ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски го отфрли францускиот предлог и повика да се почитува македонскиот народ
Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2022 21:35
КОВАЧЕВСКИ ГО ОТФРЛИ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ
Премиерот Димитар Ковачевски го одби францускиот предлог, и постави пет дополнителни услови.
Ковачевски му се заблагодари на францускиот преттседател Емануел Макрон за ангажманот да се најде решение за спорот со Бугарија, но го одби неговиот предлог за започнување на преговорите ако не се уважат пет македонски услови, кажани и пред да замине во Брисел.
Тој побара чиста формулација за македонскиот јазик, гаранции за идентитетот, историските прашања да не се услов во преговарачката рамка, преговорите со ЕУ да почнат пред да влезат Бугарите во Уставот и да ни се дадат гаранции и од ЕУ и од Бугарија дека нема да има натаму нови условувања.БУГАРИТЕ ГО МОДИФИЦИРАА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ
Бугарија си го модифицираше, па го прифати францускиот предлог.
Комисијата за надворешни работи на бугарскиот Парламент вечерва донесе одлука да го прифати предлогот на политичката партија „Демократска Бугарија“ за уредување на односите со Македонија. Тој всушност е модификација на францускиот предлог за кревање на ветото.
Заклучокот на Комисијата е дека бугарскиот Парламент и наложува на Владата да го одобри предлогот на француското претседателство за укинување на ветото за почеток на преговорите за членство за Македонија со тоа што се бара документот експлицитно да се прецизира и подобри во „одбрана на бугарскиот национален интерес“.РАМА ЈА КРИТИКУВАШЕ ЕУ
Aлбанскиот премиер Еди Рама им се обрати со висок тон на бугарските новинари пред влегувањето на состанокот со лидерите на ЕУ во Брисел.
„Вие сте хаос, целосен хаос. Вие сте срамота. Срамно е членка на НАТО да држи во заложништво две други земји од НАТО, додека во задниот двор на Европа се води војна. Се разбира, не е пријатно да гледаме како други 26 држави демонстрираат немоќ“, изјави Рама пред бугарските новинари.УКРАИНА И МОЛДАВИЈА ДОБИЈА КАНДИДАТСКИ СТАТУС
Украина и Молдавија добија кандидатски статус за Европска Унија (ЕУ).
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел ја соопшти одлуката.
„Историски момент. Денешниот ден е клучен чекор на вашиот пат кон ЕУ“, напиша Мишел на Твитер.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
фото Влада
Можеби ќе ве интересира
Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ
Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6
Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...
„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите
Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол
АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата
Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка




