ФАКТОР НА ДЕНОТ: Матичарите продолжуваат со штрајкот, нема договор за повисоки плати
Објавено во: Македонија 05 Мај, 2022 21:26
ШТРАЈКОТ НА МАТИЧАРИТЕ ПРОДОЛЖУВА
Матичарите ќе продолжат со штрајкот и во наредните денови. Засега нема договор за зголемување на платите.
Од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) денеска се сретнаа со министерот за правда, Никола Тупанчевски околу покачувањето на платите. Рекоа дека за некои од барањата нашле заеднички јазик, но не можеле да се усогласат околу покачувањето на минималната плата. Велат дека овие луѓе надлежните ги ставаат со цела администрација, со уште 10.000 вработени.
„Им предложивме да се издвои категорија и да си биде како посебна. Нивно е како ќе го направат, за да се задоволи барањето – да се усогласи платата. Не можеме сите работници да бидеме во ист кош“, велат од КСОМ.ПЕНДАРОВСКИ ГО КАЖА СТАВОТ ЗА СПОМЕНИКОТ ВО СЛУПЧАНЕ
Шефот на државата Стево Пендаровски вечерва во „Само интервју“ на Канал 5 изјави дека споменикот на УЧК во липковското село Слупчане е дивоградба.
Вели дека комисија на претходната влада на екс премиерот Зоран Заев, составена од експерти и урбанисти, утврдила дека повеќе од 90 отсто од спомениците и сето она што е изградено во Скопје како дел од проектот „Скопје 2014“, исто така се дивоградби.МУХАМЕД ЗЕЌИРИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР
Нови 30 денови притвор доби екс генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири.
Информацијата ја потврдија од Основниот кривичен суд Скопје. Зеќири заврши во притвор на 9 минатиот месец како осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања. Заедно со него, осомничени се и двајца хрватски државјани. Случајот се однесува на злоупотреби во врска со склучување договор за консултантски услуги односно за изработка на физибилити студија за „Пошта на Северна Македонија“.КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ТЕУТА АРИФИ
Поранешната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи „заработи“ кривична пријава.
Општина Тетово на чело со градоначалникот Биљал Касами поднесе кривична пријава против екс градоначалничката Арифи, како и еден функционер, судија и адвокат, поради сомнение дека ги злоупотребиле службените овластувања, со што е оштетен општинскиот буџет во износ од 68 милиони денари.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
фото Принтскрин
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




