ФАКТОР НА ДЕНОТ: Имаме нови 445 заразени, инфицирани се Мијалков и Тарчуловски
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 14 Октомври, 2020
НОВ ЦРН РЕКОРД ВО МАКЕДОНИЈА
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2441 тестирања, а регистрирани се 445 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-249, Куманово-12, Штип-13, Прилеп-25, Тетово-16, Струга-7, Велес-7, Битола-14, Охрид-12, Кавадарци-3, Гостивар-12, Гевгелија-2, Струмица-36, Крива Паланка-5, Радовиш-7, Кочани-6, Пробиштип-1, Берово-2, Виница-3, Делчево-2, Свети Николе-4, Кичево-6, Ресен-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 194 оздравени пациенти од: Скопје-77, Куманово-15, Штип-11, Прилеп-7, Тетово-11, Струга-1, Велес-1, Битола-5, Гостивар-12, Гевгелија-2, Струмица-14, Радовиш-3, Кочани-18, Пробиштип-2, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-4, Виница-2, Свети Николе-2, Кичево-1.
Во болнички услови починати се 9 лица, двајца пациенти од Скопје (72 и 62г), еден од Куманово (66г), двајца од Струга (58 и 65г), еден од Струмица (80г), еден од Крива Паланка (83г), од Пробиштип (60г) и пациент од Свети Николе (65г).ЗАРАЗЕНИ МИЈАЛКОВ, НО И ТАРЧУЛОВСКИ
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков е заразен со Ковид-19.
Тој и самиот веста ја потврди на Фејсбук.
-Максимално се трудев да ги почитувам мерките и препораките на експертите, но за жал добив резултат кој вели дека сум позитивен на Ковид 19. Ова е борба со непријател кој не ни е целосно познат, но нема предавање. Чувајте се и внимавајте на себе и блиските, напиша Мијалков.И Јохан Тарчуловски од ВМРО-ДПМНЕ е заразен со коронавирусот.
Тој на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот.
„Зарем некое зло ќе ме одмине. Нема шанса, ПОЗИТИВЕН сум на тестот за Ковид. Немам никакви проблеми се надевам ќе остане така и до крај. Да сте живи и здрави се гледаме после карантинот.“, напиша Тарчуловски.ПОЧИНА ДОКТОР НЕШКОВСКИ
Во сообраќајката која попладнево се случи на улицата „Френклин Рузвелт“ почина пулмологот Трајче Нешковски (32), кому му се слошило и со автомобилот се забил во дрво.
Тој со Брза помош е пренесен на Ургентен центар, каде што починал.
Докторот е од ковид тимот од Козле.
Членови на СДСМ се простија од него.
Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски се прости со Трајче Нешковски кој попладнево животот го загуби во сообраќајната несреќа на „Рузвелтова“.ОСМАНИ ТВРДИ ДЕКА НЕМА НОВ ДОГОВОР СО БУГАРИЈА
Министерот за надворешни работи Бујар Османи по посетата на Бугарија денеска објави демант на вчерашните тврдења на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека соседот бара нов Договор за добрососедство по примерот на грчкиот. Шефот на македонската дипломатија објави дека утре и задутре билатералните комисии составени од историчари во рамки на Мешовитиот комитет по подолго време ќе се состанат и тоа во Скопје.
„Околу односите со Бугарија, и мојата посета, сакам да истакнам: нема нов Договор, туку има засилување на меѓусебната комуникација на повеќе нивоа. Притоа отворено разговараме за сите прашања кои произлегуваат од Договорот за пријателство; ги преземаме сите чекори за да им обезбедиме на Комисиите непречена работа, за што испративме јавна благодарност за нивниот досегашен резултат, како и охрабрување за интензивирање на нивната работа. Впрочем, Мешовитата експертска комисија веќе утре и задутре ќе одржи средба во Скопје, што ќе претставува уште еден чекор кон исполнување на обврските од договорот.“, напиша Османи на Фејсбук.
Тој ја оценува неговата посета на Бугарија како позитивна, затоа што, како што вели, се отвориле сите прашања, се засилила меѓусебната комуникација и се реафирмирал заедничкиот заедничкиот интерес за европската перспектива на Република Северна Македонија.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.