ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maкедонскиот зелен ковид пасош ќе биде готов идната недела, Мијалков останува во притвор
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 20 Мај, 2021 20:09
ЗЕЛЕН КОВИД ПАСОШ ОД ИДНАТА НЕДЕЛА
Во текот на следната недела ќе биде готов дигиталниот грин-пас, а министерот за здравство, венко Филипче, при денешниот настан донација на 72.000 брзи тестови од страна на Германија, детално објасни кои податоци ќе ги содржи и како ќе се користи. Според него, во моментов не може да се каже дали во европските земји ќе може да патуваат и вакцинираните со руската вакцина Спутник V или кинската Синофарм.
-Каква ќе биде политиката на земјите членки на ЕУ или на секоја од земјите поединечно во рамки на ЕУ, надвор од Унијата или ширум светот сега е тешко да се каже. Имаме некои најави, некои информации, некои од ставовите на земјите се менуваат. Но, она што во овој момент можам да го кажам, нашиот грин-пас кој што го спремаме ќе биде готов следната недела.
Тој е електронски пас преку QR код, односно апликација која ќе може да се симне на секој мобилен телефон.МИЈАЛКОВ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР
Сашо Мијалков останува во притвор во затворот Шутка. Основниот кривичен суд соопшти дека дека Судскиот совет одлучил да ја отфрли препораката на Обвинителството за поранешниот началник на тајната полиција Сашо Мијалков.
Инаку, Јавното обвинителство вчера препорача Мијалков да се брани на слобода во случајот „Трезор“, откако тој понуди гаранција од околу 10,8 милиони евра.Според судот, Мијалков би можел да избега,а веќе има и првостепени пресуди по други предмети.
Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд во рок од 3 дена по приемот на решението.КЕРИМ И БОЖИНОВСКА ЌЕ ГО СОВЕТУВААТ ОСМАНИ
Јавноста денеска е во најмала рака изненадена од одредени имиња кои ќе го советуваат министерот за надворешна политика Бујар Осмнани, за надворешната политика на земјава.
Меѓу овие личности, се појавува и името на Срѓан Керим, поранешен дипломат, кој, меѓу другото, е еден од двајцата осомничени во случајот на СЈО за пропаднатата Медиа принт Македонија.
ЗА 24 ЧАСА ИМА 50 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 2.533 тестирања, а регистрирани се 50 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 26, Битола – 7, Куманово – 6, Прилеп, Охрид и Струга – по 2, Гостивар, Кочани, Дебар, Виница и Кратово – по 1.
Регистрирани се 133 оздравени пациенти од:
Скопје – 58, Куманово и Прилеп – по 10, Виница – 8, Струмица – 6, Охрид, Штип и Радовиш – по 5, Велес – 4, Гостивар, Кичево и Свети Николе – по 3, Битола, Кочани и Кавадарци – по 2, Струга, Тетово, Ресен, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија – по 1 .
Пријавени се вкупно 16 починати лица: 4 лица од Тетово (72г,77г,84г и 85г), 3 лица од Куманово (61г,62г и 81г) и по 1 лице од Скопје (70г), Прилеп (68г), Виница (73г), Струмица (67г), Велес (70г), Кочани (75г), Струга (70г), Неготино (47г) и Македонска Каменица (70г).НЕВРЕМЕ ГО ЗАФАТИ СКОПЈЕ
Силно невреме го зафати главниот град на државата, особено во централното градско подрачје.
Покрај силниот дожд и јаките грмотевици, паѓаше и силен град со големуина на лешник.
Оваа временска прогноза беше и најавена, односно се очекуваа врнежи од дожд во текот на целиот ден.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Податоците на Министерството за труд и социјална политика покажуваат дека во државата има 296 бездомници, при што најголем дел од нив се од Скопје.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“





