16 Ноември, 2024
0.0289

ТОШКОВСКИ: Oтказ за 15 полициски службеници, дозволи за оружје добиле лица кои законски немале право

Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски вели дека отказ добиле 15 полициски службеници бидејќи дозволи за поседување на оружје земале луѓе кои законски немале право. 

„Комисијата за ревизија на постапките за давање дозволи за поседување оружје констатира дека не се постапувани над 5.000 предмети, а исто така голем број предмети се постапувани со кршење на законските одредби, во кој случај Одделението за Внатрешната контрола по основната истрага доставила до Секторот за дисциплинска постапка предлог за спроведување на дисциплинска постапка – разрешување на околу 15 лица кои од претходната власт биле на раководни позиции во полицијата“, информираше  Тошковски.

Тој во дневникот на телевизија Сител, објасни дека во последниот период оружје им се давало на лица кои законски немале право да поседуваат оружје, а на лицата кои ги остварувале своите права не им било дозволено да ја завршат постапката. Тој предупреди и за дигитализирање на овој вид услуга.

„Согласно насоките на јавниот обвинител, за сите за кои ќе се утврди дека има елементи на извршување на кривично дело, во наредниот период или утре или од понеделник ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. .. Заслужија да бидат отпуштени, отказот го добија како дел од дисциплинска постапка. Според насоките на јавниот обвинител, ќе следи соодветна кривична постапка за оние за кои постојат“, рече Тошковски.

Тошковски најави и дека се размислува за нов закон со кој треба да се регулираат сите права за носење оружје, кој ќе се усогласи со правата на граѓаните на ЕУ.

Поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одлуката за отпуштање на 15 високи функционери во МВР, ја оцени како класична партиска чистка.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кираца Трајковска по интуиција ги поврзала исчезнатите Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кираца Трајковска по интуиција ги поврзала исчезнатите Вања и Панче

НИКОЛОСКИ: Претходното раководство на Пошта имало планови да го трансформира централниот објект во кабаре

НИКОЛОСКИ: Претходното раководство на Пошта имало планови да го трансформира централниот објект во кабаре

АЕРОЗАГАДУВАЊЕ: Каква е состојбата вечерва во Македонија?

АЕРОЗАГАДУВАЊЕ: Каква е состојбата вечерва во Македонија?

ТЕТОВО: Водата е со чуден мирис и вкус

ТЕТОВО: Водата е со чуден мирис и вкус

СКОПЈАНЕЦ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА: Му избегале двајца работници од Бангладеш

СКОПЈАНЕЦ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА: Му избегале двајца работници од Бангладеш

„ГОРД СУМ ШТО Е ПОТПИШАН ДОГОВОР СО ФИРМА КОЈА ЈА ДОГОВАРАВ НАД ЕДНА ГОДИНА“: Битиќи во „Бизнис муабети“

„ГОРД СУМ ШТО Е ПОТПИШАН ДОГОВОР СО ФИРМА КОЈА ЈА ДОГОВАРАВ НАД ЕДНА ГОДИНА“: Битиќи во „Бизнис муабети“

ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ ДЕНЕС НА СУДЕЊЕТО НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Сведочеа роднините на Александар

ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ ДЕНЕС НА СУДЕЊЕТО НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Сведочеа роднините на Александар

„ДЕНЕСКА ДА ИМА ПОЖАР НА СПРАТОВИТЕ, НЕМАМЕ ВОДА ЗА ГАСНЕЊЕ“: Мемеди со детали за Детска клиника, вели се прави намерна хајка против него

„ДЕНЕСКА ДА ИМА ПОЖАР НА СПРАТОВИТЕ, НЕМАМЕ ВОДА ЗА ГАСНЕЊЕ“: Мемеди со детали за Детска клиника, вели се прави намерна хајка против него

„НЕМАШЕ ДОЛГОВИ. ИМАШЕ ЗАВИСНОСТ, НО СЕ ИЗЛЕКУВА ПА СТАПИ ВО БРАК“: сведочи дедото на Вања

„НЕМАШЕ ДОЛГОВИ. ИМАШЕ ЗАВИСНОСТ, НО СЕ ИЗЛЕКУВА ПА СТАПИ ВО БРАК“: сведочи дедото на Вања