ФАКТОР НА ДЕНОТ: Исмаиловиќ е уапсен, а бројката на заразени од вирусот повторно над 1.000
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 13 Ноември, 2020
АГИМ ИСМАИЛОВИЌ Е УАПСЕН
Полицијата го пронајде и го спроведе во затворот во Шутка, Агим Исмаиловиќ, еден од обвинетите за случајот „Монструм“.
Одреден му е притвор во траење од 30 дена.
Тој утринава се појави во Кривичен суд. Обвинителката Фатиме Фетаи побара притвор за него и за Фејзи Азири затоа што постапката е при крај. Но, пред да одлучи кривичниот совет Исмаиловиќ ја напуштил судската зграда. Во притвор оди и Азири.
Исмаиловиќ е еден од петтемина обвинети за петкратното убиство што се случи на 12 април 2012 кај Смилковско езеро. Сите беа осудени на доживотен затвор, но врховниот суд во декември 2017 година ја укина пресудата, а случајот „Монструм“ потоа го презеде СЈО и судењето почна од почеток.
Двајцата првообвинети, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири се во бегство во Косово, но до ден денеска не се екстрадирани.ДЕНЕС НАД 1.000 ЗАРАЗЕНИ
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3096 тестирања, а регистрирани се 1064 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-541, Куманово-57, Дебар-4, Штип-46, Прилеп-24, Тетово-57, Струга-23, Велес-44, Битола-43, Охрид-33, Кавадарци-25, Гостивар-12, Гевгелија-11, Струмица-23, Крива Паланка-8, Радовиш-12, Крушево-2, Кочани-10, Пробиштип-4, Демир Хисар-2, Македонски Брод- 4, Пехчево-7, Берово-3, Валандово-3, Виница-3, Делчево-3, Кратово-2, Свети Николе-17, Кичево-25, Ресен-6, Неготино-10.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 507 оздравени пациенти од: Скопје-163, Куманово-36, Дебар-4, Штип-19, Прилеп-30, Тетово-30, Струга-16, Велес-39, Битола-20, Охрид-21, Кавадарци-17, Гостивар-15, Гевгелија-9, Струмица-24, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Крушево-1, Кочани-17, Пробиштип-8, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Берово-2, Валандово-3, Виница-5, Кратово-2, Свети Николе-6, Кичево-9, Ресен-3, Неготино-2.
Починати се 25 лица, тројца пациенти од Скопје (62, 82 и 75г), тројца од Тетово (46, 77 и 83г), двајца од Прилеп (71 и 79г), еден од Крушево (40г), пет пациенти од Куманово (34, 49, 49, 66 и 62г), четири пациенти од Битола (71,72, 73 и 75г), еден пациент од Гостивар (65г), еден од Кавадарци (69г),еден од Крива Паланка (75г), еден пациент од Струмица (70г), еден пациент од Валандово (60г), еден пациент од Пехчево (69г) и еден пациент од Свети Николе (68г). Од нив, двајца пациенти се починати вон, останатите во болнички услови.НА НАДЗОРНА РАСПРАВА СЕ ЗБОРУВАШЕ ЗА „ЕУРОСТАНДАРД БАНКА“
Одземањето на дозвола за работа на банка е една од најтешките одлуки за секоја централна банка, изјави денеска гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на Надзорната расправа во Собранието.
Вели дека пред да се посегне кон ваква одлука се вложуваат максимални напори за изнаоѓање на поповолно решение.
„Но, од друга страна, централните банки не смеат да дозволат банка да работи спротивно на законските прописи доведувајки ја во прашање стабилноста на финансиски систем. По исцрпување на сите можности, дозволата за работа на „Еуростандард банка“ беше одземена заради констатирана несолвентност“, вели таа.
Додава дека порадипреземање на повисоко ниво на ризик во работењето, Банката во подолг период била под засилен супериворски надзор.И бизнисменот Трифун Костовски, сопственик на пропаднатата Еуростандард банка, беше денеска на надзорната расправа во Собранието за утврдување на причините кои доведоа до стечајот врз Еуростандард банка.
Еден од пратениците од опозицијата го праша дали претходниот генерален директор на банката бил близок со високи функционери на Владата, на што Костовски рече дека веднаш ќе одговори со - да.ЛЕКАР ПОЧИНА ОД КОРОНАВИРУС
Уште еден лекар почина од компликациите на корона вирусот. 49-годишниот интернист од Куманово, Шкури Фазлији од Куманово почина на Клиниката за инфективни болести, само три дена откако бил донесен со тешка форма на болеста.
Неговиот колега од Куманово, матичниот лекар, Фатмир Асани, кој исто така е позитивен ка Ковид-19, вели дека Фазлији претходно имал два стента и бил во ризичната група, но ниту еден ден не ги оставил пациентите.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.