27 Ноември, 2024
0.0269

„ГО ЧЕКАМЕ ИСХОДОТ ВО СЕКОЈ МОМЕНТ“: Филков за осудените Демири и Исмаиловиќ за петкратното убиство кај Смилковско езеро

Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Чекаме. Како што разговаравме со колешката минатата недела таму процедурата е во тек, така што го чекаме исходот во секој момент, изјави министерот за правда Игор Филков, на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање до каде е екстрадицијата од Косово на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се осудени на доживотен затвор за кривичното дело „тероризам“ во случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското езеро.

На почетокот на октомври, Филков во Приштина оствари работна средба со косовската министерка за правда Албулена Хаџиу, на која, како што информираа тогаш, меѓу другото било разговарано за случајот „Монструм“. 

- На средбата беше дискутирано и за две отворени прашања од интерес на двете земји. Разговарано беше за случајот „Монструм“, за којшто од косовска страна беше презентирано дека барањата за екстрадиција се процесуирани од страната на Јавното обвинителство и дека веднаш откако ќе биде донесено решение или ќе имаат конкретни информации за истото ќе го информираат Министерството за правда на Република Северна Македонија, соопшти Министерството за правда.

Барањата за екстрадиција од Косово, биле тема на разговор и на средбата во август во Скопје, на македонскиот и косовскиот премиер Христијан Мицкоски и Албин Курти.

Претходно, Филков во јули годинава информира дека потпишал барање за екстрадиции за Демири и Африм, кои се доставени до косовското Министерство и се чека на одговор.

Во судскиот процес за случајот познат како „Монструм“, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ. Обвинетиот Фејзи Азири доби 15 години затвор, а Хаки Азири 9 години. Ослободителна пресуда поради недостиг на докази доби единствено обвинетиот Сами Љута.

Исмаиловиќ и Демири се обвинети дека се двајца од тројцата непосредни извршители на убиствата кај Смилковско езеро. Тие се во Косово, по нив беа распишани потерници, но и покрај ветувањата од Приштина, досега не се екстрадирани во нашата држава.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Телохранителот на Сашо Мијалков добил 50.000 евра отштета од државата

Телохранителот на Сашо Мијалков добил 50.000 евра отштета од државата

НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ, А КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Болниците и домовите за грижа – отскочна даска за заминување во странство

НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ, А КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Болниците и домовите за грижа – отскочна даска за заминување во странство

ЗА СОСТОЈБАТА НА ТАРАВАРИ СЕ ОГЛАСИ МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: Еве зошто министерот колабирал

ЗА СОСТОЈБАТА НА ТАРАВАРИ СЕ ОГЛАСИ МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: Еве зошто министерот колабирал

„АДМИНИСТРАЦИЈАТА Е ПРЕТВОРЕНА ВО АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ПАРТИСКИ КАДРИ“: СДСМ со остра реакција

„АДМИНИСТРАЦИЈАТА Е ПРЕТВОРЕНА ВО АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ПАРТИСКИ КАДРИ“: СДСМ со остра реакција

Арбен Таравари колабирал и завршил во болница

Арбен Таравари колабирал и завршил во болница

„ТОЈ Е ХРАБАР И РЕШИТЕЛЕН“, ОСТАВИЛ ВПЕЧАТОК КАЈ ПОРАНЕШНАТА ГЕРМАНСКА КАНЦЕЛАРКА - Заев е единствениот политичар од Балканот кој се најде во мемоарите на Меркел

„ТОЈ Е ХРАБАР И РЕШИТЕЛЕН“, ОСТАВИЛ ВПЕЧАТОК КАЈ ПОРАНЕШНАТА ГЕРМАНСКА КАНЦЕЛАРКА - Заев е единствениот политичар од Балканот кој се најде во мемоарите на Меркел

Одлука на Влада: 20 милиони евра за подземен паркинг под Скендербег

Одлука на Влада: 20 милиони евра за подземен паркинг под Скендербег

ОД СЕЛО ВО ГРАД: Има работници кои пеш или со велосипед одат на работа

ОД СЕЛО ВО ГРАД: Има работници кои пеш или со велосипед одат на работа

НАЈЧЕВСКА БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ФИЛИПЧЕ: „Тоа е истиот министер кој си отвори фирма во Бугарија веднаш по министерувањето“

НАЈЧЕВСКА БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ФИЛИПЧЕ: „Тоа е истиот министер кој си отвори фирма во Бугарија веднаш по министерувањето“