ФАКТОР НА ДЕНОТ: Имаме рекорден број на починати од коронавирусот, во меѓувреме се бара решение со Бугарија
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 10 Ноември, 2020
ДЕНЕСКА ИМА РЕКОРДЕН БРОЈ НА ПОЧИНАТИ
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3042 тестирања, а регистрирани се 947 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-530, Куманово-30, Дебар-3, Штип-15, Прилеп-38, Тетово-54, Струга-18, Велес-22, Битола-43, Охрид-43, Кавадарци-8, Гостивар-25, Гевгелија-3, Струмица-23, Крива Паланка-4, Радовиш-7, Крушево-2, Кочани-3, Пробиштип-8, Демир Хисар-4, Македонски Брод-5, Пехчево-1, Берово-2, Валандово-2, Виница-1, Делчево-5, Кратово-4, Свети Николе-8, Кичево-25, Ресен-8, Неготино-3.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 691 оздравени пациенти од: Скопје-301, Куманово-45, Штип-13, Прилеп-34, Тетово-51, Струга-4, Велес-29, Битола-16, Охрид-24, Кавадарци-23, Гостивар-20, Гевгелија-13, Струмица-40, Крива Паланка-8, Радовиш-8, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-8, Македонски Брод-1, Берово-4, Валандово-2, Виница-4, Кратово-5, Свети Николе-5, Кичево-11, Ресен-7, Неготино-1.
Починати се 30 лица, шест пациенти од Скопје (57, 66, 80, 64, 54 и 68г), пет од Куманово (58, 64, 67, 68 и 78г), еден пациент од Штип (67г), тројца од Прилеп (58, 57 и 72г), пет од Тетово (83, 60, 62, 69 и 58г), еден пациент од Битола (78г), пет од Кавадарци (73, 74, 70, 77 и 70г), еден од Гостивар (67г), двајца од Радовиш (71 и 68г) и еден пациент од Кочани (52г).СЕ БАРА РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА
Тие сфатија дека Бугарија не води никаква политика на тврдоглавост, туку води принципиелна политика, дека Бугарија е суверена држава и дека не е под влијание на расположението во една или друга европска или светска престолнина, вели вицепремиерот Красимир Каракачанов по денешните разговори на Македонија со Бугарија.
Тој во рамките на Самитот на Берлинскиот процес во Софија, изјавил дека сè зависи од властите во Скопје.
„Има две опции – или добро завршува целиот процес за Бугарија и Македонија, или за Македонија разговорите за влез во Европската Унија ќе бидат одложени на некое време. Бугарија не е кандидат-членка на Европската Унија, а Македонија е кандидат-членка. И кандидатот треба да го почитува тоа барање во Европската унија, односно не треба да имате нерешени проблеми со соседите“, изјави Каракачанов.
СЕ СРЕТНАА ЗАЕВ И БОРИСОВ
Премиерите Зоран Заев и Бoјко Борисов копреседаваа денеска на конференцијата во рамки на Берлинскиот процес која се одржа денеска во Софија. Германската канцеларка Ангела Меркел во видео обраќање им заблагодари за успешниот настан. Меркел се обрати по Заев и Борисов и рече дека Берлинскиот процес е поврзан и со помирување на недоразбирањата и наследството од минатото. Потоа порача:
„Не заборавајте, мора да се согласувате, тоа е многу важно“, рече Меркел.
Меркел рече дека е добро што има напредок за формирањето на заеднички пазар како порака за економиите и воведување на четирите слободи и ќе се даде еден импулс во регионот.КАРАНТИН ИЛИ ПОЛИЦИСКИ ЧАС НЕМА ДА ИМА
Ова тежок и комплексен процес и за тоа треба да се свесни сите. Сепак засега ќе се чека ефектот од последните мерки и не се планира карантин или полициски час, потврди министерот за здеравство Венко Филипче. Тој вели дека нема да има рестрикции и по региони кои се покритични. Од вчера забрането е групирање на повеќе од четири лица надвор во текот на целиот ден. Сепак Комисијата за заразни болести има нов состанок во четврток и на тој треба да се разгледаат сите околности.
„И покрај апелите, имаше собири на јавни површини, како паркови за време на викендите. Исто така, бевме сведоци дека кога се затворија угостителските објекти, луѓето се групираа пред угостителските објекти. Сакаме да го спречиме тоа, да станат свесни и да не се групираат. Сметаме дека овие мерки се доволни, и ако се почитуваат ќе дадат резултати“, рече Филипче.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.