19 Декември, 2025
0.0515

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Куче искасапи до смрт дете, јавноста е згрозена

Објавено во: Македонија 12 Април, 2023 21:12

Добивај вести на Viber

КУЧЕ ИСКАСАПИ ДЕТЕ ДО СМРТ ВО ПИНТИЈА

Роднини на несреќното починато осумгодишно дете, кои до смрт беше искасано од домашно куче, за Телма ТВ, раскажале дека детето често си играло со кучето откако пред четири години со неговото семејство се доселиле да живеат во Пинтија.

Двете семејства имале одлични меѓусоседски односи, а осумгодишното дете често имало контакти со кучето, се до вчерашниот напад, кој за него бил кобен.

Според очевидци на местото на инцидентот доцна синоќа излезен бил јавен обвинител и екипи на МВР кои се обиделе да го заловат разбеснетиот миленик за кој сопственикот имал соодветна документација. Извори од истрагата за Телма информираат дека сопственикот на англискиот бул мастиф вчеравечер веднаш бил повикан на информативен разговор во полициската станица.

„Вчера, околу 18:25 часот од УК за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ е добиена пријава дека кај нив е донесено малолетно лице, дете на осумгодишна возраст коешто подлегнало на повредите по напад од куче. Веднаш е известен и надлежен јавен обвинител по чијашто наредба телото е дадено на обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, изјави Тони Ангеловски, помошник на министерот за внатрешни работи за односи со јавност.

АПАСИЕВ ОБЈАСНИ ЗОШТО СЕ ПОКЛОНИЛ НА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев објасни зошто се поклонил пред гробот на Енвер Хоџа. 

„Поклонувањето на делгацијата на Левица на гробот на Енвер Хоџа е со цел партијата да ги привлече младите Албанци во Македонија кои имаат само десничарска политичка понуда“, вели претседателот на партијата, Димитар Апасиев во интервју за ТВ24.

Апасиев рече дека комунистичкиот диктатор е најпознатиот Албанец и ја модернизирал Албанија во своето време, поради што заслужува признание. Во врска со протерувањата и убиствата на неистомисленици во време на Хоџа, Апасиев рече „такво било времето, така правел.“

ЌЕ ИМА ПРЕКРШОЧНИ МЕРКИ ОТКАКО ПОЧИНА БЕБЕ ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА

Државниот санитарен и здравствен инспекторат, откако вчера спроведе вонреден надзор, откако вчера спроведе вонреден надзор за случајот со починатото бебе на младата родилка, пред малку на својата веб страница објави извештај. Најавени се прекршочни мерки за еден лекар кој учествувал во породувањето на родилката, а ДСЗИ ќе иницира и прекршочни мерки и за болницата, и за одговорното лице. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Скопјани се длабокот потресени од смртта на 8-годишното момче од Пинтија кое вчера до смрт било искасано од куче на соседот. Родителите се обиделе да сторат сè за да го спасат нивното синче, но за жал детето исрварило до смрт уште пред да биде донесено во болница. Директорот на Клиниката за хируршки болести „Свети наум Охридски“, или поранешната градска болница во Скопје, д-р Љубен Арсенков за Фактор изјави дека дежурната екипа направила сè за да го реанимира момчето, но како што вели тоа веќе искрварило.

Интересно е тоа што за наградата на Ѓорѓи Стојанов извршниот директор на БИМ Свети Николе, одлучува најголемиот акционер Стојанче Стојанов, кој воедно е и претседател на Одборот на директори на единствената македонска компанија која произведува битумен и изолациски материјали

Власта сака да ја врати Македонија назад пред 100 години, кога всушност се воведе осумчасовното работно време, смета синдикатот, откако државата е се поблиску до тоа да се обврзе дека при изградбата на патиштата од „Бехтел и Енка“, наместо 40 часово, ќе биде одобрено 60 часовно работно време во текот на една недела.

Многу лозари ги продаваат своите лозја кои се наоѓаат во околината на Кавадарци, Неготино, Росоман, Битола, Тетово, Скопје, Дојран, Велес, Штип, Свети Николе и други делови на државата. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот