26 Ноември, 2024
0.0308

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јавноста згрозена од сликите од битолската болница, денес над 1.000 заразени

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 24 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

ФОТОГРАФИИ ОД БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА ЈА ЗГРОЗИЈА ЈАВНОСТА

Денеска на Фејсбук, Васко Белески од Битола објави застрашувачки фотографии од Клиничката болница на која се гледаат како во една болничка соба, пациент прима инфузија, а веднаш до него лежат две починати лица.

Директорката на Клиничката болница-Битола, доктор Билјана Гагачовска, за Слободен печат ја потврди објавата, вели дека не станува збор за ковид пациенти туку за лица што починале во тријажниот оддел. 

Таа тврди дека законска обврска на секоја здравствена институција е пациентот кога ќе почине два часа да остане во институцијата, а дека фотографиите се снимени во тој меѓупериод, кога се информирале семејствата, кога се повикувало погребно претпријатие и кога се организирало пренесувањето на починатите во болничката мртовечница.

Министерот за здравство д-р Венко Филипче побара од ДСЗИ да испрати вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола. 

Целта е да се утврди фактичката состојба во дневната болница по објавените фотографии на социјалните мрежи и во дел од медиумите на кои се гледа како пациент додека прима инфузија, на други болнички кревет лежат починати пациенти.

ЗА 24 ЧАСА НАД 1.000 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3143 тестирања, а регистрирани се 1039 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-546, Куманово-38,  Штип-27, Прилеп-83, Тетово-30, Струга-24, Велес-25, Битола-41, Охрид-32, Кавадарци-18, Гостивар-48, Гевгелија-14, Струмица-9, Крива Паланка-5, Радовиш-7, Крушево-4, Пробиштип-5, Демир Хисар-6, Македонски Брод -3, Пехчево-1, Берово-1,  Валандово-3, Виница-3, Делчево-3, Кратово-1, Свети Николе-9, Кичево-28, Ресен-14, Неготино-11. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 998 оздравени пациенти од: Скопје-402, Куманово-63, Дебар-6, Штип-43, Прилеп-57, Тетово-72, Велес-86, Кавадарци-30, Гостивар-45, Гевгелија-19,  Струмица-40, Крива Паланка-9, Радовиш-13, Кочани-34, Пробиштип-11, Македонски Брод-1, Берово-4, Валандово-4, Виница-14, Кратово-9, Свети Николе-19, Неготино-17.

Починати се 15 лица, шест пациенти од Прилеп (65, 65, 69, 69, 69 и 72г), пациент од Скопје (73г), од Дебар (60г), пациент од Велес (71г), пациент од Битола (64г), од Кавадарци (66г), од Демир Хисар (84г), од Свети Николе (56г), од Кичево (55г) и пациент од Ресен (84г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

МАКЕДОНСКИ ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ БАРААТ ДА НЕ СЕ ПОПУШТА ПРЕД БАРАЊАТА НА СОФИЈА

Случувањата со Бугарија испровоцираа 62-ца интелектуалци од земјава да испратат отворено писмо во врска со односите со Бугарија. Во ова свое обраќање тие нагласуваат дека историјата на македонскиот народ, македонскиот јазик, македонската култура и литература, односно сето она што го дефинира македонскиот идентитет не смее да биде основа за политички диктат, ниту предмет на расправа на заедничките комисии.

Еве што напишаа интелектуалците: 

„Како проучувачи на македонската историја и култура континуирано реагираме на современите политички и општествени предизвици со пишан збор и со јавен настап. Постојано укажуваме на тоа дека целта на ИСТОРИЈАТА како наука е да нè подучи свесно да го разбереме минатото за правилно да се однесуваме во сегашноста и правилно да постапуваме во иднина. Затоа и ја претпочитаме нејзината научна закономерност пред политичките и идеолошките влијанија, притисоци и импровизации на политичките фактори.

ГРУБИ СЕ ИЗЈАСНИ ЗА „ЖОЛТАТА КУЌА“

Maкедонскиот вицепремиер Артан Груби бил во „Жолтата куќа“ во градот Бурел во Северна Албанија во 2004 година како преведувач и во рамките на истрага на Хашкиот трибунал. 

Груби денеска потврди дека во текот на ангажманот за Трибуналот бил преведувач.

Вели дека нема ништо спорно во неговиот ангажман, кој е наведен во неговата биографија и е јавно достапен, а во „Жолтата куќа“ бил во 2004 година и не во периодот од 1998 и 1999 година за кога се наводите дека се извршени злосторства. Груби демантира дека е повикан како сведок во Хаг во истрагата за злосторства против човештвото кои ги изврши ОВК.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Дефинитивно престанува да постои Еуростандард банка, а нејзиниот имот ќе се распродава и од тоа ќе се наплатуваат пари со кои потоа ќе се обесштетуваат доверителите. Но, веќе на сите им е јасно дека нема да има доволно средства за да се подмират сите штедачи чии пари останаа заглавени во банката.

Речиси 1,9 милијарди евра им должи во моментов државата на купувачите на државните хартии од вредност. Претежно се тоа банките кои купувајќи државни обврзници ги финансираат буџетските потреби.

Бугарија има потенцијал да биде меѓу најголемите инвеститори во Македонија, вели Столе Велков, претседател на Здружението Македонско – Бугарско Пријателство МБП –Скопје.

Поранешниот ракометен репрезентативец Наумче Мојсоски е првата одлука за нов директор во новиот владин мандат, а сега Државната комисија за спречување на корупција го објави и неговиот Анкетен лист, според кој новиот прв човек на Агенцијата за млади и спорт поседува имот од 15-тина милиони денари.

Утринава жестоко одекнаа реакции по постот што го објави новинарот Фуркан Алиу, кој пишува дека на 40-тина медицински сестри не им е продолжен договорот за вработување, а беа дел од кадарот во Итната медицинска помош.

„ОКТА“ во услови на бројни ограничувања на мобилноста предизвикани од здравствената криза, карантинот и вонредната состојба успеа да оствари добивка за првите девет месеци која надмина еден милион евра. Приходите од продажба до крај на септември изнесуваат 186,5 милиони евра

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик