ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски влезе во вербален дуел со Румен Радев
Објавено во: Македонија 18 Мај, 2023
КОВАЧЕВСКИ ВО ВЕРБАЛЕН ДУЕЛ СО РАДЕВ
Наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците и наследниците на Радев во македонскиот Устав, му одговори македонскиот премиер Димитар Ковачевски на бугарскиот претседател Румен Радев.
Вели дека уставните измени се дел од Преговарачката рамка со Европската Унија „бидејќи ние преговараме со ЕУ, не со Бугарија“.
„И затоа сметам дека тоа е нешто што ќе тече како процес и е нешто што треба да се случи со оглед на тоа дека државата треба да стане членка на Европската Унија, бидејќи граѓаните го заслужуваат тоа“, вели Ковачевски.
Радев за БГНЕС изјави дека Мaкедонија може да каже дека гради модерно општество кога ќе ги впише сонародниците на Гоце Делчев во Уставот.АГЕЛЕР Е РАЗОЧАРАНА ОД ОПОЗИЦИЈАТА
Американската амбасадорка во Северна Македонија, Анџела П. Агелер е уверена дека процесот во кој е инволвиран „Бехтел“ е целосно транспарентен и законски, бидејќи, како што вели, тоа е начинот на кој функционира оваа компанија, во спротивно не би имала проекти насекаде во светот и неколку во регионот на Западен Балкан.
Агелер во интервју за МИА изрази разочарување поради тоа што опозицијата, како што вели, без да располага со сите факти и информации, го критикува проектот, нагласувајќи оти тоа го прави од политички причини, за добивање политички поени.ПОПЛАВИ ВО РЕГИОНОТ
Хрватска се приближува до сценариото од 2014 година: Никогаш поголема паника поради поплави, никој не го слуша плачот на исплашените луѓе
Хрватска беше погодена од најразорните поплави во изминатите неколку години, многу слични на оние со кои се соочи оваа земја во 2014 година. Дел од земјата е веќе целосно поплавен, на терен има стотици припадници на спасувачките служби, кои на секој начин се обидуваат што поскоро да ги евакуираат луѓето од поплавените подрачја и да изградат насипи за да ги спречат надојдените водни порои. Згора на се, некои хрватски политичари кои го сочинуваат самиот врв на државата „се обидуваат да ги смират“ исплашените граѓани кажувајќи им дека ситуацијата е многу полоша во другите европски земји, како што е Италија, со која исто така се соочува катастрофални поплави.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.