01 Септември, 2024
0.0265

ГРАД СКОПЈЕ: Наместо конструктивност, од Владата одлучија да се служат со селски итроштини

Објавено во: Македонија 31 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Понудивме конкретни решенија кои доколку Мицкоски ги прифатеше ќе значеа дека навистина се грижи за Скопје и скопјани, велат од Град Скопје, откако од Владата соопштија дека премиерот Христијан Мицкоски нема да излезе во пресрет на барањето на градоначалничката Данела Арсовска за набавка на автобуси. Оттаму ја повикаа Арсовска да почне да си ги врши обврските. Од Град Скопје велат дека Мицкоски само сака да создаде конфликт. 

„Добро е што наместо конструктивност, од Владата одлучија да се служат со селски итроштини. Повторно врз грбот на граѓаните на градот Скопје и вработените во градските институции“, додаваат од Град Скопје во реакцијата на одговорот на отвореното писмо за премиерот Мицкоски.

Велат дека ратата за кредитот со кој ВМРО-ДПМНЕ и поранешниот градоначалник, Петре Шилегов набавиле автобуси е платена во текот на изминатата недела. Од сметката на Град Скопје префрлени се средства на Министерството за финансии.

„Втората лага е дека нема да возат приватните превозници. Имено, од трите пакети со кои оперираат приватни превозници нема да возат само оние автобуси чии претставници се политички мотивирани од ВМРО-ДПМНЕ да креираат дополнителен хаос за скопјани, а за кои градот Скопје отпочна постапка за надомест за штета. Со ова повторно се докажува намерата на оваа власт за предизвикување на хаос врз грбот на граѓаните на градот Скопје“, стои во реакцијата.

Приватните превозници најавија дека од понеделник превозот ќе биде редуциран.

Од ЗЕЛС вчера побараа Арсовска да си поднесе неотповиклива оставка. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски нема да го исполни барањето на Арсовска, а приватните превозници најавија редуциран превоз

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски нема да го исполни барањето на Арсовска, а приватните превозници најавија редуциран превоз

ЈАНЕВСКА: Протестите најавени за утре ги организира СДСМ кој остави буџетска дупка

ЈАНЕВСКА: Протестите најавени за утре ги организира СДСМ кој остави буџетска дупка

СЕ СКАРАЛЕ ВО ДВОРОТ НА ЏАМИЈАТА: Притвор доби тетовчанецот кој со нож го повреди соселанецот во Стримница

СЕ СКАРАЛЕ ВО ДВОРОТ НА ЏАМИЈАТА: Притвор доби тетовчанецот кој со нож го повреди соселанецот во Стримница

ТАТКОТО ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА: Исчезна малолетничка

ТАТКОТО ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА: Исчезна малолетничка

УШТЕ ЕДНА РЕАКЦИЈА ОД ГРАД СКОПЈЕ: МОН да ја одобри исплатата на вработените во училиштата под надлежност на Град Скoпје

УШТЕ ЕДНА РЕАКЦИЈА ОД ГРАД СКОПЈЕ: МОН да ја одобри исплатата на вработените во училиштата под надлежност на Град Скoпје

AЛЕКСАНДАР ПАНДОВ: Неопходни се инвестиции во македонскиот затворски систем

AЛЕКСАНДАР ПАНДОВ: Неопходни се инвестиции во македонскиот затворски систем

МИЦКОСКИ НЕМА ДА ГО ИСПОЛНИ БАРАЊЕТО НА АРСОВСКА: Нема да набави 250 автобуси

МИЦКОСКИ НЕМА ДА ГО ИСПОЛНИ БАРАЊЕТО НА АРСОВСКА: Нема да набави 250 автобуси

НЕДЕЛКОВ СЕ ОГРАДИ: Нема да учествуваме на партиски организирани протести

НЕДЕЛКОВ СЕ ОГРАДИ: Нема да учествуваме на партиски организирани протести

ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ ЗАТВОРЕНИК: Излегол за викенд и се заканувал на адвокат

ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ ЗАТВОРЕНИК: Излегол за викенд и се заканувал на адвокат