ФАКТОР НА ДЕНОТ: Короната си го зема „данокот“, Заев вели не треба да се тркаме со вакцинацијата
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 25 Декември, 2020
КОРОНАВИРУСОТ И ПОНАТАМУ „КОСИ“
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1892 тестирања, а регистрирани се 489 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-230, Куманово-28, Штип-7, Прилеп-21, Тетово-18, Струга-15, Велес-11, Битола-13, Охрид-26, Кавадарци-18, Гостивар-16, Гевгелија-14, Струмица-18, Крива Паланка-6, Радовиш-6, Крушево-4, Кочани-8, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-4, Валандово-5, Виница-3, Делчево-1, Кратово-2, Свети Николе-2, Кичево-2, Ресен-4, Неготино-3.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 748 оздравени пациенти од: Скопје-349, Куманово-29, Штип-12, Прилеп-57, Тетово-27, Струга-22, Велес-28, Битола-36, Охрид-40, Кавадарци-22, Гостивар-19, Гевгелија-9, Струмица-11, Крива Паланка-7, Радовиш-3, Крушево-1, Кочани-12, Пробиштип-4, Берово-7, Валандово-2, Виница-3, Делчево-11, Свети Николе-10, Кичево-10, Ресен-6 и Неготино-11.
Починати се 26 лица, девет пациенти од Скопје (69, 58, 71, 60, 49, 74, 44, 66 и 89г), двајца од Куманово (60 и 46г), еден од Штип (61г), тројца од Прилеп (72, 88 и 63г), еден од Струга (69г), двајца од Велес (61 и 72г), двајца од Битола (52 и 75г), еден пациент од Охрид (84г), еден од Гостивар (54г), еден од Струмица (71г), еден од Берово (79г), еден од Делчево (66г) и еден пациент од Кичево (51г). Пациентите се починати во болнички услови.ПРЕМИЕРОТ ВЕЛИ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ТРКАМЕ СО ВАКЦИНАЦИЈАТА
Премиерот Зоран Заев вечерва во Само интервју на Канал 5 изјави дека не треба да се тркаме кој прв ќе почне со вакцинација против коронавирусот.
Вели дека март ќе биде месец на вакцинација, и дека треба да се вакцинираат здравствени работници, хронично болни, вработените во градинките кои работат со децата. За Србија рече дека имале свои контакти и си обезбедиле вакцини. Но, Заев кажа дека дел од земјите се понудиле и дека тие прифатиле да добијат вакцини. За фактот дека прифатија Бугарија да ни донира вакцини, вели дека сакале да покажат пријателски гест.
„Имаме пари, но ова не беше за пари, ова беше донација“, кажа Заев.НИКОЛОВСКИ ВЕЛИ БИТКАТА СО ВИРУСОТ НЕ Е ЛЕСНА
Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски, кој е позитивен на коронавирусот и е во домашна изолација, вели дека борбата со оваа болест не е воопшто лесна и не е за занемарување.
Тој му се заблагодари и на својот тим кој, како што рече, напорно работи на зацртаните активности и постојано го информираат за секој нивни преземен чекор.
„Благодарам на сите за испратените желби за побрзо закрепнување. Болеста не е воопшто за занемарување и битката што се води не е нималку лесна, се надевам дека ова секому му е јасно.
Благодарам и на мојот тим кој напорно работи на сите активности и зацртани цели, информирајќи ме константно за секој превземен чекор.ПОЛИЦИЈАТА УПАДНА НА ЖУРКА
Полицијата објави фотографии од журка во стан во центарот на Скопје каде упаднала вчера по претходна наредба од Основен кривичен суд. На забавата во тој момент односно во 21.30 часот присуствувале 13 лица, а полицајците успеале да најдат и да запленат и кокаин, амфетамин.
Станот е во сопственост на правно лице.
KРИВИЧНА ЗА НИНА АНГЕЛОВСКА
Левица денеска до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против eкс министерката за финансии, Нина Ангеловска за Еуростандард банка, бидејќи додека била на функција, злоупотребувајќи инсајдерски сензитивни информации го повлекла својот депозит од 250.000 евра.
Тоа се случи непосредно пред банката да пропадне, со што ја искористила службената положба за остварување лична корист и се поставила во привилегирана и фаворизирачка позиција во однос на останатите доверители.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.