01 Септември, 2024
0.0245

ЈАНЕВСКА: Протестите најавени за утре ги организира СДСМ кој остави буџетска дупка

Објавено во: Македонија 31 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Министерката за образование, Весна Јаневска вели дека протестите најавени за утре ги организира СДСМ кој остави буџетска дупка од пет милијарди. 

Јаневска во изјава за МИА вели дека повиците за утрешниот протест доаѓаат од партија која имала можност да го подобри статусот на наставниците.

„Протестите ги организира СДСМ која до вчера беше на власт и имаше министри, заменици-министри и државни секретари, која ја оставија државата во распад, го оставија МОН со буџетска дупка од пет милијарди и која имаше можност да го поправи статусот на наставниците, но тоа не го направи“, вели Јаневска.

Посочува дека со ребалансот на Буџетот обезбедени се 900 милиони денари за плати за наставниците, а се прават напори во ноември или декември наставниците да добијат и регрес за годишен одмор.

„Ќе разговараме и ќе бараме начини како да го подобриме статусот на наставникот“, вели Јаневска.

За утре пред Министерството за образование и наука е најавен протест организиран од страна на СДСМ под слоганот „Немате оправдувања, покачете ги платите“.

Пратеничката Даниела Николова денеска кажа дека тоа ќе биде  собир на којшто ќе биде искажан револтот од погрешните политики во образованието од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков вели дека нивните членови нема да учествуваат на партиски организирани протести. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски нема да го исполни барањето на Арсовска, а приватните превозници најавија редуциран превоз

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски нема да го исполни барањето на Арсовска, а приватните превозници најавија редуциран превоз

СЕ СКАРАЛЕ ВО ДВОРОТ НА ЏАМИЈАТА: Притвор доби тетовчанецот кој со нож го повреди соселанецот во Стримница

СЕ СКАРАЛЕ ВО ДВОРОТ НА ЏАМИЈАТА: Притвор доби тетовчанецот кој со нож го повреди соселанецот во Стримница

ТАТКОТО ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА: Исчезна малолетничка

ТАТКОТО ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА: Исчезна малолетничка

УШТЕ ЕДНА РЕАКЦИЈА ОД ГРАД СКОПЈЕ: МОН да ја одобри исплатата на вработените во училиштата под надлежност на Град Скoпје

УШТЕ ЕДНА РЕАКЦИЈА ОД ГРАД СКОПЈЕ: МОН да ја одобри исплатата на вработените во училиштата под надлежност на Град Скoпје

AЛЕКСАНДАР ПАНДОВ: Неопходни се инвестиции во македонскиот затворски систем

AЛЕКСАНДАР ПАНДОВ: Неопходни се инвестиции во македонскиот затворски систем

ГРАД СКОПЈЕ: Наместо конструктивност, од Владата одлучија да се служат со селски итроштини

ГРАД СКОПЈЕ: Наместо конструктивност, од Владата одлучија да се служат со селски итроштини

МИЦКОСКИ НЕМА ДА ГО ИСПОЛНИ БАРАЊЕТО НА АРСОВСКА: Нема да набави 250 автобуси

МИЦКОСКИ НЕМА ДА ГО ИСПОЛНИ БАРАЊЕТО НА АРСОВСКА: Нема да набави 250 автобуси

НЕДЕЛКОВ СЕ ОГРАДИ: Нема да учествуваме на партиски организирани протести

НЕДЕЛКОВ СЕ ОГРАДИ: Нема да учествуваме на партиски организирани протести

ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ ЗАТВОРЕНИК: Излегол за викенд и се заканувал на адвокат

ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ ЗАТВОРЕНИК: Излегол за викенд и се заканувал на адвокат