26 Ноември, 2024
0.0310

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кризна состојба во Македонија, денес нови 1.237 заразени со коронавирусот

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 20 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

МАКЕДОНИЈА Е ВО КРИЗНА СОСТОЈБА

Донесена е Одлука за постоење на кризна состојба во траење од 30 дена, почнувајќи од денеска. 

Владата  на денешната 23-та седница донесе Одлука за постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот САРС-КоВ-2 и заради спречување од негово ширење.

„Ова е на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, по претходен предлог на Групата за процена. Претходно на седница, Советот за безбедност препорача прогласување кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија, со цел ефикасно справување со последиците од кризата заради корона-кризата. Периодот за постоење на кризна состојба на територија на Северна Македонија е во траење од 30 дена, почнувајќи од 20 ноември 2020 година и за оваа Одлука Владата ќе го извести Претседателот на Република Северна Македонија и Собранието“, соопштија од Владата. 

Владата ќе му предложи на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски да одлучи за учество на дел од припадниците на Армијата (вид и број на сили и капацитети на армиските единици, намена и задачи за кои се бараат и времетраењето на активноста и ангажираноста на армиските единици) во справување со кризната состојба.

НОВИ 1.237 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3200 тестирања, а регистрирани се 1237 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-506, Куманово-34,  Штип-55, Прилеп-91, Тетово-51, Струга-31, Велес-67, Битола-30, Охрид-26, Кавадарци-31, Гостивар-75, Гевгелија-23, Струмица-38, Крива Паланка-8, Радовиш-11, Крушево-12, Кочани-15, Пробиштип-3, Демир Хисар-7, Македонски Брод-4, Берово-1,  Валандово-6, Виница-3, Делчево-2, Кратово-5,  Свети Николе-24, Кичево-36, Ресен-13, Неготино-29. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 748 оздравени пациенти од: Скопје-284, Куманово-49, Штип-32, Прилеп-61, Тетово-69, Струга-5, Велес-51, Битола-28, Охрид-13, Кавадарци-14, Гостивар-35, Гевгелија-12,  Струмица-25, Крива Паланка-7, Радовиш-8, Крушево-1, Кочани-15, Пробиштип-8, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Берово-4, Валандово-3, Делчево-5, Свети Николе-8, Кичево-1, Ресен-1, Неготино-5.

Починати се 39 лица, десет пациенти од Скопје (73, 84, 63, 61, 83, 38, 77, 76, 62 и 76г), еден од Куманово (76г), еден од Штип (51г), тројца пациенти од Прилеп (71, 57 и 56г), еден од Тетово (65г), шест од Велес (76, 59, 81, 63, 81 и 85г), пет од Битола (68, 65, 44, 76 и 69г), двајца од Охрид (54 и 63г), шест пациенти од Струмица (72, 85, 71, 54, 77 и 71г), еден од Крушево (44г), еден од Кочани (67г), еден од Кичево (67г) и еден пациент од Неготино (67г). Oд нив еден е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

ПОСТОИ ИДЕЈА ДА СЕ ДОЗВОЛИ КОНСУМАЦИЈА НА МАРИХУАНА ВО КАФУЛИЊАTA

„Ќе правиме ли Амстердам од Скопје?“, му рекол новинарот на Дојче Веле на премиерот ЗОран Заев во новото интервју, на што Зоран Заев одговорил „Зошто да не!“

„Целта е токму тоа. Да биде контролирано како во Амстердам и многу други градови во светот“. Идејата е да се даде можност во туристичките места, вклучително и Скопје, кафулињата постојни и нови, со почитување на одредени стандарди- вентилација, доказ за потекло на марихуаната и сл., да се овозможи консумација на марихуана внатре во нив“, вели премиерот. 

Стандардите ќе бидат исти за сите и секој ќе може да аплицира, објаснува Заев.

ДИМИТРОВ ВЕЛИ ЌЕ СЕ СВРТАТ КОН ПРИЈАТЕЛСКИТЕ ДРЖАВИ ВО УНИЈАТА

Денот кога Бугарија стави вето за почеток на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија не беше добар, ниту за Европа, ниту за европската перспектива на нашиот регион, а особено не за нас, рече вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во интервју за виенскиот весник „Стандард“.

Тој потенцира дека бугарското вето испраќа многу лош сигнал за регионот на Западен Балкан дека ЕУ не го препозна она што досега го постигна земјава, која во последните три и пол години ги реши проблемите со соседите, направи големи чекори кон отворено, демократско и мултиетничко општество и спроведе реформи за изградба на правна држава.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во повеќето македонски библиотеки бројот на читатели е зголемен во период додека светот и земјава се бори со пандемијата на коронавирусот.

Владата на последната седница во вторникот донела одлука за одобрување на исплата од 6 милиони денари за Спортскиот центар „Борис Трајковски“, а директорот Александар Петровски вели дека се тоа пара со кои ќе треба да се исплатат помеѓу две и три плати за вработените.

Ќе нема нов закон со кој неделата би се прогласила за неработен ден, туку ќе има соодветни измени во Законот за работни односи, тврдат за Фактор владини извори. Односно, ќе се направат измени на ЗРО, со кои ќе се утврди дека неделата се прогласува за неработен ден, освен ако со друг закон не е одредено поинаку.

Ѕинго беше прв човек на „Силекс“ четириесет години, во континуитет. Холдингот „Силекс“ го остави со добивка поголема од половина милион евра на крајот од третиот квартал годинава

Во моменти кога сметавме дека надворешните проблеми и отворените прашања со соседите се решени за конечно да ја трансформираме општествената енергија со јасен пат во евроатлантските институции, повторно сме блокирани.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик