ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонскиот БДП падна за 12.7 отсто, денес имаме 6 жртви и 37 позитивни
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 07 Септември, 2020
ГОЛЕМ ПАД НА БДП
Oгромен пад регистрира македонскиот Бруто домашeн производ.
Статистика објави дека стапка на раст од минус 12,7 отсто, е пад кој не е забележан од 2001 година, кога земјата се соочи со воен конфликт.
Премиерот Зоран Заев е оптимист. Вели дека нашата економија 60 проценти е поврзана со европската економија и голем дел од работите не зависат само од нас. Како пример посочи дека и германската економија има голем пад.
Според Заев, БДП е во согласност со проекциите, а параметрите покажуваат дека добро се справуваме со економските состојби.Зоран Јовановски, главен советник на Управниот одбор на Стопанска комора на Македонија за економски прашања, и некогашен потпретседател на СДСМ, на Фејсбук пишува дека високиот пад на македонската економија од 12,7 отсто, регистриран во месеците април, мај и јуни, е очекуван.
Додава дека тогаш секаде се случи најголемиот удар врз економијата.ЗА 24 ЧАСА НОВИ 6 ЖРТВИ НА КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 484 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-9, Дебар-1, Прилеп-5, Тетово-3, Гостивар-1, Гевгелија-12 (странски државјани), Струмица-1, Радовиш-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Делчево-1, Кратово-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 251 оздравен пациент од: Скопје-171, Куманово-15, Штип-10, Прилеп-15, Тетово-2, Велес-6, Битола-2, Кавадарци-4, Гостивар-2, Гевгелија-2, Пробиштип-3, Пехчево-3, Берово-5, Виница-1, Свети Николе-8, Кичево-1, Неготино-1.
Починати се 6 пациенти, од Скопје (73г), Струга (79г), Гостивар (55г), Крива Паланка (63г), Делчево (86г) и од Кичево (74г). Сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15127, бројката на оздравени пациенти е 12486, на починати е 623, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2018.Чеси се заразиле со коронавирусот во Македонија.
Дванаесет чешки полицајци кои работеле на македонско-грчката граница се заразени со коронавирусот.
Странските државјани кои во Гевгелија се заразиле се полицајци од Чешка кои работат на обезбедување на македонско-грчката граница.ВМРО-ДПМНЕ ИЗЛЕГУВА НА ПРОТЕСТИ
Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, в среда најави протести пред Регулаторната комисија за енергетика поради поскапувањето на електричната енергија од август. Тој рече дека незадоволство ќе биде изразено и против задолжувањето и како што вели тој, неможноста на власта да се справи со економските последици од кроона-кризата. Маршот ќе тргне од Министерството за правда во 11 часот, а ќе заврши пред РКЕ, затоа што, како што вели Мицкоски, сметките за поскапа струја не оштетуваат сите.
„Државата влегува во должничко сценарио и влегуваме веќе во рецесија. Имаме богата влада, но сиромашен народ. Потрошија една милијарда евра, а резултатите се нагативни. Денес имаме историски најлош пад на БДП кој го немаше ниту во времето на конфликтот. Таа милијарда се стави в џеб и мафијата купуваше гласови, рече Мицкоски.
И уште нешто, да нема изговор од Владата и мафијата на Заев дека пари во буџетот нема. Пари има, ама тие не одат кај народот. Пари има затоа што потрошија 1 милијарда евра на поткуп, трошат над 8 милиони евра за возила, трошат за колачи и тендери за вафли додека народот живее на вересија. Им пропадна банка од 200 милиони евра и око не им трепнува. Обезбедуваат повластена тарифа за универзалниот снабдувач на струја и екстра тендери на струмичка агеција за обезбедување за што се сомневаме дека испумпуваат пари додека сто илјади граѓани живеат со помалку од 50 денари дневно. Ете затоа протестираме, а пари има и цената на струјата мора да се врати по старо“, рече Мицкоски.
Ги повика сите незадоволни политички партии, интелектуалци, синдикати здруженија, еснафи и поединци.на обединување во опозициски фронт.ПРЕТСТАВКА ЗА СУДИЈКАТА ЕЛЕНА ИЛИЈЕВСКА ЈОСИФОВИЌ
Наташа Димитриевска, сопругата на Гоце Димитриевски кој го загуби животот по сообраќајката што во 2018 година се случи кај „Млечен“ во Скопје, поднесе претставка до Судскиот совет против судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, поради пристрасност.
Пресудата изминатиот период предизвика бран на негативни критики во јавноста откако возачот кој преминувајќи преку две ленти му го одзеде животот на Димитриевски а неговата сопруга го загуби плодот и беше повредена, при што 64-годишникот доби само условна казна.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Во услови на епидемија корисниците почнаа да користат многу повеќе интернет, ги сменија навиките.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.