ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски од Брисел порача дека процесот на интегрирање во ЕУ треба да се темели на постигнувања, а не на билатерални прашања

Објавено во: Македонија 19 Септември, 2024 21:27
МИЦКОСКИ ОД БРИСЕЛ ПОРАЧА ДЕКА ИНТЕГРИРАЊЕТО ВО ЕУ ТРЕБА ДА СЕ ТЕМЕЛИ НА ПОСТИГНУВАЊА
Европа да, врз основа на реални критериуми, порачал премиерот Христијан Мицкоски во Брисел.
Тој на социјалните мрежи информираше дека имал средба со првиот човек на Европскиот Совет, Шарл Мишел на кој порачал дека е за Европа, но исклучиво врз база на реални критериуми.
„Имав средба со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел. Разговаравме за европската иднина на регионот и нашите потенцијали. Европа да, врз основа на објективни и реални критериуми“, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Мицкоски побарал Брисел да не додава зачини во процесот за евроинтеграции.
БУГАРИТЕ РЕАГИРААТ НА ИЗЈАВАТА НА НИКОЛОСКИСпоред европратеникот од ЕПП/ГЕРБ Андреј Ковачев, во Република Северна Македонија немаат желба за европска интеграција и бараат изговор зошто тоа не може да се случи. Ваква изјава даде за БНТ.
„Очигледно е дека актуелното раководство на Република Северна Македонија не сака да продолжи по патот на европската интеграција. Тие бараат изговор во својата јавност зошто тоа не може да се случи, а изговорот е, се разбира, со клеветење на Бугарија“, вели Ковачев.
Рече дека Бугарија не дала повод за вакви провокации.MAЖ ОД ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО ПОЧИНА ОД ЗАПАДНО-НИЛСКА ТРЕСКА
Вкупно четири лица годинава починаа од компликации од Западно-нилска треска, откако Институтот за јавно здравје пријави смртен случај на 78-годишен маж од општината Чешиново-Облешево, Кочани, на Клиниката за инфективни болести.
Заболувањето кај пациентот е пријавено на 12 септември, а лицето починало четири дена подоцна.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
А ШТО ВЕЛИ СТОИЛКОВИЌ ЗА ПРОТЕСТИТЕ ВО СРБИЈА? Потребна им е дестабилизација, за полесно да се справат со Р.Српска и да ги протераат нашите браќа од Косово!

Медис и важноста на научноистражувачката работа во областа на медицината: Интервју со Ирена Ефтимова

НАЈТОПЛО ВО СКОПЈЕ, НЕВЕРОЈАТНИ 30 СТЕПЕНИ НЕ ОЧЕКУВААТ ДЕНЕСКА: Но, во вторник се враќа знимата, ќе има и снег

БУГАРСКО МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ: Изградбата на пругата не е одложена

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Асмир Јахоски доби 30 дена притвор

КРИВИЧЕН ЈА ПРЕИНАЧИ ОДЛУКАТА: Асмир Јахоски оди во притвор

Кавадарчанец го подесил своето „бмв“ да создава огромна бучава, полицијата му го одзеде на три месеци
Министерство за животна средина: Граѓаните да ја поддржат изградбата на регионалната депонија во Новаци

ЗА ТАНГО СЕ ПОТРЕБНИ ДВАЈЦА: Еве што вели Мицкоски за односите со Бугарија
