13 Февруари, 2025
0.0270

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лавров рече дека Блинкен и Борел биле кукавици, а за проблемите на Балканот биле криви западните земји

Објавено во: Македонија 01 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

ЛАВРОВ ВО СКОПЈЕ ГИ КРИТИКУВАШЕ ЗАПАДНИТЕ ЗЕМЈИ

Рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, денеска на вториот ден од министерскиот совет на ОБСЕ одржа долга прес конференција на која присуствуваа огромен број новинари.

Говорејќи за самата организација, Лавров оцени дека ОБСЕ е пред колапс, со речиси иста реторика каква што имаше на вчерашната пленарна седница, потенцирајќи дека годинава Организацијата за безбедност и соработка нема причина за славење, бидејќи според него, ОБСЕ е пред колапс и дека сè она на кое се работело во изминатите години пропаѓа.

- Организацијата се претвори во нешто, кон што сум индиферентен. Индиферентен сум за исходот од денешната сесија, изјави Лавров.

СПАСОВСКИ КАЖА ДЕКА НЕМА ПОТВРДА ДЕКА ТРАГАТА НА ВАЊА СЕ ГУБИ КАЈ СИЛБО

Таткото на Вања Ѓорчевска на 27 ноември пријавил во полиција дека ја нема, но министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вели дека нема потврда дека трагата на девојчето се губи кај „Силбо“. 

Тој кажа дека апсолутно нема никаква потврда, дека трагата на Вања се губи пред „Силбо“ или пред „Броз“.

„Значи не е така. Ниту има можност за таква потврда врз основа на она што е извадено од камери коишто ги имаме. Така во овој дел ќе преземеме и понатаму интензивни активности бидејќи на целата територија на Скопје веќе се преземени, не само на подрачјето на Центар, туку Карпош, Ѓорче Петров, Битпазар. Првично беа вклучени само Центар и Битпазар, првиот момент за тој дел, тој простор каде што е можно да се наоѓа девојчето да бидат пребарани“, рече Спасовски и нагласи дека во овој дел интензивно се работи за да може да се расчисти целиот овој случај.

МУХАМЕД ЗЕКИРИ ДОБИ 2.5 ГОДИНИ ЗАТВОР

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири е осуден на две и пол години затвор за „злоупотреба на службена полпожба и овластување“

Тој треба и да ги надомести парите кои државата ги плаќала за физибилити студии без случување на тендер.

Нема да му се конфискува недвижниот имот во Чаир, ниту средствата кои се пронајдени во сефот на сопртугата.

Станува збор за првостепена пресуда од Кривичниот суд. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Житариците и млекото се клучни земјоделски производи во Европската унија. Вредноста на вкупното производство на житни култури во ЕУ достигна 64,4 милијарди евра во 2021 година, а на млекото беше 58 милијарди евра. Двата производи заедно создаваат скоро 30 проценти од вредноста на вкупното земјоделско производство.

Постои можност ЕСМ да го даде првиот од трите блока на РЕК Битола на менаџирање од страна на приватен оператор, според физибилити студијата која е нарачана и за која е склучен договор на 13 ноември.

Македонската најмоќна градежна компанија „Гранит“ е дефинитивно интересна за инвеститорите, а купувањето нејзини акции станува се почеста практика на Берзата, дали преку блок трансакции, или преку редовните тргувања на пазарот на капитал.

Се шпекулира дека ИГМ Трејд макар и времено би можела да биде покровител за спас односно за одржување во живот на гигантот „Еуроникел индустри“ (поранешниот ФЕНИ). 

фото Вагнел Тануровски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пратениците не си ги скратија патните трошоци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пратениците не си ги скратија патните трошоци

ТРИФОНОВ ВЕЛИ ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ СЕ МНОГУ НЕБЛАГОДАРНИ: Преку криви макарони ќе ја видат ЕУ

ТРИФОНОВ ВЕЛИ ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ СЕ МНОГУ НЕБЛАГОДАРНИ: Преку криви макарони ќе ја видат ЕУ

ДВА МЕСЕЦИ ЌЕ ИМА ЗАСТОЈ: Дел од товарен воз кој сообраќал од Гевгелија за Солун излетал од шините

ДВА МЕСЕЦИ ЌЕ ИМА ЗАСТОЈ: Дел од товарен воз кој сообраќал од Гевгелија за Солун излетал од шините

ПРАТЕНИКОТ МУРАТИ ГО КРИТИКУВАШЕ ГОВОРОТ НА ДОДИК ЗА СВЕТИ САВА: Стоилковиќ даде објаснување за настанот

ПРАТЕНИКОТ МУРАТИ ГО КРИТИКУВАШЕ ГОВОРОТ НА ДОДИК ЗА СВЕТИ САВА: Стоилковиќ даде објаснување за настанот

ЌЕ СЕ МЕНУВА ДРЖАВНИОТ ГРБ: Мицкоски и ВРЕДИ разговараат за ова прашање

ЌЕ СЕ МЕНУВА ДРЖАВНИОТ ГРБ: Мицкоски и ВРЕДИ разговараат за ова прашање

OJO: Преку системот на Европол ќе се обезбедуваат податоци за банкарски сметки и имот во странство на корумпирани бизнисмени и функционер

OJO: Преку системот на Европол ќе се обезбедуваат податоци за банкарски сметки и имот во странство на корумпирани бизнисмени и функционер

ЗАПЛЕНЕТA ГОЛЕМА КОЛИЧИНА ДРОГА НА ГРАНИЦА - голема акција на МВР и Царина

ЗАПЛЕНЕТA ГОЛЕМА КОЛИЧИНА ДРОГА НА ГРАНИЦА - голема акција на МВР и Царина

Доживотна затворска казна за Фадил Зејнелов

Доживотна затворска казна за Фадил Зејнелов

ОПОЗИЦИЈАТА ПРАШУВА, ВЛАСТА ОДГОВАРА - еве кои пратеници и министри денеска ќе ги вкрстат копјата

ОПОЗИЦИЈАТА ПРАШУВА, ВЛАСТА ОДГОВАРА - еве кои пратеници и министри денеска ќе ги вкрстат копјата