разгледување и ценење на предлогот, како и произнесување на одбраната и обвинителството, донесе решение со кое го уважи предлогот и на Р.Н. му се определува мерка притвор во траење од 30 дена“, информираа од обвинителството.
Обвинителството за организиран криминал и корупција објави дека поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, со 1,3 милиони евра, пари кои неколку години биле собирани како донации за партијата, ги искористил за да купи плац од 11.000 метри квадратни на Водно.Откако судот му одреди 30 дена притвор на Ристо Новачевски, кум на екс премиерот Никола Груевски, на Фејсбук Груевски се пожали дека ова е политички прогон и хајка.
Тврди дека властите сакаат на ваков начин да изнудат изјави против него.„Денешната истрага има иста цел како и сите претходни и е без никаква основа затоа што тврдењата се лага очигледно смислена и конструирана со цел за моја дискредитација, понатамошен прогон, дефокус на јавноста од нивното катастрофално работење, тргувањето со националниот интерес, бројните и секојдневни проневери, криминал и рекет кој го прави власта. Се што стои во објавата со која отвориле истрага е лага и неточно и еден ден се ќе им падне. Ќе останат само траумите кои ги направиле кон сите кои ги прогонуваат и сеќавањето за времето кога Македонија е држава со најголем број политички прогонувани лица во Европа заедно со лицата прогонувани со намера да се принудат да бидат средство и алатка на власта во прогонот кон политичките неистомисленици“, пишува Груевски.
12 ЛУЃЕ ПОЧИНАА ОД КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 771 тестирања, а регистрирани се 161 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-90, Куманово-11, Штип-2, Прилеп-6, Тетово-5, Велес-4, Кавадарци-2, Гостивар-15, Струмица-8, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-3, Пробиштип-2, Берово-6, Валандово-1, Делчево-2, Кичево-2.
Односно, стапката на новозаболени е 20,9, што е мало намалување во однос на претходните денови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти од: Скопје-62, Куманово-6, Штип-4, Прилеп-6, Тетово-7, Струга-4, Велес-3, Битола-2, Охрид-3, Кавадарци-5, Гостивар-5, Гевгелија-2, Струмица-10, Радовиш-4, Кочани-12, Пробиштип-6, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-4, Свети Николе-2, Кичево-2.
Починати се 12 лица, 7 пациенти од Скопје (56, 86, 71, 57, 41, 86 и 82г), пациент од Струга (67г), од Тетово (85г), од Битола (68г), од Кавадарци (56г) и пациент од Прилеп (63г). Сите пациенти се починати во болнички услови.МОЖНО Е ВРАЌАЊЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС
Министерот за здравство, Венко Филипче, по состанокот со членови на Комисијата за заразни болести во Владата информираше дека на утрешната седница ќе бидат предложени веќе најавените рестриктивни мерки: сите економски оператори да работат до 23 часот, автобусите да возат со 50 отсто од капацитетот, а в работените во администрацијата, општините и судовите, секаде каде што тоа е можно, да работат во смени или онлајн од дома или редуцирано по систем на ротации.
Смета дека до крајот на неделата, Собранието ќе ги изгласа изменитена Законот за заштита од населението од заразни болести со што овие мерки, но и мерките од претходниот пакет ќе стапат во сила.
- Апелирам дека ситуацијата е навистина сериозна. Следен чекор е полициски час. Во законска измена се внесува уште еден став со кој понатаму ќе се прифаќаат сите други мерки со одлука на Владата. За да биде изгласан потребно е мнозинство од 61 пратеник, но не очекувам расправата да трае повеќе од 2-3 дена. Верувам дека до крајот на неделава, мерките ќе стапат во сила, изјави министерот Филипче.БОГДАНОВИЌ ВЕЛИ ИМАЛ МАЛКУ ГОСТИ НА ВЕНЧАВКАТА
Откако беше прозван, првиот човек на Општина Центар, Саша Богдановиќ објасни дека на свадбената веселба имал мал број на гости, и дека држеле растојание.
Тој вели дека пандемијата можеби ќе трае со години, а тоа не значи дека не треба да се се венчаат.
„Имавме минимален број на гости, кум, старосват и минимален број на гости коишто ги познаваме“, рече Богдановиќ за Сител телевизија.
Тој се венчаше во Грачаница на Косово.
Министерот за здравство, Венко Филипче искоментира дека политичарите треба да бидат пример.ЌЕ СЕ БАРА ПОЛИТИЧКА ОДГОВОРНОСТ ОД ДИМОВА
Се бара политичка одговорност од Лидија Димова од Националната агенција.
Вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски денеска доставил предлог до премиерот Зоран Заев со кој бара политичка одговорност за директорката на Националната агенција, Лидија Димова, по скандалот за ненаменско тршење европски пари. Ова за Канал 5 го изјави Николовски.
Заев ќе треба да пресече дали ќе побара оставка или ќе ја разреши Димова.ИМА ЛИ НЕКАКОВ ДОГОВОР ЗА ДЕЛЧЕВ?
Владата денеска преку Македонската информативна агенција го оцени како шпекулација тврдењето на пратеникот Антонијо Милошоски дека е дефиниран предлогот за идентитетската припадност на Гоце Делчев на кои би требало да се согласат премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов пред Самитот на Берлинскиот процес во ноември.
-Таков предлог не постои, ниту бил предмет на дискусија, а изнесеното тврдење на пратеникот Милошоски е груба шпекулација и само нанесува штета на процесот што го води заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, велат од Владата за МИА.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.