ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maкедонија регистрира скоро 600 заразени, во соседството почнува вакцинирањето
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 24 Декември, 2020
ДЕНЕС МАКЕДОНИЈА ИМА СКОРО 600 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2206 тестирања, а регистрирани се 592 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-259, Куманово-31, Дебар-7, Штип-8, Прилеп-30, Тетово-18, Струга-21, Велес-17, Битола-24, Охрид-28, Кавадарци-35, Гостивар-21, Гевгелија-8, Струмица-12, Крива Паланка-9, Радовиш-5, Кочани-7, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-2, Валандово-3, Виница-4, Делчево-4, Кратово-1, Свети Николе-5, Кичево-10, Ресен-7, Неготино-12.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 691 оздравени пациенти од: Скопје-245, Куманово-26, Штип-28, Прилеп-76, Тетово-23, Струга-12, Велес-23, Битола-47, Охрид-13, Кавадарци-25, Гостивар-29, Гевгелија-17, Струмица-19, Крива Паланка-2, Радовиш-5, Кочани-13, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-5, Пехчево-1, Берово-16, Валандово-1, Виница-2, Делчево-12, Кратово-4, Свети Николе-7, Кичево-11, Ресен-7 и Неготино-18.
Починати се 21 лице, шест пациенти од Скопје (79,78,68,62, 64 и 53г), двајца од Куманово (69 и 78г), двајца од Тетово (60 и 72г), тројца од Прилеп (61,77 и 85г), еден пациент од Штип (87г), еден од Охрид (77г), еден од Струга (69г), двајца пациенти од Битола (64 и 85г), еден од Струмица (83г), еден од Берово (59г) и еден пациент од Валандово (52г).Сите пациенти се починати во болнички услови.НОВА ПРОВОКАЦИЈА ОД КАРАКАЧАНОВ
Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов во своето последно телевизиско гостување излезе со нова провокативна изјава, алудирајќи на тоа дека Македонија е таа која ги присвојува историските личности за севе.
- Потпишавме договор пред 3 години, тој не се запазува. Не знам дали знаете дека дури и Исус Христос е Македонец. Скопските политичари мораат да ја градат својата историја врз основа на автентични факти од нивната историја, рече министерот за одбрана во интервјуто за бугарската национална телевизија.
Тој вели дека Македонија треба да го промени пристапот кон заедничката историја за да добие датум на преговори со ЕУ.НОВА НАДЕЖ ЗА БОЛНИТЕ ОД КОВИД
Лекот кој се смета за голема надеж и како ефикасен за лекување на болни од коронавирусот, Ивермектин, добил зелено светло од Комисијата за заразни болести. Официјалниот документ се очекува денеска да стигне во Агенцијата за лекови.
Оваа информација за неколку медиуми ја потврдил и директорот на Агенцијата за лекови, МАЛМЕД, Лирим Шабани.
Според него, по добивањето на документот, веднаш ќе почнат со процес на увоз на инвермектинот, но битно е колкава количина ќе биде потребна.СРБИТЕ ПОЧНУВААТ СО ВАКЦИНАЦИЈА
Министерката за труд, лекарка и член на Кризниот штаб за борба против коронавирусот во Србија, д-р. Дарија Кисиќ Тепавчевиќ денеска ќе ја прими вакцината „Фајзер“.
Таа за српските медиуми изјави дека се чувствува горда затоа што Србија успеала да ја добие вакцината меѓу првите во светот.
Дарија Кисиќ Тепавчевиќ изјави дека вакцинирањето во Србија започнува денес, прво меѓу најстарите граѓани во домовите за стари лица.Русите направија нешто посебно, вели српскиот инфектолог Ана Глигиќ во интервју за РТС.
ПОЧНУВА СУДЕЊЕТО НА БОНЕВА
Денес започна судскиот процес што го води обвинителството против Силвана Бонева за фамозното фиктивно прикажување на патните трошоци како поранешна пратеничка. Таа го отфрла обвинението како невистинито и паушално.
„Во овој судски процес со приложените 6967 докази и 28 сведоци, ќе докажам и пред судот и пред јавноста дека обвинението поднесено против мене е невистинито и паушално, исто како што беа и големите лаги дека сум била рекордер во земањето на патни трошоци, големата лага дека сум купила станови со криминални пари и медиумскиот линч што со години беше спроведуван врз мене, врз основа на тие лаги“, напиша Бонева на Фејсбук.
Поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ и извршувач на неколку други функции додава дека поднела и претставка до Народниот правобранител, кој врз основа на приложената документација, покренал постапка, како што вели таа, за заштита на нејзините права.Некогаш не треба само да знаеш како да работиш, туку и како да ти се паднат добитните комбинации во игрите на среќа.
Лани скопјанка заработила 476 илјади евра од лото, објави денеска директорката на УЈП Сања Лукаревска, на прес конференцијата по обработените годишни даночни пријави.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.