26 Ноември, 2024
0.0266

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Инспектори ќе утврдат што се случило во штипската болница, денес има 40 починати од корона

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 16 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

ЌЕ СЕ УТВРДИ ДАЛИ СЕСТРИТЕ ИМААТ ВИНА ЗА СМРТТА НА ПАЦИЕНТКАТА ВО ШТИП

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во моментов спроведува вонреден инспекциски надзор за случајот со починатата штипјанка која имаше само 41 година. Таа почина пред неколку дена на инфективното одделение во Клиничката болница во Штип .

Од Министерството за здравство информираа дека директорот на Клиничката болница Штип д-р Ален Георгијев, исто така побарал да се изготви комплетен извештај за начинот на третман на пациентката.

По завршениот вонреден инспекциски надзор, јавноста, велат, ќе биде детално информирана.

Фактор информираше за болната објава на нејзината ќерка во која с етврдеше дека во последните часови од животот починатата се обидувала и на телефон да ги добие сестрите но безуспешно.

Директорот на Клиничката болница во Штип денеска за Фактор изјави дека постојано се на удар на сериозни критики од страна на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво, среде епидемија, како што вели, кога и кадарот е преморен и кога со сите сили се обидуваат да дадат соодветна нега и лекување за сите пациенти.

-Во Клиничката болница во Штип, до сега неколку пати се има случено дел од персоналот, со празните боци за кислород, да изнесе и полни. Меѓу 30-тина празни, се има случено да се најдат и и 2-3 полни боци со кислород. Персоналот ги изнесува долу пред инфективното одделение, односно пред вратата, каде што чека камионот кој ги носи боците за да ги наполни и да ги врати повторно полни. Дали станува збор за грешка, дали е намерно или ненамерно, ќе утврдува инспекција, вели во изјава за Фактор, д-р. Ѓорѓиев.

ПОЧИНАА 40 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1683 тестирања, а регистрирани се 591 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-218, Куманово-47,  Штип-21, Прилеп-26, Тетово-28, Струга-2, Велес-24, Битола-36, Охрид-2, Кавадарци-9, Гостивар-46, Струмица-22, Крива Паланка-4, Радовиш-1, Крушево-2, Кочани-9, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-1,  Валандово-5, Виница-10, Делчево-5,  Кратово-1, Свети Николе-16, Кичево-29, Ресен-6, Неготино-15. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 439 оздравени пациенти од: Скопје-102, Штип-22, Прилеп-42, Тетово-49, Струга-21, Велес-36, Охрид-51, Кавадарци-22, Гостивар-2, Гевгелија-2,  Струмица-33, Крива Паланка-6, Радовиш-2, Кочани-20, Пробиштип-5, Пехчево-1, Берово-5, Свети Николе-4, Неготино-14.

Починати се 40 лица, десет пациенти од Скопје (66, 66, 76, 61, 51, 72, 52, 83, 49 и 84г), двајца од Куманово (77 и 77г), тројца од Штип (70, 62 и 80г), пет од Прилеп (63, 62, 66, 54 и 64г), еден пациент од Тетово (55г), двајца од Струга (56 и 60г), тројца од Велес (70, 51 и 89г), тројца од Битола (69, 69 и 71г), двајца пациенти од Кавадарци (67 и 78г), тројца од Гостивар (71, 65 и 81г), еден пациент од Дојран (ПЕ Гевгелија -56г), еден од Струмица (84г), еден од Крушево (76г), еден од Свети Николе (68г) и двајца пациенти од Кичево (75 и 81г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

ЗАЕВ НАГРАДЕН ВО БЕРЛИН, НО УТРЕ НЕ ОЧЕКУВА ДОБРИ ВЕСТИ ОД БРИСЕЛ

Премиерот Зоран Заев откако ја доби наградата на Фондацијата „Фридрих Еберт“ во Берлин, по што изјави дека утре нема да добиеме добри вести од Советот за општи работи во Брисел. 

Вели дека решение со Бугарија ќе се бара во декември.

„Историјата ја искористивме како алатка за градење на иднината. Човековите права и правото на самоопределување на секој граѓанин не може да бидат предмет на дипломатски преговори и договори. Тие се потврдени и гарантирани принципи на меѓународното јавно право и придобивките од него. Затоа, непобитен е фактот дека македонскиот јазик и македонскиот народ се реалност“, нагласи премиерот.

На крајот, тој ја посвети наградата, како што рече, на сите генерации што ја граделе и градат државата.

НЕМА НОВИ РЕСТРИКЦИИ

Комисијата за заразни болести не воведува нови рестриктивни мерки. На утринскиот состанок е заклучено дека во моментов во Македонија нема потреба од ограничување на движењето или дополнително затворање на други економски оператори по 21 часот.

Здравствените власти сметаат дека актуелните мерки ќе дадат резултати во однос на намалување на трансмисијата на вирусот.

-Генерално, впечатокот е дека има помала раздвиженост во градовите, заради што и се очекува да има намален број на новозаразени со корона вирусот. И во болниците има се уште места за болните на кои им треба хоспитализација. Денеска не препорачуваме построги и порестриктивни превентивни мерки, велат за Фактор, извори од Комисијата за заразни болести.

Сепак, дел од членовите на Комисијата за заразни болести сметаат дека епидемиолошката слика во земјава не е најдобра, но ситуацијата ја следат од ден во ден. 

MИЦКОСКИ ЌЕ СВИКА ЛИДЕРСКА

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски попладнево изјави дека донеле заклучок за антифашистичкиот карактер на НОБ и остро се спротивставуваат на промените на Уставот. 

Тие се против било каква дискусија околу македонскиот јазик. Бараат почитување на македонското малцинство во Бугарија. 

Коалицијата повикува на почитување на македонската историја и нејзината посебност. 

„Македонскиот идентитет е неспорен и засебен“, рече Мицкоски. 

Предупредија власта да не тргува со националните интереси на кои е изградена македонската модерна држава. 

„Бугарија да не ја блокира европската иднина на Македонија, и да покаже вистинско пријателство меѓу двата народи“, порача Мицкоски во име на Коалицијата „За обнова на Македонија“. 

Бара од ЕУ партнерите да помогнат земјава да ги почне преговорите. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

„Гранит“ за првите девет месеци од дејноста е во добивка од 667.000 евра на приходи од продажба кои изнесуваат 52,7 милиони евра. Но „џокерот“ на “Гранит“ се неговите акции во „Комерцијална банка“ кои му носат вкупно 1,6 милиони евра од дивиденда и од позитивна разлика меѓу куповна цена и пазарна цена на денот на пресек за кварталниот извештај

Државата да овозможи бесплатни ПЦР тестови за странските туристи што ќе престојуваат во нашите категоризирани хотели.

Оваа недела треба да бидат објавени петте јавни повици кои се поврзани со мерките за поддршка на туристичко-угостителскиот сектор, а се предвидени во четвртиот владин економски сет.

Владата веќе започна да ја отплаќа рекордната набавка што во договор од 15 милиони евра ја склучи изминатото лето за софтверски лиценци. Изминатата недела Владата му префрлила безмалку 4,5 милиони евра, или 258,2 милиони денари, на Крејон Македонија, застапникот на лиценците и софтверот кои ќе се набавуваат од глобалниот гигант Crayon.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик