ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се пласираше на Европското фудбалско првенство, идната недела пак ќе се разговара за нови рестрикции
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 12 Ноември, 2020
МАКЕДОНИЈА СЕ ПЛАСИРАШЕ НА ЕВРОПСКОТО ФУДБАЛСКО ПРВЕНСТВО
Со победата над Грузија, Македонија се пласираше на Европското фудбалско првенство.
Македонија во 60 минута од натпреварот против Грузија постигна гол.
Стрелец на единствениот гол беше Горан Пандев по акција на Елиф Елмас и Илија Несторовски.
Европското првенство треба да се одигра следната година во неколку градови во Европа.
Македонија на својот дебитантски настап на континенталниот турнири ќе игра во рамки на Групата Ц заедно со селекциите на Холандија, Австрија и Украина. Градови домаќини на натпреварите од оваа група ќе бидат Букурешт и Амстердам.
Европското првенство почнува на 11 јуни 2021 година.Во Скопје веќе се слави за пласманот на Европското фудбалско првенство.
И ДЕНЕС ВИСОКА БРОЈКА НА ЗАРАЗЕНИ
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3315 тестирања, а регистрирани се 1295 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-539, Куманово-55, Дебар-3, Штип-36, Прилеп-92, Тетово-83, Струга-35, Велес-40, Битола-50, Охрид-26, Кавадарци-34, Гостивар-72, Гевгелија-24, Струмица-23, Крива Паланка-7, Радовиш-3, Крушево-3, Кочани-32, Пробиштип-7, Демир Хисар-16, Пехчево-2, Берово-11, Виница-7, Делчево-5, Кратово-6, Свети Николе-13, Кичево-40, Ресен-13, Неготино-18.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 429 оздравени пациенти од: Скопје-190, Куманово-25, Штип-18, Прилеп-40, Тетово-30, Струга-1, Велес-26, Битола-11, Кавадарци-12, Гостивар-14, Гевгелија-13, Струмица-23, Крива Паланка-1, Крушево-1, Кочани-8, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-1, Свети Николе-3, Кичево-4, Ресен-1, Неготино-5.
Починати се 26 лица, шест пациенти од Скопје (88, 80, 60, 63, 69 и 74г), еден од Куманово (86г), еден од Штип (76г), пет пациенти од Прилеп (48, 61, 73, 36 и 74г), двајца од Тетово (76 и 77г), пациент од Струга (86г), шест пациенти од Битола (81, 76, 74, 71, 88 и 82г), еден од Охрид (72г), двајца од Кавадарци (77 и 77г) и еден пациент од Свети Николе (62г).ЗАЕВ ВЕЛИ ЗА НЕКОИ РАБОТИ НЕ СЕ ПРЕГОВАРА
Има работи за кои никаде во светот не се преговара, ниту пак кај нас ќе се преговара, изјави премиерот Зоран Заев.
Вели дека тоа бугарската страна не го сфаќа.
„Ние продолжуваме да изнаоѓаме решенија кои би биле прифатливи за двете страни. Но, дефинитивно стојам и денеска како на тој 11-ти октомври дека постои сериозна можност да не добиеме прва меѓувладина конференција со ЕУ”, рече Заев.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.