04 Декември, 2024
0.0318

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски со оптимистични пораки од Будимпешта, Кос очекува Македонија да направи уставни измени

Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

МИЦКОСКИ Е ОПТИМИСТ ЗА ПРЕГОВОРИТЕ

Премиерот Христијан Мицкоски во Будимпешта изрази оптимизам за македонската европска иднина, нагласувајќи ја посветеноста за зачувување на државните интереси.

На маргините на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта, премиерот се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон. Главна тема на разговорот беше одблокирањето на патот на Македонија кон Европската Унија, со фокус на соработката и можностите за унапредување на евроинтегративниот процес на земјата. 

КОС ОЧЕКУВА УСТАВНИ ИЗМЕНИ

Очекуваме Северна Македонија да го промени Уставот како што вети, ништо повеќе и ништо помалку, изјави кандидатката за нов еврокомесар за проширување, Марта Кос.

Нејзиниот став е дека земјава мора да го промени Уставот за да продолжи на нејзиниот пат кон Европската Унија(ЕУ). 

Кос денеска одговараше на прашања на европратениците, а членовите на Европскиот парламент од Бугарија ја прашаа како гледа на можноста за одложување на уставните измени.

ДЕВОЈЧЕ ПОЧИНА НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА

Петгодишно девојче почина од воспаление на мозокот на Клиниката за детски болести, а засега нема информации дали и каде било лекувано петгодишното девојче пред да биде донесено на скопската клиника,  пренесува телевизија Сител.

Оттаму информираат дека девојчето од Скопје кај нив било хоспитализирано пред две недели поради силна главоболка. 

ГРАЃАНИТЕ ГИ ЗЕМААТ ВАУЧЕРИТЕ ЗА ИНВЕРТЕР КЛИМА

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека успешно е реализиран процесот на доделување на ваучери за купување инвертер клими, со цел зголемување на енергетската ефикасност на домаќинствата низ целата држава. 

До 15 часот, беа доделени над 80 отсто од предвидените 6.182 ваучери. Благодарение на внимателното планирање и целосната ангажираност на тимот на Министерството, процесот се одвива непречено и ефикасно, со што на граѓаните им се овозможи брзо и лесно подигнување на ваучерите.

НЕЗАВИСНИОТ СИНДИКАТ НА ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ЗА ПЕТРОВСКА

Независниот синдикат на професионални војници (НСПВ) поднесе кривична пријава против ексминистерката за одбрана Славјанка Петровска поради сомнение дека ја злоупотребила својата службена положба со тоа што го спречила синдикалното движење и неговото работење за подобрување на правата на припадниците на Армијата

Во која НАТО Армија, вели Насковски, синдикатот е блокиран, не се почитуваат одлуките на синдикалниот претседател и средствата се префрлаат на друга сметка и на друго лице. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Алказар Енерџи МКД, првта инвестиција што ја најави премиерот Христијан Мицкоски по доаѓањето на власт, започнува со работа во Македонија, но уште не со производство на електрична енергија, туку со административните подготовки.

Сегашната заменичка генерална директорка на тетовскиот комбинат Тетекс“, Павлинка Трповска, ќе биде членка на Одборот на директори на таа компанија. 

Се ближат слави, а граѓаните по тој повод нарачуваат и печени прасиња. Цената варира зависно од големината, но за да го имате овој деликатес на трпезата, потребно е да одвоите најмалку 5.000 денари.

Раст на добивката за 26 пати и зголемување на приходите за 76 проценти се подвиг вреден за внимание.

Рекорд над сите рекорди. Со акциите на Комерцијална банка се свртел промет на Берзата од над 4 милиони евра само во текот на еден месец, или станува збор за точно 4,14 милиони евра направен промет во октомври оваа година. 

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции за предлогот на Фискалниот совет за зголемувањето на старосната граница за пензионирање на 67 години

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции за предлогот на Фискалниот совет за зголемувањето на старосната граница за пензионирање на 67 години

МИЦКОСКИ ОД БРИСЕЛ: Ултиматуми не прифаќаме

МИЦКОСКИ ОД БРИСЕЛ: Ултиматуми не прифаќаме

ДОБИ ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Скопјанец се обидел да запали албанско знаме

ДОБИ ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Скопјанец се обидел да запали албанско знаме

„КОНТРАПРОДУКТИВНО И ЗА РАБОТНИЦИТЕ И ЗА ФИРМИТЕ“: Јовановиќ за границата за пензионирање - „ќе се намали продуктивноста“

„КОНТРАПРОДУКТИВНО И ЗА РАБОТНИЦИТЕ И ЗА ФИРМИТЕ“: Јовановиќ за границата за пензионирање - „ќе се намали продуктивноста“

ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ ПОДНЕСЕ ЧЕТИРИ ИНТЕРПЕЛАЦИИ: Незадоволни се од работата на Тошковски, Стоилковиќ, Меџити и Исени

ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ ПОДНЕСЕ ЧЕТИРИ ИНТЕРПЕЛАЦИИ: Незадоволни се од работата на Тошковски, Стоилковиќ, Меџити и Исени

ТРАГЕДИЈА ВО ГЕВГЕЛИЈА - младо момче од Куманово почина по пад од зграда при изведување градежни работи

ТРАГЕДИЈА ВО ГЕВГЕЛИЈА - младо момче од Куманово почина по пад од зграда при изведување градежни работи

БОЈКОТ ВО „11 ОКТОМВРИ“: Родителите не ги пуштија децата на настава поради префрлање на насилно дете од друго школо

БОЈКОТ ВО „11 ОКТОМВРИ“: Родителите не ги пуштија децата на настава поради префрлање на насилно дете од друго школо

ИНСТРУКЦИИ ЗА ПОЕФИКАСНО ГОНЕЊЕ КОРПУЦИЈА - еве какви насоки дал државниот обвинител по критиките

ИНСТРУКЦИИ ЗА ПОЕФИКАСНО ГОНЕЊЕ КОРПУЦИЈА - еве какви насоки дал државниот обвинител по критиките

ОЈО: Предложен притвор за лице кое се обидело да запали албанско знаме

ОЈО: Предложен притвор за лице кое се обидело да запали албанско знаме