26 Ноември, 2024
0.0279

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Каракачанов со остри тонови, а во Македонија има нови 121 позитивен на Ковид -19

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 10 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

МОЖНО Е БУГАРИЈА ДА ГИ БЛОКИРА ПРЕГОВОРИТЕ 

Бугарија ќе ја блокира првата меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ, ако мешовитата комисија не постигне согласност за отворените историски прањања, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.

Тој во изјава за ТВ 24 вели дека македонската дипломатија веќе три години откако е потпишан Договорот за добрососедство одбегнува решавање на проблемите и очекува ЕУ да застане во одбрана.

Според официјална Софија, македонската страна ги избегнува состаноците на историчарите за да не се соочи со решавање на прашањето за Гоце Делчев и со тоа покажува дека нема желба да води искрен дијалог.

„Минатата година во ноември месец, пред десет месеци ја стопиравте работата на Комисијата за разгледување на историските проблеми. Ние сме го кажале тоа сто пати во последните десет месеци, дека ако не се постигне согласност по тие прашања Бугарија ќе возврати на првата меѓувладина конференција, додека прашањата не бидат исчистени. Тоа е позицијата на Бугарија. И тоа е многу јасно во Скопје, изјави Каракачанов.

На прашањето, дали тоа значи дека Бугарија ќе ја блокира првата меѓувладина конференција, Каракачнов директно одговара: „Се разбира".

Процесот на дијалог продолжува, наведуваат од Министерството за надворешни работи, по најавите од Бугарија за можна блокада на преговорите. 

Од МНР велат дека како и досега, земјава ќе продолжи со засилена комуникација и консултација на политичко ниво со Република Бугарија и со сите релевантни чинители во ЕУ контекст. 

Додаваат дека клучната порака ќе биде дека беше започнат исклучително важен и сложен процес на дијалог кој претполага зближување и градење пријателство, низ заемно почитување, како две соседни европски држави. 

ЗА 24 ЧАСА НОВИ 121 ЗАРАЗЕН СО КОВИД -19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1410 тестирања, а регистрирани се 121 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-33, Куманово-8, Штип-6, Прилеп-2, Тетово-6, Струга-6, Велес-3, Битола-6, Охрид-11, Кавадарци-4, Гостивар-4, Гевгелија-3, Струмица-3, Крива Паланка-9, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-5, Македонски Брод-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-1, Делчево-3, Свети Николе-2 и Кичево-1. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 142 оздравени пациент од: Скопје-50, Куманово-32, Штип-7, Прилеп-11, Тетово-4, Струга-4, Велес-2, Охрид-2, Кавадарци-2, Гостивар-12, Гевгелија-1, Струмица-2, Радовиш-1, Кочани-1, Македонски Брод-1, Берово-2, Виница-2, Делчево-2, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-2.

Починати се 3 лица, двајца пациенти од Прилеп (63 и 83г) и еден пациент од Струга (60г). Сите се починати во болнички услови. 

ПРИВЕДЕНО E ЛИЦЕТО КОЕ ЈА НАПАДНА ЕКИПАТА НА АЛ ЏЕЗЕИРА

Полицијата излезе со детали за нападот на новинарската екипа за време на вчерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ.

Нападот е извршен од четириесет и едногодишниот А.И, кој замавнувал накај новинарката Милка Смилевска и и го бутнал микрофонот. Тој бил приведен во станица, по што ќе следи поднесок.

„На 09.09.2020 во 18.30 часот,  М.С. пријавила дека на ул.„Македонија“,  каде се одвивал протест, а таа била работно ангажирана како новинар, додека разговорала со едно од лицата кои учествувале на протестот, дошол А.И. (41) од Скопје и замавнувал со рацете, при што и го бутнал микрофонот. А.И. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, се вели во соопштението од полицијата.

Со реакција се јави и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), кои го осудија нападот кон новинарската екипа на Ал Џезеира на протестот во Скопје, организиран од политичката партија ВМРО - ДПМНЕ.

ОШТЕТЕНИТЕ ШТЕДАЧИ ОД ЕУРОСТАНДАРД БАНКА ГИ РАСКАЖАА СВОИТЕ ПРИКАЗНИ

Оштетените штедачи на Еуростандард Банка бараат државата да ги преземе нивните побарувања и парично да ги обештети. 

Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка денеска побара итно носење на законско решение со кое државата ќе ги преземе побарувањата на физички и правни лица од Еуростандард Банка, и во целост парично ќе ги обештети. Потоа, државата да наплати од стечајната маса.

Додаде дека се заробени пари на луѓе кои работеле во странство, во Ирак и Авганистан,  на родители кои планирале да ги лекуваат своите деца во странство, на луѓе кои продале имот и имале планови со своите пари. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Битолската градежна компанија „Пелистер“ доби тендер за ископ на јаглен и јаловина во кругот на РЕК Битола вреден 6,4 милиони евра од страна на АД ЕСМ. 

Денеска е последниот ден до кога училиштата треба да ги достават барањата до Министерството за образование и наука со податоци на бројот на ученици кои наставата сакаат да ја следат со физичко присуство.

Расте долгот на државните институции. Во вториот квартал од годинава државните борчлии натрупале нови обврски кои не можат да ги платат - за цели шест милиони евра.

Во Штип, Скопје, Велес, Кочани се намалила бројката на текстилните работници.

Потиштени и разочарани зашто поради корона - кризата не можат да си ги видат децата. Вака ги затекнавме  Марија и Душан Голубови, најстариот брачен пар во подбеласичкото село Старо Коњарево.

„Сега, повеќе од кога било, банките им се потребни на  корисниците. Ликвидноста во банкарскиот сектор е на високо ниво и покрај одложените наплати на значаен дел од кредитите“, вели во ексклузивно интервју за „Фактор“ проф. д-р Драгољуб Арсовски, директорот на ТТК Банка. 

Државната железничка транспортна компанија повторно и лани е во загуба од 6,6 милиони евра и покрај тоа што од државниот буџет лани примиле дотација од 7 милиони евра. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик