ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија ќе добие вакцини од Србија, денес нови 63 заразени со коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 18 Јануари, 2021
МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОБИЕ ВАКЦИНИ ОД СОСЕДНА СРБИЈА
Прeмиерот Зоран Заев денеска пред новинарите рече дека Македонија ќе купи 8.000 дози од вакцината Фајзер против Ковид-19 по набавна цена. Тие биле понудени од српскиот претседател Александар Вучиќ како донација, но претседателот на македонската влада рече дека била одбиен предлогот за толкав степен на великодушност.
Тој рече дека во моментов се водат преговори и за руската и кинеската вакцина, кои че пристигнат во Србија во изобилство, но за тоа треба да се проверат договорите дали Србија има право да ги дава на трети земји.
- Сакам да ја споделам оваа среќна вест. Рразговаравме со српскиот претседател Вучиќ и ја прифативме понудата за превземање на 8.000 дози од фајзеровите, а за другите тие прво ќе видат во договорите дали ќе може тоа да го направат за друга земја. Сакам да се заблагодарам до српскиот народ што солидарно сакаат да споделат со својот јужен сосед. Иако ни беше понудено како донација, ние ќе ги купиме по набавна цена затоа што имаме пари за тоа, рече Заев.ДЕНЕС НОВИ 63 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 529 тестирања, а регистрирани се 63 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-42, Куманово-3, Тетово-2, Прилеп-2, Гостивар-1, Штип-1, Битола-1, Велес-2, Охрид-1, Струмица-2, Кавадарци-1, Неготино-1, Виница-1, Пробиштип-2, Крушево-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 176 оздравени пациенти од: Скопје-101, Штип-7, Битола-4, Охрид-22, Кавадарци-9, Струга-4, Кочани-4, Неготино-5, Дебар-7, Крива Паланка-3, Ресен-2, Радовиш-1, Берово-3, Пробиштип-2, Демир Капија-2.
Починати се 13 лица, пет пациенти од Скопје (69, 72, 77, 66 и 66г), два од Велес (66 и 80г), три од Струга (74, 87 и 73г), еден пациент од Кратово (52г), еден од Крушево (79г) и еден од Демир Капија (62г). Пациентите се починати во болнички услови.КАЗНЕТ ПРАТЕНИК КОЈ СЕ СНИМАШЕ ДОДЕКА ВОЗИ
Пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски, снимаше видео на мобилен телефон додека возеше. Видеото го објави на социјалните мрежи пред три часа, а во меѓувреме полицијата соопшти дека е казнет поради користење на мобилен телефон додека управува возило.
Во видеото поранешниот директор на Службен весник ги фали политиките на владеачката партија.
„Доаѓаат убави денови за Јавните претпријатија во Куманово и државата. Предлог-закон за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните претпријатија. СДСМ ги исполнува дадените изборни ветувања, претпријатијата да работат, а не да враќаат долгови со години“, напиша Костовски на Фејсбук.
Веднаш потоа Министерството за внатрешни работи соопшти дека е казнет пратеник, кој зборувал на телефон додека вози.МИЈАЛКОВ И ЈАНКУЛОСКА СЕ ПОЈАВИЈА НА СУД
Екс министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска не знаела дека комисијата која со нејзина одлука е формирана во УБК ја уништила опремата за прислушување со која се следени телефоните на повеќе од 20.000 граѓани.
Јанкулоска ова го кажа на денешното рочиште во случајот „Таргет-Тврдина“. Таа во судот изјави дека за уништувањето на опремата дознала дури кога СЈО отвори истрага за овој случај.
„До вакви сознанија дојдов кога СЈО го отвори предметот „Тврдина„ кој се однесува на уништувањето на опремата. Од оваа перспектива, гледајќи ги писмените документи, без да се имаат предвид изјавите на сведоците, невозможно е да се препознае за што точно станува збор во таа постапка каде што била уништена опремата“, рече Јанкулоска.
Таа додаде дека Комисијата и нејзините членови се должни да ги почитуваат правните стандарди и дека имале голема одговорност. Вo случајот таа е обвинета за уништувањето на опремата за прислушување.СОБИРОТ ВО НИЖЕПОЛЕ БИЛ СПОНТАН
Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, споредувајќи ги ситуациите во Вевчани, каде што карневалот беше растурен од полицијата, и во Нижеполе, каде непречено се собраа голем број на битолчани на промотивното скијање, рече дека се работи за два различни настани.
- Во Вевчани се работеше за настан кој требаше да биде успешно организиран, додека во Нижеполе собирот беше спонтан. Ова е практично спонтано собирање на граѓани. Ние имавме полициски службеници и на Попова Шапка и во другите скијачки центри, меѓутоа немојте да очекувате дека МВР треба да биде единствено кое ќе треба да влијае во однос на ваквите настани, рече Спасовски, одговарајќи на денешната прес-конференција.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Во последните години, органското производство на лешници доживува експанзија во земјава.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.