26 Ноември, 2024
0.0344

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија останува во чекалната на ЕУ, денес имаме дури 46 починати од корона

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 09 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА ВО ЧЕКАЛНАТА НА ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска, по повод ветото од Бугарија за Македонија за почетокот на преговорите со ЕУ во обраќањето до јавноста истакна дека до овој момент Европската Унија не постигна согласност за прифаќање на преговарачката рамка за нашата земја. Оценува дека оваа неодговорна грешка е горчлива вест за целата нација.

-Бугарија стави вето, го прекрши Договорот за добрососедство и пријателство и со тоа застана на патот на нашата европска интеграција за која во повеќе наврати институциите на ЕУ и земјите-членки, вклучувајќи ја и Бугарија, потврдија дека целосно ги исполнуваме условите. Тоа не е европски начин. За жал, Бугарија не собра сила да се однесува европски. Бугарија дозволи, да испорача гест кој не покажува ни пријателство, ни братство.Ставот на Бугарија е целосно ирационален и навредлив за Македонците и за целиот наш народ. Во 21 век, не е европски, ниту демократски, да му кажете на друг како да се чувствува, како да се самоопределува. Не е европски да му ја пишувате историјата на друг народ. Да му наметнувате идентитет на друг народ и да го убедувате дека треба да го прифати.За Северна Македонија, за македонскиот народ и за сите граѓани на нашата земја не се прифатливи овие услови, вели премиерот во неговото обраќање.

Истовремено посочува дека како Влада стојат цврсто во одбрана на македонските национални интереси и не дозволија, како што вели, да се чепка во достоинството на македонскиот идентитет и во столбовите на идентитетот, а тоа се македонскиот народ и македонскиот јазик.

„Антибугарската кампања, обидите да се дискредитира Бугарија, ширење на лажни информации - дека ставивме вето, на пример, и дека го оспоруваме самоопределувањето - тие работи сигурно не помагаат, туку попречуваат градење доверба со Северна Македонија “, изјави денеска министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, по средбата со специјалниот претставник Владо Бучковски во Софија.

РЕКОРДЕН БРОЈ ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1470 тестирања, а регистрирани се 504 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-174, Куманово-15, Дебар-21, Штип-18, Прилеп-36, Тетово-47, Струга-1, Велес-31, Битола-8, Охрид-19, Кавадарци-26, Гостивар-27, Гевгелија-15, Струмица-12, Крива Паланка-5, Радовиш-7, Крушево-1, Кочани-3, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-2, Валандово-2, Виница-1, Делчево-6, Свети Николе-15, Неготино-10. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 731 оздравени пациенти од: Скопје-252, Куманово-18, Штип-34, Прилеп-47,  Тетово-22, Струга-34, Велес-35, Битола-33, Охрид-24, Кавадарци-18, Гостивар-39, Гевгелија-5, Струмица-12, Крива Паланка-4, Радовиш-6, Крушево-60, Кочани-5, Пробиштип-7, Демир Хисар-3, Македонски Брод-2, Виница-7, Кратово-4, Свети Николе-10, Кичево-24, Ресен-13 и Неготино-13.

Починати се 46 лица, деветнаесет пациенти од Скопје (85, 28, 66, 64, 73, 72, 84, 73, 67, 78, 75, 72, 73, 67, 84, 81, 72, 72 и 84г), еден од Дебар (74г), еден од Штип (81г) и еден од Прилеп (83г), пет пациенти од Тетово (78, 83, 82, 74 и 67г), двајца од Струга (61 и 61г), тројца од Велес (68, 68 и 59г), тројца од Охрид (71, 89 и 57г), еден пациент од Кавадарци (64г), еден од Гостивар (59г), тројца од Струмица (73, 75 и 83г), двајца од Кочани (82 и 70г), еден од Демир Хисар (71г), еден од Македонски Брод (64г) и двајца пациенти од Кичево (80 и 67г). Од нив седум пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

ИСТОРИЧАРИТЕ ЌЕ ИМААТ ТЕХНИЧКА СРЕДБА ЗА ПРИДАВКАТА „МАКЕДОНСКИ“

Претседателот на македонската билатерална комисија Драги Ѓорѓиев синоќа во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека во наредните денови ќе се одржи техничка средба со бугарските историчари во рамки на Мешовитиот комитет за да се надмине проблемот со употребата на придавката „македонски“.

- Придавката македонски е вториот проблем, записниците ги запишувавме согласно договорот, а употребата на придавката во самиот протокол. Кога ние ја употребувавме и кога го преточувавме тоа во протокол, до 6-тиот протокол немаше таков проблем, а започна со разгледувањето на 7-миот протокол на осмата средба во октомври. 

КАЛФИН ВЕЛИ ДЕКА БУГАРИЈА ГУБИ СО ВЕТОТО

Бугарија е губитник во сегашната ситуација и ќе остане запишана во историјата како земја што ги запре преговорите за пристапување на Македонија и Албанија во ЕУ, иако сакаше да биде лидер и да го води процесот на евроинтеграција на Западен Балкан, оценува поранешниот бугарски министер за надворешни работи Ивајло Калфин.

Во изјава за БНТ, Калфин вели дека бугарската позиција им одговара на други земји, кои исто така не сакаат да продолжи процесот на проширување на ЕУ, но ја користат Бугарија како изговор за тоа.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Македонија целосно се подготвува за имунизацијата против корона вирусот. Здравствените власти очекуваат вакцината да пристигне во земјава некаде во март, а во овие три месеци се прави целосна подготовка за непречено да отпочне овој процес.

Хуснија Камберовиќ, историчар од БиХ, еден од потписниците на писмото кое неодамна го упатија историчари во регионот, со цел историјата да не се злоупотребува во преговорите меѓу Македонија и Бугарија, за Фактор вели дека дијалог сепак треба да има меѓу македонските и бугарските колеги.

Иако навидум изгледаше дека ќе оди мазно, прогласувањето на неделата за неработен ден и преточувањето на оваа идеја во законско решение, засега по се изгледа дека не тече така лесно.

Владата очекува граѓаните за десетина дена да ги добијат тие 6.000 денари финансиска помош и се смета дека имаат доволно време да ги потршат парите до 25 декамври кој е краен рок. Сепак се тврди дека кој нема до 25 декември да ги потроши сите 6.000 денари што како финансиска помош за ранливи категории ќе бидат исплатени од буџетот за од прилика десетина дена, нема да остане без нив и после тој рок, односно ќе има флексибилност. 

Водењето аптеки е кор женски бизнис во Македонија! Податоците за лани покажуваат дека жените се исклучително вешти и способни бизнисмени кога станува збор за организирање малопродажба на лекови, медикаменти, препарати и се друго што може да се купи во нашите аптеки. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик