01 Септември, 2024
0.0244

МИЦКОСКИ НЕМА ДА ГО ИСПОЛНИ БАРАЊЕТО НА АРСОВСКА: Нема да набави 250 автобуси

Објавено во: Македонија 31 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски нема да набави 250 автобуси како што побара скопската градоначалничка, Данела Арсовска во писмото. 

Мицкоски не го прифати барањето на градоначалничката Арсовска тој да набави 250 автобуси затоа што советниците во градскиот совет не го дозволуваат тоа. Од Владата ѝ порачаа прво да почне да си ги плаќа ратите за автобусите од мандатот на претходникот Петре Шилегов и да го исплати долгот кон приватните превозници.

„Арсовска свесно го уништува Град Скопје. Арсовска има уште една година од мандатот и по освоени 1.600 гласа на парламентарните избори се збогува со политиката. Таа како и нејзиниот коалициски партнер СДСМ, Левица и ДУИ сака после себе да остави целосно уништен град. Тоа нема да го дозволиме. Пред Арсовска да нуди дека парите за нови автобуси ќе ги ставела на посебна сметка, прво нека си ги плаќа ратите за автобуси набавени од Шилегов, за да не ги плаќа Владата која сега ги плаќа. Второ Арсовска треба да ги исплати парите кон приватните превозници што им ги должи, а со чие функционирање се пополнува празнината на ЈСП во сообраќајот. На скопјани им треба брзо решение за излез од состојбите, а тоа што го бара Арсовска е процес за набавка на автобуси што трае од една до една и половина година. Данела Арсовска пред Владата и пред јавноста вети дека ќе достави план за излез од катастрофалните состојби во Скопје. План нема, а излезот го гледа во тоа друг да ги купи автобусите и друг да го исчисти градот, што е нејзина обврска и надлежност“, додаваат од Владата. 

Вчера Арсовска испрати отворено писмо до премиерот за набавка на нови автобуси за Јавното сообраќајно претпријатие.

Арсовска кажа дека е подготвена Градот да ги даде парите, а Влада да ја води постапката.

Задутре почнува учебната година и ќе има проблеми со јавниот превоз во Скопје. Арсовска и Мицкоски долго време се во конфликт и досега во медиумите си разменија тешки зборови. ЗЕЛС вчера побара Арсовска да си поднесе оставка. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски нема да го исполни барањето на Арсовска, а приватните превозници најавија редуциран превоз

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски нема да го исполни барањето на Арсовска, а приватните превозници најавија редуциран превоз

ЈАНЕВСКА: Протестите најавени за утре ги организира СДСМ кој остави буџетска дупка

ЈАНЕВСКА: Протестите најавени за утре ги организира СДСМ кој остави буџетска дупка

СЕ СКАРАЛЕ ВО ДВОРОТ НА ЏАМИЈАТА: Притвор доби тетовчанецот кој со нож го повреди соселанецот во Стримница

СЕ СКАРАЛЕ ВО ДВОРОТ НА ЏАМИЈАТА: Притвор доби тетовчанецот кој со нож го повреди соселанецот во Стримница

ТАТКОТО ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА: Исчезна малолетничка

ТАТКОТО ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА: Исчезна малолетничка

УШТЕ ЕДНА РЕАКЦИЈА ОД ГРАД СКОПЈЕ: МОН да ја одобри исплатата на вработените во училиштата под надлежност на Град Скoпје

УШТЕ ЕДНА РЕАКЦИЈА ОД ГРАД СКОПЈЕ: МОН да ја одобри исплатата на вработените во училиштата под надлежност на Град Скoпје

AЛЕКСАНДАР ПАНДОВ: Неопходни се инвестиции во македонскиот затворски систем

AЛЕКСАНДАР ПАНДОВ: Неопходни се инвестиции во македонскиот затворски систем

ГРАД СКОПЈЕ: Наместо конструктивност, од Владата одлучија да се служат со селски итроштини

ГРАД СКОПЈЕ: Наместо конструктивност, од Владата одлучија да се служат со селски итроштини

НЕДЕЛКОВ СЕ ОГРАДИ: Нема да учествуваме на партиски организирани протести

НЕДЕЛКОВ СЕ ОГРАДИ: Нема да учествуваме на партиски организирани протести

ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ ЗАТВОРЕНИК: Излегол за викенд и се заканувал на адвокат

ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ ЗАТВОРЕНИК: Излегол за викенд и се заканувал на адвокат