ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maкедонија бележи 1.161 нови заразени, а меѓу жртвите има двајца млади луѓе
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 11 Декември, 2020
ПОЧИНАА ЛУЃЕ НА ВОЗРАСТ ОД 30 И 35 ГОДИНИ ОД КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3114 тестирања, а регистрирани се 1161 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-410, Куманово-54, Дебар-19, Штип-54, Прилеп-59, Тетово-58, Струга-25, Велес-55, Битола-75, Охрид-51, Кавадарци-55, Гостивар-38, Гевгелија-38, Струмица-27, Крива Паланка-10, Радовиш-14, Крушево-1, Кочани-28, Пробиштип-7, Демир Хисар-3, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-1, Валандово-5, Виница-2, Делчево-5, Кратово-3, Свети Николе-18, Кичево-12, Ресен-7, Неготино-24.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 806 оздравени пациенти од: Скопје-295, Куманово-34, Дебар-4, Штип-20, Прилеп-49, Тетово-45, Струга-25, Велес-29, Битола-62, Охрид-33, Кавадарци-18, Гостивар-41, Гевгелија-15, Струмица-22, Крива Паланка-8, Радовиш-3, Крушево-3, Кочани-14, Пробиштип-7, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-9, Валандово-4, Виница-4, Кратово-1, Свети Николе-7, Кичево-14, Ресен-16 и Неготино-19.
Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (61, 66, 63, 67, 68, 64 и 30г), двајца од Куманово (53 и 63г), двајца од Штип (64 и 78г), двајца од Прилеп (85 и 85г), еден пациент од Струга (71г), еден од Битола (61г), четири пациенти од Гостивар (57, 83, 76 и 75г), еден од Струмица (80г), еден од Крива Паланка (73г), двајца од Кочани (66 и 67г), еден од Пробиштип (35г), пациент од Делчево (64г) и еден од Кичево (66г). Пациентите се починати во болнички услови.И ДЕНЕС ПОРАКИ ОД БУГАРИЈА ПО ВЕТОТО
Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева вели дека клучен фактор за ветото и најголем проблем во односите меѓу двете земји е неисполнувањето на Договорот за добрососедство.
Објасни дека едностраното прекинување на работата на историската комисија, антибугарската реторика и сопките за бугарските инвеститори се причина за незадоволство.
„Во тој Договор исто така, има текст за едностраните обврски за Македонија за тоа дека нема да има никакви претензии за македонското, т.н македонско малцинство во Бугарија”, рече таа.
Таа повика да се запре и говорот на омраза.СУДИЈАТА ОБЈАСНИ ЗОШТО МАНДИЌ ДОБИЛА КУЌЕН ПРИТВОР
Судијата по претходна постапка Ненад Савески за МИА изјави дека наместо притвор по барањето на Обвинителството, одредил само куќен притвор за поранешната заменик-претседателка на „Меѓународен сојуз“, Јасна Мандиќ, поради како што вели тој, нејзината материјална и семејна состојба.
Обвинетата Мандиќ, инаку поранешна соработничка на Бојан Јовановски, на вчерашното рочиште тврдеше дека советникот на Зоран Заев, Зоран Башановиќ, ургирал кај премиерот таа да не оди во притвор како осомничена во случајот, покажувајќи електронска порака.
Савески дека дека никој не му влијаел околу одлуката за притворот на Јасна Мандиќ, обвинета во предметот „Меѓународен сојуз“, коментирајќи ја наводната комуникација меѓу премиерот Зоран Заев и Зоран Башановиќ и наводните влијанија врз него.ЗА 10 ГОДИНИ НАД 65.000 МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ ДОБИЛЕ БУГАРСКИ ПАСОШИ
65.675 граѓани на Република] Северна Македонија се стекнале со Бугарско државјанство со декрет на потпретседателот за последните 10 години. Овие податоци ги изнесе министерката за правда на Бугарија, Десислава Ахладова, на пратеничко прашање во бугарскиот парламент.
Од 1 јануари 2010 година до 22 октомври оваа година поднесени се 77.829 пријави доставени како молби од Македонците да примат Бугарско државјанство.НАПРАВЕНА Е АНКЕТА ЗА ВАКЦИНАТА ЗА КОРОНАВИРУСОТ
Според извештајот од регионалната анкета на Глобсек спроведена во девет земји од Источна Европа, повеќе од една третина од испитаниците веруваат во конспиративни теории поврзани со КОВИД-19. Конспиративните теории имаат најголемо влијание во земјите од Западен Балкан.
Во Македонија дури 29 отсто од испитаниците веруваат во теориите на заговор, односно дека при вакцинацијата ќе им биде вграден чип.Истражувањето утврдило дека подготвеноста за вакцинација против Ковид-19 се зголемува со зголемување на довербата во јавните институции.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.