24 Ноември, 2024
0.0580

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија ќе добие 500 милиони евра заем од Унгарија

Објавено во: Македонија 11 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОБИЕ ЗАЕМ ОД УНГАРИЈА

Унгарската Влада ќе  позајми на македонската Влада сума од 500 милиони евра. 

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека со унгарскиот колега, Виктор Орбан имал плоден разговор. 

„Разговаравме за неколку теми меѓу кои и темата којашто можеби за македонските граѓани е најважна, а тоа е дека двете влади се договорија во иднина да воспостават специјална економска соработка, нешто што ќе значи сигурност и нешто што ќе значи финансиска стабилност за нашата македонска економија. Во името на таа соработка се договоривме дека веднаш сега одговорните лица, министерствата за финансии на двете Влади да отпочнат процес во којшто Унгарската Влада ќе и позајми на Македонската Влада сума од 500 милиони евра под следните услови, а тоа се камата од 3,25 проценти, три години грејс период, и 12 години рок на отплата, што е вкупно 15 години. Имајќи предвид дека воспоставуваме специјална економска соработка, тоа ќе подразбира дека во иднина кога ќе има потреба од такво нешто, ќе можеме повторно да се обратиме до нашиот специјален економски партнер, а тоа е Унгарската Влада и да побараме поддршка дополнителна што ќе биде потребна за македонската економија“, рече Мицкоски.

СДСМ ГО КРИТИКУВА МИЦКОСКИ ЗА ЗАЕМОТ

Oд СДСМ велат дека „конечно се отвориле картите и станало јасно зошто Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го криеле изворот на парите за новото огромно задолжување“.

Од партијата додаваат дека сега било јасно и зошто Мицкоски и неговите соработници секој викенд биле во Будимпешта на „консултации кај азилантот Груевски“.

„Специјалната економска соработка со Унгарија е во насока на презадолжување и политичко заложништво на нашата држава кон друга држава. Прашуваме каква е улогата на Груевски во оваа зделка? И на малите деца им е јасно дека позади ваквиот договор се кријат политички интереси кои многу брзо ќе излезат на виделина“, соопштија попладнево од опозициската СДСМ.

ЌЕ БИДАТ АНГАЖИРАНИ ПЕНЗИОНИРАНИ ПИЛОТИ ЗА ЕР ТРАКТОРИТЕ

Владата денеска одобри да се ангажираат двајца пензионирани пилоти за Ер трактори.

Владата на денешната седница даде согласност Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) да ангажира двајцата пензионирани пилоти на Ер трактори, соопшти Центарот за управување со кризи. Како што соопшти ЦУК, утре рано претпладне, пилотите ќе потпишат договор за дело.

„Веднаш потоа Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе ја тргне забраната за летање и Ер тракторите на ДЗС ќе може да полетаат кон пожарот на планината Серта (Конечка планина), а по потреба и кон кој било друг приоритетен пожар за гаснење“, наведува ЦУК.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Од чоколадната фабрика „Европа“ ја потврдија информацијата што Фактор ја објави пред околу еден месец, а таа е дека компанијата има нова директорка, односно Марина Симоноски, промена која од тогаш беше заведена во Централниот регистер. 

Просечната нето плата во центарот за контрола на летови „Македонски навигации“ лани изнесувала 2.480 евра, додека во Агенцијата за воздухопловство, која обезбедува лиценци за авио-компаниите, пилотите и аеродромите, личниот месечен нето доход за еден вработен во просек бил 1.380 евра во текот на минатата година.

Татјана Лопарски, сопственичка и извршна директорка на една од водечките ПР агенции во Македонија – Елемент ПР, ексклузивно во „Бизнис муабети“ на Фактор, открива како всушност го започнува ПР бизнисот.

На турска компанија и се отстапува непаричен влог во Силекс Неметали, додека, пак, на австралиска фирма и се отстапува удел од 1.900 евра во Силген ресурсис Интернешнл.

Стандардот на македонските граѓани и понатаму опаѓа, и покрај сите укажувања дека граѓаните најмногу трошат на основни продукти, и покрај растот на минималната плата, состојбите не се подбрени. 

Реалноста е сурова и покажува дека ГТЦ е компанија која најмногу приходува од одржување кое го наплаќа од кираџиите и од корисниците на околу 560 деловни единици (н.з. дуќани, кафиќи, ресторани). 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

АХМЕТИ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина

АХМЕТИ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина

ВЕНКО: Нема волшебно решение преку кое СДСМ ќе биде владејачка партија

ВЕНКО: Нема волшебно решение преку кое СДСМ ќе биде владејачка партија

БЕШЕ ГРАДОНАЧАЛНИК НА КРИВА ПАЛАНКА: Почина Борјанчо Мицевски

БЕШЕ ГРАДОНАЧАЛНИК НА КРИВА ПАЛАНКА: Почина Борјанчо Мицевски

ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ВО ЗЕМЈАВА: Нашиот интерес е да не дозволиме Русија да ја добие војната во Украина

ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ВО ЗЕМЈАВА: Нашиот интерес е да не дозволиме Русија да ја добие војната во Украина

ЗА ДА СЕ НАМАЛИ ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ: Кавадарци бара обиколница

ЗА ДА СЕ НАМАЛИ ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ: Кавадарци бара обиколница

ИЗБОР НА НАЈВИСОКИТЕ ТЕЛА НА ПАРТИЈАТА: СДСМ денеска ќе го одржи 30. Конгрес

ИЗБОР НА НАЈВИСОКИТЕ ТЕЛА НА ПАРТИЈАТА: СДСМ денеска ќе го одржи 30. Конгрес

ПОЛИЦИСКИТЕ БИЛТЕНИ СЕ ПОЛНИ СО ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: „Сивата бројка“ на непријавени случаи е многу поголема

ПОЛИЦИСКИТЕ БИЛТЕНИ СЕ ПОЛНИ СО ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: „Сивата бројка“ на непријавени случаи е многу поголема

СЕ ОЧЕКУВА СТУДЕНО ВРЕМЕ: Teмпературата ќе се спушти под -10 степени

СЕ ОЧЕКУВА СТУДЕНО ВРЕМЕ: Teмпературата ќе се спушти под -10 степени

МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗБУДИ СО ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Кичево и делови од Скопје најзагадени

МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗБУДИ СО ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Кичево и делови од Скопје најзагадени