01 Септември, 2024
0.0243

СЕ СКАРАЛЕ ВО ДВОРОТ НА ЏАМИЈАТА: Притвор доби тетовчанецот кој со нож го повреди соселанецот во Стримница

Објавено во: Македонија 31 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Притвор доби тетовчанецот кој со нож го повреди соселанецот во Стримница. 

Притвор од 30 дена му е определен на 36-годишниот тетовчанец кој со нож повреди соселанец.

На 30 август пред угостителски објект на патот кон Желино, осомничениот се обидел да лиши од живот едно лице, така што го прободел со нож, нанесувајќи му убодна рана во градниот кош. Повредениот веднаш е однесен во Тетовската болница, од каде како итен случај е испратен во Клиничкиот центар во Скопје.

„На настанот претходела вербална расправија во дворот на џамијата по петочната молитва. Сега осомничениот за обид за убиство и неговиот татко го забележале нивниот соселанец кој имал  расправија со градоначалникот на Желино. Бидејќи знаеле дека нивниот сосед е агресивен, се доближиле да го смират за да не настане поголем проблем. Но, тој не се смирувал и физички ги нападнал, удирајќи го таткото на сега осомничениот во главата. Присутни лица ги раздвоиле, но подоцна пред угостителскиот објект се случил кривично правниот настан во кој сега осомничениот го прободел со нож соседот кој претходно се расправал во дворот на џамијата со градоначалникот и со нив“, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Од СВР Тетово вчера информираа дека О.И. од тетовското село Стримница се пријавил во Полициското одделение Групчин откако во угостителски објект во селото со остар предмет му нанел убодна рана на Ф.Б. (33) од истото место.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски нема да го исполни барањето на Арсовска, а приватните превозници најавија редуциран превоз

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски нема да го исполни барањето на Арсовска, а приватните превозници најавија редуциран превоз

ЈАНЕВСКА: Протестите најавени за утре ги организира СДСМ кој остави буџетска дупка

ЈАНЕВСКА: Протестите најавени за утре ги организира СДСМ кој остави буџетска дупка

ТАТКОТО ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА: Исчезна малолетничка

ТАТКОТО ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА: Исчезна малолетничка

УШТЕ ЕДНА РЕАКЦИЈА ОД ГРАД СКОПЈЕ: МОН да ја одобри исплатата на вработените во училиштата под надлежност на Град Скoпје

УШТЕ ЕДНА РЕАКЦИЈА ОД ГРАД СКОПЈЕ: МОН да ја одобри исплатата на вработените во училиштата под надлежност на Град Скoпје

AЛЕКСАНДАР ПАНДОВ: Неопходни се инвестиции во македонскиот затворски систем

AЛЕКСАНДАР ПАНДОВ: Неопходни се инвестиции во македонскиот затворски систем

ГРАД СКОПЈЕ: Наместо конструктивност, од Владата одлучија да се служат со селски итроштини

ГРАД СКОПЈЕ: Наместо конструктивност, од Владата одлучија да се служат со селски итроштини

МИЦКОСКИ НЕМА ДА ГО ИСПОЛНИ БАРАЊЕТО НА АРСОВСКА: Нема да набави 250 автобуси

МИЦКОСКИ НЕМА ДА ГО ИСПОЛНИ БАРАЊЕТО НА АРСОВСКА: Нема да набави 250 автобуси

НЕДЕЛКОВ СЕ ОГРАДИ: Нема да учествуваме на партиски организирани протести

НЕДЕЛКОВ СЕ ОГРАДИ: Нема да учествуваме на партиски организирани протести

ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ ЗАТВОРЕНИК: Излегол за викенд и се заканувал на адвокат

ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ ЗАТВОРЕНИК: Излегол за викенд и се заканувал на адвокат