26 Декември, 2024
0.0308

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Миленкоски бара да му се суди во Македонија, суспендирaн е Прв скопски извиднички одред

Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

ЕЛЕКТРОНСКИОТ ПОПИС ПОКАЖА ВО КОИ СЕ ЗЕМЈИ ИМА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ

Електронскиот попис, покажа дека во секоја земја во Африка живее барем еден Македонец. 

Над 200 македонски државјани живеат во Африка.  По држави, во Мали  има 43, во Египет – 23, во Гана – 16, во Судан – 15, во Танзанија – 6, во Нигер – 2. Двајца Македонци живеат во Либиска Арапска Џамахирија, тројца во Јужен Судан, шестмина во Танзанија, двајца во Нигер, 16 во Палестина. 

Во над 170 држави во светот живеат Македонци. Пописот даде податоци каде се мигрирале македонските граѓани. Но, се претпоставува дека има и иселеници кои не се самопопишале, односно бројот на иселени е поголем. По 20 години, Македонија направи попис на населението, а најдоцна за 6 месеци ќе имаме податоци. 

СУСПЕНДИРАН Е ПРВ СКОПСКИ ИЗВИДНИЧКИ ОДРЕД

По скандалот со извидничкиот секс камп, за кој имаше сериозни реакции од родителите на учесниците, Сојузот на извидници го суспендираше Прв скопски извиднички одред. Конечна одлука за евентуалните дисциплински мерки ќе донесе нивното Собрание, зависно од резултатите на истрагата. 

Обвинителството отвори истрага за овој случај, но и Народниот правобранител.

ДИПЛОМАТОТ МИЛЕНКОСКИ САКА ДА МУ СЕ СУДИ ВО МАКЕДОНИЈА

Дипломатот Миле Миленкоски сака да му се суди во Македонија. 

Тој е вмешан во македонско-ерменската афера и  беше уапсен во Србија кон крајот на август. Дипломатот испратил писмо преку своето семејство до редакцијата на „Слободен печат“ во кое бара да биде екстрадиран во Македонија. 

„Од страна на Судот ми беа доставени доказите од Ерменија. Во нив нема ништо што би укажувало на моја вина, ниту пак може да има. Копија од доказите е доставена до надлежните институции во РСМ. Верувам дека РСМ е правна држава и, оттаму, верувам дека надлежните ќе покренат брза постапка, со оглед на фактот дека во доказите за случајот се опфатени 7 лица, од кои 6 се државјани на РСМ. Притоа, РСМ би побарала од Република Србија да бидам префрлен во РСМ. На овој начин правдата би била задоволена и случајот комплетно разрешен, што е моја најголема желба во моментов“, пишува Миленкоски.

ПОВТОРНО НАД 400 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Денес се регистрирани 468 нови лабораториски позитивни случаи на SARSCoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 192.288

Оздравени се 284 пациенти –пријавени се 11 починати лица.

Министерството за здравство информира,согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 4.295 тестирања, а регистриранисе 468 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје –227, Куманово – 41,Штип – 26,Велес и Охрид – по 23, Кавадарци – 16,Струмица – 13,Прилеп, Кочани и Крива Паланка – по 11, Битола – 8, Гевгелија, Свети Николе, и Радовиш – по 7,Тетово, Виница и Пробиштип – по 5, Струга – 4, Неготино, Ресен, и Валандово – по 3, Кичево, Кратово и Богданци – по 2, Гостивар, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1 .

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Финансиската полиција го уапси Артан Ајрули за набавка на телевизори во Државна лотарија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Финансиската полиција го уапси Артан Ајрули за набавка на телевизори во Државна лотарија

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор