ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ќе има леб во маркетите, но пекарите најавија тужби
Објавено во: Македонија 03 Март, 2023 21:45
ПЕКАРИТЕ ЌЕ ОБЕЗБЕДАТ БЕЛ ЛЕБ, НО ЌЕ ТУЖАТ
Од утре лебот се враќа на полиците во маркетите и продавниците, пекарите ќе си ги барат загубите преку судска постапка.
Ова го соопшти Горан Малишиќ, претседател на групација за мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија по денешната средба на членките на групацијата на која било дискутирано околу мерките кои Владата ги донесе во последниве денови.
- Како што гледате пекарската индустрија е жртва на безумието, и одлуките кои се носат се на штета на пекарската индустрија. Одлуката кои Владата ги донесе правата огромни штети на индустријата, кои на месечно ниво се и над 1,5 милион евра.КОВАЧЕВСКИ КУПУВАШЕ ЛЕБ ВО МАРКЕТ
Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше во еден од маркетите во Скопје за да купи леб. Фотографиите ги сподели и на неговиот профил на Фејсбук, при што потенцираше дека овој негов потег е за да се увери лично во фактичката состојба.
-Денеска, бев лично да се уверам во фактичката состојба со производството и испораката на белиот и полубелиот леб во маркетите. Го разбирам револтот на граѓаните за потегот од страна на трговците и производителите на лебот, како реакција на одлуката за замрзнување на цената на белиот и полубелот леб на 33 денари, што се одрази негативно на секојдневните потреби на граѓаните.БОКИ 13 ТВРДИ ДЕКА НЕГОВАТА БРЕНДИРАНА ОБЛЕКА Е УКРАДЕНА
Бојан Јовановски познат како Боки 13 повторно се огласи во јавнсота со негова реакција за одземениот имот.
Во неговото соопштение посочува дека се огласува по повод соопштение од Агенцијата за одземен имот, поврзано за одземената гардероба и друга брендирана стока во предметот Рекет. Дополнува дека токму поради таа гардероба и друга брендирана стока е осуден на 9 годишна затворска казна.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




