26 Ноември, 2024
0.0274

ФАКТОР НА ДЕНОТ: И денес нема договор за Влада, а во авион кој летал до Финска имало 24 позитивни

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 11 Август, 2020

Добивај вести на Viber

УШТЕ НЕМА ДОГОВОР ЗА ВЛАДА

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека имал само куса средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на која добил одговор дека „Интегративците“ ќе преговараат со СДСМ.

„Минатата недела во Собранието имав едночасовна средба со Али Ахмети, на која ме информираше дека ќе отпочне преговори со СДСМ затоа што таа партија победила во македонскиот блок, иако јас му реков дека СДСМ не е победник во македонскиот блок и му посакав среќа“, рече Мицкоски на средбата со новинарите.

Мицкоски на Ахмети му рекол дека ВМРО-ДПМНЕ има 40 свои пратеници во Собранието додека СДСМ само 32 мандати на народни избраници кои се матични членови на владеачката партија.

Една од причините зошто не може да дојде до побрз договор помеѓу ДУИ и СДСМ за формирање на ново владеачко мнозинство е тоа што „Интегративците“ бараат повеќе функционери во Владата и во другите извршни органи со изговор дека по предвремените парламентарни избори сега имаат повеќе пратеници во однос на претходните од 2016-та.

ВО АВИОН КОЈ ЛЕТАЛ ЗА ФИНСКА ИМАЛО 24 ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУСОТ

Во однос на информациите за летот од Скопје до Турку, Финска, каде што според финските власти од авион со 157 патници, по доброволното тестирање, 24 биле позитивни на коронавирус, Министерството за здравство по проверка на информациите со службите од Скопскиот аеродром и граничната полиција информира дека станува збор за патници, иселеници, коишто доаѓаат во Македонија, или транзирираат преку Македонија од различни причини, а потоа се враќаат на работа во Западна Европа, за коишто со дозвола за престој или државјанство од ЕУ не важат рестрикциите при влез и излез од земјата.

Според добиените податоци во посочениот лет најголем дел од патниците патувале со косовски пасош (95 лица), фински пасош (60 лица), а останатите се со македонски (2), албански, бугарски, естонски и шведски пасоши.  

Министерството за здравство собира информации од финските власти, за тоа кои се 24 патници позитивни на вирусот, дали станува збор за неколку семејства или се поединечни случаи, каков тип на тестови им биле направени, а Институтот за јавно здравје веќе работи на проверка дали на некои од патниците им била издадена мерка самоизолација во нашата земја. 

По добивање на информациите за позитивните веднаш ќе се пристапи кон утврдување на контактите кои тие лица со позитивни тестови евентуално ги имале во нашата земја.

По случајот со авионот на Визер кој од Скопје слета во финскиот град Турку при што од 157-те патници, 24 биле позитивни на корона вирусот, министерот за здравство, Венко Филипче за Фактор потврди дека на утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе дискутираат за воведување мерка, задолжителни ПЦР тестови да имаат и граѓаните кои само транзитираат низ Македонија.

Серија граѓански реакции за авионот кој патувал за Финска и во кој беа откриени 24 патници позитивни на коронавирусот.

ПАК РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.885 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-39, Куманово-10, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-8, Струга-6, Битола-3, Охрид-2, Гостивар-13, Крива Паланка-2, Кочани-3, Пробиштип-1, Демир Хисар-3, Македонски Брод-3, Берово-1, Виница-3, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-18.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 161 оздравени пациенти од: Скопје-60, Куманово-7, Прилеп-4, Тетово-3, Струга-15, Велес-1, Охрид-3, Кавадарци-7, Гостивар-35, Радовиш- 1, Крушево-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Кратово-2, Свети Николе-13, Кичево-5, Ресен-1.  

Почината е една пациентка од Скопје (51г.) во болнички услови.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Додека се разгледуваат начините како ќе се одвива наставата од септември, поради пандемијата на коронавурсот, родителите од кумановското село Студена Бара бараат подобри услови за своите деца, затоа што училиштето е старо, и е потребно реновирање на тоалетите.

Сања Лукаревска повеќе не е директорка на Управата за јавни приходи, додека Мартин Костовски повеќе не е прв човек на Службен весник. Тоа значи дека овие институции ќе добијат нови директори по одржаните предвремени парламентарни избори.

Газдите што не им поделија плата на работниците, а за таа намена зедоа парична помош од државата, нема да одговараат ниту кривично, ниту мтеријално. Единствено може да настрадаат директорите, а ние никогаш нема ниту да дознаеме кои биле тие газди.

Вложувањето во хартии од вредност како долгорочна стратегија на искусниот прв менаџер и најголем акционер на „Македонијатурист“ се покажа како спасоносна одлука за најголемата хотелиерска компанија.

Ќе се дефинираат ли моделите за стартот на новата учебна година? И денеска остануваат многу прашања отворени за кои ќе разговараат претставниците на Министерството за образование и наука и Комисијата за заразни болести.

Средношколци и млади на 20-тина години се меѓу новозаразените во вкупниот број за Скопје од вчера и завчера, а кои со симптоми на корона вирусот се вратиле од одмор од Охрид, Струга и од Дојран.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик